Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Добар ден мешиња како сте ми денес... ние со бебко сме добри, растеме качуваме на кг... сега се вративме од преглед, 37 недела + 2 дена а веќе имаме 3260гр една мерка а другата мерка искочи 3700 гр.. сега не знам која е точна но како и да е мило ми е што напреднало...плодот ми одговара како за 38 -39 недела барем така ми кажа матичниот... бевме и на прво цтг мирно е ... бебе беше поспано прво па нормално гладна и жедна отидов но ко за чудо кога ми ги ставиа тие каиши бебе се разбуди, почна да мрда.. среќа не ме вратиа, да идам да јадам нешто... како и да е се беше добро, толку од мене сакав само да го споделам ова со Вас.. да се пофалам доста беше само жалење.. Ве :hug: сите до една а на @Lepoticata и посакувам се најдобро, со лесно мајка :inlove: :l:
     
    На koritsaki, drugarka, kikin и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.478
    Допаѓања:
    183.711
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja мила, следи упатства на доктор и се ќе биде во ред. Па и серклаж да треба, и тоа ќе правиш, се за бебе. Жени сме, ќе издржиме шо и да е. Има девојки со многу пократок цервикс кои истерале 9ти.

    Јас денеска 29 недела отварам, доктор абер нема за вагинален преглед и веројатно нема ни да имам додека влезам во 9ти.
    Овде е таква пракса, ја сама да им менувам пракса не можам.
    Па морам да ги прифатам работите така како што се. Нон стоп сум во движење и јас и еден куп други трудници како мене што поима немаме каква ни е ситуацијата со цервиксот.
    Не дај боже ако треба да се случи нешто... ќе се случи вака или онака, па макар и под милион терапии биле покриени. Целиот процес на бременост е едно големо чудо. Од оплодувањето на јајце клетката, до закачувањето и прицврстувањето на матката, па создавањето на малиот сакус и секој останат развиток до бебето на крајот на 9те месеци.
    Опушти се колку можеш.

    2 месеци имав кафен исцедок. Па тоа беше хорор. Врескав по маж, додека седев на шоља во вц, и секој пат детално ја анализиравме заедно секојдневната влошка. Дали било потемно или посветло од претходниот пат, дали било по на розе или по на беж. (facepalm) Дали било погусто, потечно, и повеќе или помалку од претходно. (facepalm) И ова 100 пати во денот. Да не зборам дека сирот, првиот пат го натерав да слика и со сликата отиде на гинеколог, и да ми закаже преглед. (facepalm) Што помина маж ми со мене, на почеток само тој си знае. И ниеднаш не се побуни душава, нешто да ми рече да не го умарам. Освен на крај кога све тоа пројде ми рече дека ништо погадно во живот не видел. :D А јас колку нервози јадев, колку стресови си направив од кои немав апсолутно никаква корист, место да се опуштам ја само плачев.
    Затоа на сите тазе во групава, им посакувам многу поопуштено да се носат со ситуацијата, да слушаат препораки од избраните доктори и да уживаат колку можат. :)
     
    На koritsaki, Lepoticata, Ive13 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. newyear2015

    newyear2015 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    Hihihi sega od strav ne moze nikoj da me krene od krevet...se ke izdrzam samo da bide se OK.
    Guskiiii
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Значи тука некаде сме со паметот :D
    Пред некој ден најголемото внуче (4 годинки) дојде со моите да ме виде. Толку ме изнагушка и изнагалка мешко, грев да те фати. Многу е приврзан со мене и тетин му, секој викенд кај нас беше, како наше дете. И сега цела ситуација му паѓа тешко, ми вели дека ќе сме се разделиле кога ќе се родат бебињата. Срце. А тета мртва-ладна мислеше кога ќе заврши гушкањето да ја смениме постелнината. Идиотка. Грижа на совест имам што некогаш така размислувам. И кога ќе го запрашувам, зошто шмрка со нос, зошто кивнал, да не го боли грло... Свесна сум дека не е во ред. И пак го правам.
    Инаку, најголем дел од времето сум смирена, навистина. Немам никаков немир или нервоза во душа. Јадам од убаво-поубаво, свежо, здраво... Како сите трудници. Ама кога бубачките ќе ми влезат во глава-маестро сум.
    Ај белки ќе ни дојде памет :D
    Се најдобро друшке, не чува Господ сите мешковци знам. Ама пусто, некогаш црвот јаде :*
     
    На koritsaki, Ive13, NNA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.902
    Допаѓања:
    142.384
    Само да не чува Господ и нас и бебчињата, оти ние ако тераме по нашиов памет тешко е:D:DСе шалам. Ќе ни дојде памет на стари години:)
    Ама па и нема трудница што нема такви стравови, така да не сме сами:D
     
    На bela.m и NNA им се допаѓа ова.
  6. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Кога се прави третиот скрининг?
    @Lepoticata со лесно да биди, ајде уште малку ќе се гушкате.
    Јас се преплашив пред малку. Запек имам подолг период и ако не се напијам прашок од аптека воопшто нема да се олеснам. Не сакам многу често да користам такви препарати ама кога се мора се мора.
    Од напонот на бришење имав црвена крв, сигурно некој внатрешен хемороид. Но кога се избришав и напред и таму малку крв, после тоа немав ништо па не знам дали е истото или да одам на лекар.:(
    Само што ќе се опушти малку човек и мора некоја паника да настани.
     
  7. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    @Magic13
    Околу 32 недела
     
    На NNA и Magic13 им се допаѓа ова.
  8. Novella

    Novella Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2018
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
    Денес испрани алиштенцата за бебуш, да се исушат па уште да ги пеглање. Полека полека да почнеме и торба да припремаме. Рано е уште, ама едвај го чекам пораѓајот. Кај што ќе ме породуваат ми викет со царски, матичниот ми викат зошо да те сечат без потреба оди си природно и да не знаеш кој крај да го фатиш
     
    На marchi-cool, NNA и Presrekna им се допаѓа ова.
  9. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    3 скрининг кога се прави? Мене Др ми закажа за 5 јуни а ќе бидам 28 недела?!?
    Читам 30-32 се прави. Ама од 15 сме на одмор па ми рече сакала да ме прегледа.
    Друго што имаме после 3 скрининг?
    И не Се секирај за бебето. Си чекаат тие. Не излегуваат така брзо. И мене за синко тоа ми беше најголема дилема. Ама од први болки до пораѓај поминаа повеќе од 15 часа иако после оние вистинските се породив брзо. Само 2 часа во болница бев пред породување.
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Мојава докторка кај што правам скрининзи ми рече дека 32 било најубаво,ама ваљда може и порано. Ете мирна да си за пред одмор.(fingers)
    После скрининг уште еден ехо преглед и последни брисеви кај матичната,како што знам јас. И после тоа почнуваме на цтг од 35,36та.Тоа е тоа :)

    Иначе ја ќе намалам со правење филмови и филмски сцени,морам:D
     
    На flower30, NNA и Presrekna им се допаѓа ова.
  11. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Девојки се плаќа ли за конзилијарно мислење во Ремедика?
    Од фонд ми бараат веќе конзилијарно, не бива веќе само со извештај од специјалист. Уште овој пат. До понеделник треба да го обезбедам.
     
    На NNA и Presrekna им се допаѓа ова.
  12. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Ако извештајот ти е од ремедика можеби нема да ти наплатат за конзилијарното инаку онака се плаќа... 2500 ден.. ти даваат извејштај со направен преглед и ќе ти кажат следниот ден после 12 да си го земеш конзилијарното... јас така терав 4 месеци на патолошко бев и секој месец идев по извештаи и конзилијарни мислења.. ми даваа на два месеци но не ми го признаваа од комисија и секој месец вадев ново...
     
    На NNA, Presrekna и bela.m им се допаѓа ова.
  13. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    7000 се плаќало, еве сега прашав. Во ценовник толку им било. Јас сум нивен пациент, таму водам бременост, па уште и 7000 за конзилијарно? Ако е така, навистина е премногу...
    Јас сакав да прашам што некој воде бременост таму дали платил за мислењево, колку време важи и сл.
     
    На NNA и Presrekna им се допаѓа ова.
  14. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Жити се наплаќаат(facepalm)
    Јас во систина водев бременост без проблем ми даваа конзилијарно и извештај ни денар не ми побарале.Ремедика претераа(facepalm)
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mimi257

    mimi257 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    238
    не наплаќаат за конзилијарно ако таму си ја водиш бременоста, мене ми пишуваат на секои два месеци и од фонд ми признаваат, за Ремедика кажувам
     
    На NNA, bela.m и Septemvri им се допаѓа ова.
  16. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Не наплаќаат, цела бременост земав извештај и конзилијарно од Ремедика, само прегледот си го плаќав.
    Иначе ми падна чепот :?: Не знам дали цел или дел. :D:D
    Сеа ќе чекам болки или водењак. Читав искуства и не мора ништо да значи, ама јас се надевам (fingers)
     
    На flower30, tina2018, srekice и 11 други им се допаѓа ова.
  17. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    1.506
    Пол:
    Женски
    Утре треба да испитувам крвна слика и мокрача. Мегувреме користам вагиналети лечам кандида. Потребно ли е вечер да прескокнам со вагиналетите или нема врска тоа со мокрачата?
     
  18. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Нема врска.
     
  19. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Значи Миле паника и јас. Иако втора бременост, цел ден бебо неактивно, па сега се прејадов благо за да почне мрзелливо да мрда. Хаос у глави.
     
    На Magic13, NNA, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Врв ми е ова Миле Паника :D
    Стварно бе, сите до една плукнати на него :D
     
    На flower30 и kikin им се допаѓа ова.