Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    нормално :D ... јас па само имав мака а не повраќав и бетер ми беше, поарно некоаш да повратев, само не јади тешка храна , повеќе свежа и лесна, јогуртче за освежување и таман ке си :D
     
    На LaDyDoLl и Agrona им се допаѓа ова.
  2. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.516
    Допаѓања:
    35.362
    Пол:
    Женски
    Првите неколку денови кога имав гадење се молев на Бога да почнам да повраќам, сега пак не чини :D Најомилено јадење ми е јогурт и геврек варен. :D
    А мм се смее на моја сметка, вика да не си трудна вака што ти се случува?:D :D
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    [/quote]
    Воопшто не им е рано за магнезиум.
    Не знам зошто твојот доктор чекал толку касно ама со магнезиум се почнува веднаш откако ќе дознаеш дека си бремена.
    А за тоа до кога се пие секој доктор различно. Матичната ми рече не мора да ги пијам веќе, друга докторка ми рече дека не е штетно позебно затоа што јас имам грчеви во стомакот у ненормално јаки грчеви во нозите.
    За крвната слика,
    ако железтот ти е на граница прбај семе од коприва со мед и лимон, повеќе свежо цвекло,(салата од зелка, морков и цвекло рендано ти е супер комбинцаија, сокови од цвекло и сок од портокал).Јас имав проблеми со железтото речиси во текот на цела бременост затоа што и онака имам анемија. Во трето тромесечие хемоглобинот ми падна многу ама медот со семе од коприва ми помогна многу.
     
  4. devojce321

    devojce321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    37
    Здр ,ова ми е прва бременост и немам искуство и сакам да прашам поискусни.Мрдањето на бебчето го имам почуствувано,веке сум 21 недела, но овие два дена послабо и тоа ме загришува.Дали е мозно некој ден бебчето да е поактивно,некаогас не или се работи за некаков проблем.Ако некоја има вакво искуство Ве молам да ми написе,поздравце
     
  5. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Нормално е, почекај уште малце па нема да можеш да спиеш од што ќе мрда толку многу :lol:

    Јас имам прашање за трудничките што се пред пораѓање
    Ви имаат кажано кој степан на зрелост ви е плацентата?
    Мене мината недела ми беше втор степан а сега ми е 3. Знае некоја што занчи тоа?
     
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    ^Нормално е после 37 недела плацентата да е во трет степен на зреење.
    Има три степени на зреење односно калцификација на плацентата, проблем настанува ако почне плацентата прерано да се калцифицира, тоа обично се случува кај трудници со дијабетис и висок притисок, со прерана калцификација се намалува дотокот на кислород и хранливи материи на бебето.
    Пред 37 недела трет степен на калцификација се надгледува од лекар и ако процени дека е потребно ќеја породи трудницата, после 37 недела е сосема нормално да е во трет степен на калцификација плацентата и е индикација за породување во наредните недела-две.

    Само да напоменам дека иако сакам да ви помогнам некогаш напишаното ми е малку така како неписмено :lol: ама користењето на македонскиот во секојдневена комуникација и користењето кога станува збор за стручни термини кои сите ми се научени и користени исклучиво на англиски не е исто и така да преводот ми е некогаш тежок ама пробувам да се снаоѓам. :geek:
     
  7. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Фала на одговорот. На интерент читам, жени збунети, не знаат што да мислат, некои викаат дека треба да одат на докторот да им стават провокација, дека треба да се породат брзо....
    Имаше доста испаничени па си викам да не е нешто лошо или ние е она ние трудниците што знаеме да си го направиме-стрес без потреба :lol:
    И те разбирам за ова со англискиот :lol: Понекогаш не одговарам ништо затоа што не знам како да се изразам на Македонски
     
  8. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Captivating eте секој доктор различно си работи. Јас фала му на Господ немам сеуште никакви проблеми, имам лесна бременост и се надевам дека така и ќе остане :) Што се однесува до семето со коприва, како поточно да го конзумирам? И јас од мала сум анемична, пробувам да јадам зелка, цвекло и морков (салата а ла витаминската бомба) ама сепак обврски на работа, низ град, не секогаш се постигнува да дробам салати. Пред една недела купив семе од коприва од аптека и стои во фиока бидејќи не знам како се јаде :D Ми препорачаа со чаша јогурт од сабајле, ама бидејќи ти драга моја си паталец најдобро ќе знаеш да ми кажиш. Колку мед и лимон и колку лажици семе? Дај рецепт молим лепо ;)
     
  9. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Јас во една мала тегла наредив семе од коприва, лимон исечен на тенки кругови и го прелив со мед.
    Вистина можеш и со јогурт насабајле ама мене вака ми е највкусно.Ако ми се јаде благо си скрнувам од тоа многу ми помогна. Јас вртоглавици седејки имав од толку што ми беше низок хемоголобинот и железото. Сега можам дури и да шетам по саат време (ко кој знае колку да е тоа :lol: :lol: )
     
  10. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    61
    и мене матичнатаме праша исто колку сум била тешка затоа што бебево е баги напредно во килажата, па има шанси да се роди со мојата килажа 3.900 :D
     
  11. bebe.Marta2

    bebe.Marta2 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    35
    Мамички до среда ми е термин а син ми нема абер. Ми спомнаа дека спермата го омекнува грлото на матката па ај совет?? Има некој искуство со ова. Малце ми е шубе да го запнам маж ми :)) ај хелп, не можам веке се ме боли :((
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Охооо денеска баш сте биле расположени за пишување.Ми требаше време додека прочитам се по ред :lol:

    Јас денеска ама буквално ќе експлодирам од нервоза :@ Газдите ајде ќе ме држат што ќе ме држат до нова година,еден месец ќе си платам сама придонеси ама па после породилното не сакаат да ме вратат на работа.Правев моабет со шефот,малку сериозен моабет но сепак како на шала...кога ми рече дека нема да ме врати на работа му реков па ок ама ќе треба да ми платиш оштета,тој нормално одби и му реков дека ќе го пријавам...Божееееее кога се разлути само ми рече „ќе ме пријавиш?Тогаш ајде од сега земај си ташњата и дома“.Луѓе ќе пукнам од мака...Не знам што да правам,а нормално дека после породилното ќе ми треба работа,со мало бебенце и синче од 4ипол годинки трошоците се оооогромни...Доколку ги пријавам страв ми е да не ми наштетат на некој начин (во суштина тие немаат страв ама баш од ништо,ни од закон ни од полиција,од ништо).
    Буквално ми доаѓа да експлодирам :@ :@ :@
     
  13. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    милаа ич не му се мисли ке ти платат како на поп... оди дирек во трудова инспекција.. мора да ти плати придонеси... јас сум во војна со мојот газда,,, не смее да те отпушти знаеш колку е голема казната лелееее ќе го стопат.. јас го пријавив мојот оти ми пушти плата 10 денари и не ми плати придонеси за два месеци...да видеше само како ме молеше ...ич. ич да не се плашиш.. закони има во државата само не треба да се плашиш.. и работа има за тој шо сака да работи...
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    AngelOfArh таков тест моментално само Sure check ми паѓа на памет, тој е околи 120ден.
    Ако не, трпение....па чекај барем еден ден да ти касни.

    captivating прв пат го слушам муабетов...ама моево изгледа мене ќе ме надмине. Уште сега е 2,8. А јас сум родена 3,150


    :clap: elena.mak ме наежи.....ајде само со лесно, се надевам дека веќе се е завршено како што треба.

    slimy најубаво е да се консултираш со лекар, зошто сепак си 12та недела. А тоа и не е така рана бременост.

    devojce321 најнормално е. Не паничи :)

    bebe.Marta2 уживај, термин си е термин...ама е нормално и да се надмине термин. Почекај барем 1 недела од надминување на терминот.
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Mayyya, Agrona, Jeny и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    804
    Ма какво шубе фрли се на работа :D, јас си правев што си правев и по три саати ми пукна водењак :lol:
     
    На bebe.Marta2 и captivating им се допаѓа ова.
  17. bebe.Marta2

    bebe.Marta2 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    35
    И да знаеш дека ке се фрлам на раб.. :) него овој петок 13 е најсрекен за елена мак. Има прекрасна керка да знаете, повеке информ. Кога ке си дојде дома од чаир. Ве позз
     
    На Mravce, butterfly.mk, midnight.flower и 6 други им се допаѓа ова.
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    40.716
    Пол:
    Женски
    Чај од лист од малина се препорачува да се пие ... знам нешто со цимет исто ама не запамтив баш као што ...
    :) и да спермата исто помага за омекнување на грлото на матката :D :D така даааа .... :?: :?:

    Јас пошто бев неколку дена после термин ми дадоа од болница еден коктел со рицинус , сок од портокал и др ...ама не ми помогна ништо ..
     
  19. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Не се секирај ич, не смее да те отпуштат од работа додека ти трае породилно
    Откако ќе ти заврши породилното ќе мора минимум уште еден месец да те осигура оти не да го казнат, ќе го изгорат,
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.598
    Допаѓања:
    104.317
    Пол:
    Женски
    6 месеци треба да те држат ТСС, најмалку, не се сеќирај ти, а за нив остави ги сами да се снаоѓаат, ти препорачувам да најдеш некој да те застапува, за тие 6 месеци ќе си најдеш работа, ќе се стабилизираш и готово. Не влагај во конфлукт со нив, сепак ако одлучат да те задржат ќе имаш лош старт.