Еве ме и мене конечно сега завршив за денес. Последно се истуширав и чистев бања. По дома се е кома, a јас мака мачам со киселини. Утре од 6 пак со работа. И мене дождот ми смета и едвај чекам сонце. Плус на 16 одиме на одмор во Грција па конечно малку ќе здивнам. Читам за скратен цервикс. Кои симптоми се јавуваат при кратење? Јас се плашам бидејќи сум цел ден на нозе и по скали. Последната контрола имав над 30 цервикс. Некако повеќе притисок осеќам долу. Ви благодарам. Поздрав мешиња и добра ноќ
Мешиња, вчера и завчера имав покачен притисок, нормален во бременост ми е 110 со 70, вчера и завчера ми беше 130 со 80/85. Сега мерев, дека малку ко да ми се сврте, 110 со 60. Читав на нет дека ако високиот е над 120 е више покачен (во бременост ова) и ако нискиот е понизок од 80 е веќе низок. Наредно сум во петок на преглед, а иначе сум 40 недели. Треба ова да ме загрижува, ваква варијација на притисок, или не е драстично? Вообичаено сум многу рационална и не сум хипохондрик, ама сега на крај немам ум. Што викате вие? Некоја вакво искуство? Нормално е? Не е страшно?
Lele be jas iam slusnato ananas ne se jadelo vo bremenosta, bil steten.. eve 8 meseci samo go gledam. Kako porano ne pisavte hahaha
Тоа го имам слушнато многу одамна и баш истражив малце бидејќи многу сакам ананас. Дојдов до заклучок дека не е штетен, зошто штетните состојки се во центарот и се во многу мали количини што нормално човек не може да изеде толку. А дека предизвикува пораѓање, и тоа не е докажано. Еве една статија кој сака може да прочита: https://www.healthline.com/health/pregnancy/pineapple Туку кажувајте чаре како побрзо да се породам, да не дојде до провокации. Мн имам страв од тој процес, некако болно и страшно ми го имаат претставено, а и често со царски завршува. И стресно за бебе.
Женски ај споделете искуство. Ме болат усните на вагината привремено кога седам, посебно кога ќе легнам. Одозгора надворешно ме болат, ко да сум ги повредила или некој мускул се стега незнам баш да опишам. Барам на интернет нема многу информации... Си правам филмови дека е нешто големо. Имала ли некоја искуство со ова? 37 недела сум. п.с. не ме болат константно ама деновиве се зачестија навечер.
Да. И мене ме боли кичма од 12 недела наваму, некои денови повеќе, некои денови помалку. Пешачење помага за намалување на болката.
Искрено незнам бидејќи не сум следела овулација. Ми доаѓа на 30-31 ден, па мислам дека ми е покасна овулација. Ке следиме контроли и се надевам овој пат ке биде се во ред.
Кај мене така беше. 40+1 без болки отидов на контрола 3прсти отворена, ме задржаа, ми пуканаа водењак болки немав, провокации ми ставија со инфузија (боли многу со провокации) потоа прегледи со рака, 8 прсти отворена, бебе високо, исклучија провокации, дојдоа моите природни болки кои далеку повеќе се трпеа од вештачките, завршив царски, бебе не слезе во родилен канал, ама беше и големо бебе 4300г. Вака звучи страшно, но се заборава одма, верувај "слатките маки" се потоа пораѓајот поминува во 1 ден, се се завршуваа, тек после е забавата И јас се плашев ама кога си таму и кога ќе дојде моментот ти си многу храбра и силна...уживајте и спиете уште малку оти еве 6 месеци немам спиено но бебешката насмевка и љубов дава сила и е најубавото нешто што ми се случило до сега. Со лесно мајка
Е баш така си го замислувам дека ќе биде процесот со провокации. Ама ете битно на крај се добро завршило кај тебе, па се надевам и кај мене ќе биде се во ред. Фала ти многу!
Јас во Авицена на приватно. 1300 ден пакет за сегашни антитела и трајни антитела. Пожелно е и двете да си ги испиташ, и така ќе знаеш дали имаш/немаш имунитет и дали имаш/немаш моментална зараза. IGG и IGM се викаат.
Хелоу труднички Стомак ми е испакнат на десна страна, претпоставувам пак бебе отишло таму. Арно ама пупак не ми е на средина, туку полево. Нормално е? Деновиве не е толку активно како претходно. Си мрда нормално, го осеќам ама не толку многу. Друго, цела бременост ја излежав на лева страна оти само така ми беше најкомфорно. Еве два дена, на грб и на лева страна кога ќе легнам бебе мава во дијафрагма ич не можам да издржам, па 2 дена спијам на десна. Овие 2 дена конечно КОНЕЧНО немав киселина. Што не значи дека така ќе остане. Вчера ноќ имав чудна дешавка, на два пати само што се завртив на десно, чуден звук како меури пукање не знам да објаснам што точно почувствував. Високо кај желудник, ама сигурна сум дека не беше од желудникот ниту од цревата. Еве го бебе си мрда и сега најнормално.. веќе не знам за што да се грижам за што да не се грижам... На контрола сум на 4ти. Претходно одев на 4-5 недели, оваа контрола ми е на точно 3 недели закажана. 28+6 денеска..
Кај мене бебе преферира десна страна и псобено кога лежам, така си се мести само, кога галам меше му осеќам цела лева страна, и колкче и ноже. Преслатко ми е, зошто синко си има омилена позиција . И на цтг кога идам, на десна страна го бараме и срценцето. И затпа немав проблем со киселини и апетит цела бременост, зошто желудник си има место, бебе не ме притиска на таа страна. Се надевам и кај тебе нема да се вратат киселините до крај. За тоа не се плаши, а за другото со меурчињата не знам да ти кажам, ама не ми делува нешто за загрижување.
Добро утро мешиња мои како сте ми денес? Денес бев на прво цтг во болница кај ќе се пораѓам и докторот иди се ме прашува што како викам второротка сум прво со царски е вика тогаш да закажеме термин добро викам јас утре може и тој ми вика нема шанси како утре после 38 ќе те породам освен ако пред тоа не ти пукне водењак или имаш болки.остави бебе да порасне.пораснато е викам за на училиште е можеби хаххахха.не бе овие и со царски до 40 та ќе ме мачат.а јас силнава утре да сум се породела а коскиве чочек играат од страв
Здраво и од мене, Бев денес на преглед за прв скрининг. Се е добро, фала му на Господ. Бебе мрдаше, сите позиции ги фати. Се смееме со докторката многу паметно е, се сврте од сите страни за да измери се како што треба. Ми вика активно е уште од сега Ми олесна многу. Утре ќе одам за брисеви. Приска не правам, ама планирам Нифти тест да правам. До наредната недела би требало да го направам. Се надевам и на тестот ќе биде се добро за да избегнам амниосинтеза. Сега седам на тераса со малата, пијам кафе. Ми олесна денес многу. Се надевам ќе биде и понатака се добро и ќе можам да се опуштам, оти овие 2 месеци ми беа невиден стрес. Имајте убав ден и повелете на кафе и благо јас честам
Па добро ти кажале, има бебче уште за раснење и развивање. . Нека си седи кај мама уште малце, па и ако ти е ова последно бебе, уживај зошто после нежа веќе трудно меше .