Јас можда дека бев договорена со Мимоза, бев без упат. Дали ќе ми требат навака упат врска немам. Баш матичниот дека е за со природно да раѓам, ми викат јас требит да те пуштам, валда да ми дајтупат
јас треба да се породам во август и ќе го облакам со долги. Доволно е едно боди и пантолончиња чорапчиња и капче. Не би одма да го изложувам на жештиниве и на никаквиов воздух. ама на бебе кое лежело во топло 9 месеци веднаш да го "разладиш" не е паметна работа. Мене ме советуваа за првото дека на бебето после породување треба да му е приближно топло како и во стомакот. Како што кажав погоре јас на долги би го чувала ама во еден слој секако дека ме со 2 слоја. Едно боди со долги и пантолончиња или поди на прерамки со танки шпикозни е сосем ок.
какво масло,што ќе ти е масло. Со пенливо се почнува потоа шампонче 2 во 1 масло ако има на главичката оние корупки ќе земеш да го мачкаш. Јас само влажни и шампонче земав
Тој се погоди дежурен, иначе кај Илиевски сум. Сум била и кај Шпишиќ и кај Скепаровка, многу приземјени, одлични доктори, човечки однос. А најмногу ми е дека бев последна, од 3 трудници што чекавме, не беше ни гужва. Немам врски, ниту пак барам, затоа што до сега сите биле фини. Мене ми беше мисла дека Илиевски рече дојди утре, со поминат термин си и со намалена плодова вода. Ама ќе чекам или болки или понеделник.
@marchi-cool Па кога ќе се сетам на доењето на почеток А пред да се породам се замислував како оние мајки што дојат на реклами, а бев страшна трагедија 2 месеци испукани гради, рагади, затнати канали, грутки.... Ама сега и покрај тоа што знам што ме чека едвај чекам да се породам а тек сум 10та недела. Гадењето не го можам веќе, не! Мешковци има ли помеѓу вас некоја бебето да и касни за неделите. Моето доцни по циклус сум 12та по ехо 10 дена поназад. Докторката вели нема причина за грижа, но јас само на тоа мислам сега Првата трудноча киснев по прегледи, сега само еднаш да се слушни срце бев и наредно на прв скрининг околу 17ти јуни. Да не е многу месец и пол без прегледи? Колку често вие одевте на почеток? Во однос на козметиката, бекутан докажано лути, барем на мојата и ги испече очите. А со чико се шлакна на очи и ништо. На почеток за неа користев еуцерин маслена купка и за ова така планирам . После се префрлив на чико и сум исто многу задоволна.
со првото поминавме со бекутан ефтино преубаво мирисаше ама не обрнував внимание на состав а знаев само за бекутан и за хипп. Потоа кога се едуцирав околу состав ова она сменив зедов на алверде. Покатастрофа не сум купила. А бекутанот пече на очи. Сега користиме dalin sampon исто убаво мириса го користам и за мене и искрено сум изненадена. Косава можам и 5 дена да не ја измијам а да не ми се измрси. А а бебушко сакам да пробам со веледа. Ако знае некој како се движат цените?
Мене обратно ме советуваа како јас така и бебето облечено. Така и беше со синот,планирам и сега исто.
Какво црно разладување во Август на +40 Марчи? Надвор ќе е потопло отколку внатре што било во тебе, башка секој педијатар денеска советува комотно да му е на бебе. Тенки шпикозни на долго ќе му облечам само и само ако времето се подрасипе тој период. А масло се капнува во водата во која го бањаш, потоа си го плакнеш нормално само со вода. Пенливи непенливи, шампончиња од почеток ништо не се препорачува. Ама секако кој како си сака.
Од рано сте пишеле ама ве исчитав. Некако мода, тренд или премногу информации па се има дигнато повеќе прашина околу одгледување и раѓање дете. Јас за синко имав се на се 5-6 ехо прегледи, толку крвни слики, не земав ништо од витамини освен фолна, Ц и железо. Го одгледа со Нивеа за бебе подоцна после 5-6 месеци Бекутан ( др немаше да се купи). Сега истата јас повеќе се мислам и плашам. Зедов мустела колекција, се мислам за пелени. Омекнувач и детергент Бекутан . Гледав ариел за бебе дерматолошки испитан се мислам дали да земам? Цуцли и шишиња тогаш земав чико и една колекција незнам како се викаше, се сега на Филипс авент или Томи типи да биле тродупло поскапи. Но тоа е не окривувам никој секој сакаме најдобро. Инаку како сте денес? До сега јас средував по дома ама некако ниско имам притисок и легнав да одморам. Убав ден девојки
сите деца се различни,пробај па ќе видиш ќе смениш ќе приоблечеш ќе рассоблечеш... Јас првото првата вечер го "премрзнав" втората го "прероплив" па од третата ден му фатив колосек
мое сегашно мислење е тоа. Е сега знам дека во зависност од времето од состојбата може и ќе направам како што велиш. А околу капењето ко се породив една жена така си донесе маслено средство и рекоа ништо маслено на новороденче ме се става
Не да се бања во масло, туку неколку капки да се раствори во водата. Иначе за новороденче кое уште не се поти, најубаво е само со вода... А кога иначе почнуваат да се потат? @Presrekna полесно било порано, немало толку избор како денеска и полесно било да се одлучиш. А и педијатрите по синхронизирани биле. Сега еден едно вели, друг друго, трет трето... у пм. Башка секоја година се менуваат препораки.. не можеш ни да следиш се.. Ама па, за мене користам шампон кој што е само природни масла 98% природен, гел за лице и крема исто, и како да земам за бебе нешто со хемија? Земав Веледа не дека е поскапа туку нема Алверде овде.. Се истувкав сто пати за шишињата од Авент што ги земав пластични, а за себе избегнувам пластика.. Ама овде девојкиве ме смирија, дека не се лоши и дека се попрактични за бебе оти полесни од стаклените и после некое време ќе може и само да ги држи. А за контроли и ехо што да зборам.. на запад и денеска немаат ни пола од тоа ние што имаме, ја само 3-4 пати дали испитував крв до сеа, и тоа само првиот пат железо, сега си примам терапија која ми ја зголеми докторот после некое време ама поима немам како ми е состојбата со железото. Па си велам што и да знам? Со терапија сум покриена и тоа е тоа. За цервикс веќе кажав.. ич до сеа не ми е проверен. 2 пати прашував 2 пати ме откачи као рано е за тоа, нема потреба од сега. Абе живи здрави да сме и ние и бебињата, да се родат па ќе им фаќаме ред.
@marchi-cool за Веледа знам шампон и гел за туширање 2 во 1 беа околу 700-800ден. Некогаш и на попуст ги наоѓавме околу 650ден
Нека ти е со лесно јас сум во 7ма недела па денеска се осеќам многу омалаксано и имам трески.. ужасно не можам од кревет да станам само ми се лоши. Дали ти препиша докторка нешто за настинка и температура? Прочитав негде дека парацетамол и фервекс се дозволени
И јас ја мислам @Lepoticata . @Yowannty да знаеш само колку аптеки поминав за стаклено шише авент. А и пластичните биле добри,а и јас сега пазам многу за мене и синко а камо ли за бебе. Други времиња. Сега читам за американската пракса воведена ви Мк за капење на бебињата 2-3 пати неделно која се користи неколку години, била грешка. Бебе секој ден капење требало. И ај сега најди крај. Само Бог да не сочува и нас и бебушите.
Еве ме мене, се породив, да не ме грижите. Сум родила совршено машко бебе, кое сега е до мене и се гушкаме . Деновиве ќе ви раскажам какво патешествие имав со пораѓајот во другата тема. Фала ви мамички за поддршката, па ајде една по една во мајчински сега! Пресреќна сум! На сите ваква радост ви посакувам