Ајде само храбро лепотица моја се ќе помине најубаво и за брзо ќе си се гушкаш со бебушот.ќе морам јас да го отворам јуни редно е
Ах, ова моево ќе трае. Ме вратија дома да чекам посилни и редовни контракции. Инаку тоа е тоа, процесот е почнат, кај и да е ќе биде . Сега ќе земам да јадам, зошто којзнае кога би јадела после. Фала ви на сите за поддршката, јас ви правам пораѓај во живо!
Eej, od kaj taka te vratija? Zasto na.patoloska ne te zadrzaa? Aj.so.lesno, jadi si, kuliraj si kolku sto mozes so.tie bolki
значи дефинитивно дојде денот, ајде готово на прагот си да го земеш бебуш во раце... ти посакувам што побрзо и полесно да ти се одвиваат "работиве", со лесно
Систина. Ми кажаа дека сум отворена сантим ипол, бебе високо е уште, и контракциите ми се нередовни, што и се, ни јас не можам редот да им го фатам, некогаш на 5 минути, некогаш на 15. Како и да е, подобро дома, ќе полежам малце да одморам, барем сила да соберам за после. Станав во 4 денес, спиена сум 2,3 саати. Ќе ми треба сила.
Колку си отворена те проверија?само болки имаш водењак не ти е пукнат така?ајде не се сеќирај ќе биде за брзо
Не ми е пукнат водењакот, ама болки имам. Знам дека не е лажна тревога, зошто во бременоста не осетив бракстон хикс контракции, и ова сега е тоа, сепак се на интервали +- 5 минути, траат по 50 до 60 секунди, болат во грб и долу ниско, како менструални болки. Меше се стега, го осеќам убаво. Денес ќе биде, ако не, најкасно утре, осеќам
И мене со 1 прст отворена ме вратија дома, тогаш на ГАК ми рекоа со 4 прста отворена ќе ме примат. Ми рекоа да се движам, да се качувам по скали за да го убрзам процесот. После со самиот преглед(со рака) ме "отворија" до 3 прсти па се смилуваа и ме примија директно во предродилна сала. Со лесно и се да помине во најдобар ред
Со лесно на @Lepoticata Да се гушкате за брзо. @Presrekna на лепотица се однесуваше постот, ама тоа не значи дека не го мислам истото и за тебе. Всушност за сите овде. Ајде женЦки, по редот на нештата кај сите да биде
Ајдеее ќе се заокружи Мај со убаво, Јуни спремајте се да превземете штафета @Lepoticata со лесно и со брзо да се олесниш. Ми делуваш присебна и возбудена, само продолжи така, се ќе помине како во сон и ќе ја држиш најголемата среќа во раце. Те гушкам и ти праќам сила
Ти благодарам. Знам за Лепотица беше нема проблем. На сите со лесно да ни биде. Кон крајот одиме. Инаку јас терам 27 недела. За 5 закажав 3 скрининг. Пред одмор си велам да одам. Супер се чувствувам ама да ја видиме беба. Вие мешковци како сте?
Охооо, ние сме мали, мали уште. 13+ сме. Имаме уште мноогу фурни за јадење додека стигниме до твоето. Добро се чувствувам и јас, иако живеам во карантин. Имам страв од епидемијава и од вирусиве, па некако цела ситуација ме прави асоцијален тип. Вчера ме уби кичма, чувствував и притисок, болки слаби и растегање и тежење на стомак. Па ме удри на плачка малку, си мислев кој знае што ми е... Маж ми ми се изнасмеа и толку. И мене плачката ми помина. А бев на мисла и Скопје да го фатам да ги видам дали се добри. Мм ми вели да собереме пари да си купиме едно ехо дома па на секоја болка моја да "брцнам" да ги видам Мислев дека после 12 недела ќе се опуштам малку ама ц! Некогаш ептен сум релаксирана, ама некогаш сценарија во глава глупави... Убав тмурен ден на сите, чекаме мекици од потенцијалните родилки денес
Ај да ве поздравам и јас. Закажав трет скрининг,па одвај чекам да одам за некоја недела. 29та недела ја тераме,и почнаа да ме лупаат филмови баш рано Го давам мм последниве неколку дена што кога ќе ме фатат болки,сама дома,и да пресмета колку најбрзо може да стигне од работа во случај да не е дома побудалувам нели?
@Lepoticata со лесно ,побрзо да се отвориш и олесниш Инаку јас вчера бев на преглед, 20 та недела. Последен пат бев на 23.04, следно требаше да ми е вториот скрининг последнава недела од мај ама бидејќи немаше термин, го закажав за на 12ти јуни кај Игор Самарџиски на ГАК во 22 недела. И бидејќи ми се виде многу далеку од еден преглед до друг, случајно минатата недела се јавив и закажав за вчера, да го видиме бебуш како е. Бебето си напредува за неделите, 342 грама е, го гледаше срцето, бубрезите, дијафрагма, мерки на глава,стомаче, ковчиња ....цирна и тулето, мрда со рачиња,ноџиња јас мм и докторката среќни весели го гледаме 20мин, и и викам докторка немаме мерено цервикс до сега дали да измериме, само преќуте, станав од креветот ми вика седи,за вагинално. Става ехо гледа и почнува да се чуди девојче што работиш тииииииии и седнува зачудена, мм одма прашува што е работава, цервиксот е 23 мм а треба да е 35мм. Терапија утрогестан 2 пати на ден, насабајле да пијам , навечер вагинално, мирување и за 1 недела ЕМГ снимање (ми објасни дека ова е како ЦТГ) и ако покажело болки на него дека ќе треба серклаж да се прави. Тогаш сум и на контрола кај неа. Се надевам дека очекува од терапијата и мирувањето да се среди, да се зголеми за една недела. Тогаш и брисеви ќе направиме. Инаку на брисевите од 12та недела се беше уредно, ги правев на ГАК во институт за јавно здравје. Ми рече сега матката расте, се очекува и цервиксот да расте,ама ништо не е сигурно..... Многу се исплашив затоа што може да дојде до предвремено породување,а сум на средина од 5ти месец пред оваа бременост имав биохемиска, 9м обиди за бебе, стварно не знам што ќе направам со себе ако не дај боже нешо лошо се случи..... Самарџиски го пофали како еден од подобрите доктори, ми рече обавезно да му кажам и да му ја покажам сликата од ехо кај што се гледа мерката за цервиксот. Дали сте имале слично искуство со цервикс 23мм во 20 недела и како се справивте со тоа? Се нешто читам по интернет дека е доцна за серклаж? А и самата постапка ме интересира, сепак е еден вид на операција
Бела кога те читам, исто ко себе да се читам. А што е најтрагично мене ми е втора бременост, па би требало посмирена да сум. Ама јас секој ден сум Миле паникаМи вика и докторката - опушти се, со бебето е се во ред, ехо, мерки, скрининг, се. Вика мораш да пуштиш мозок малку, не дај боже ако треба да се случи нешто ќе се случи,ама зошто претходно дa живееш во страв. Ама ете, посилно е од мене. Вчера после скринингот се опуштив малку. Денес пак бев кај матичната, ми зема брисеви и сега гледам малку кафеаво и одма некоја нервоза. Па и бев до Институт да носам брисеви, носев маска и се задржав само 2-3мин.ама ме уби сафра од што бев таму. Дојдов, се што носев од мене право за перење, се истуширав. Мм вика да земам надвор со црево цела да те измијам Ама посилно е од мене, секогаш некој црв ме јаде(повеќе психата де). А треба стварно поопуштено малку. Шетај, смеј се, храни се здраво и мисли дека се ќе биде во ред. И кажи ако успеешда знам како
мила знам дека е за загриженост работата и со право си, но супер што си побарала вагинално да те види ,затоа и ти пишав лична порака со совети детално ...пс за се има решение ако е на време реагирано ...а ти таман на време си отишла, ќе се среди ќе видиш