Мамички, на сите ваква радост ви посакувам!!! Супер сте сите, продолжете да бидете позитивни, вашите зборови допираат до многу мајки!
моето многу се поти,секогаш се потеше уште како бебе ама... Како бе не ми текнало да забележам од кога почнуваат да се потат? имаше пред некој месец акција два производа за дали 100тина денари. А јас знам поскапи се овие. Може требаше да земам да пробам да искористам попустот ама ете немав потреба тогаш затоа и не обрнав внимание. Инаку гледам и corne de frame (ако точно го напишав) го препорачуваат а често е на акција во зегин па следно за синко тоа ќе го земам може и за бебече ќе се најде
Corine de farme за ќерка ми сега го користиме, убаво е и тоа. Јас секогаш ги земам тие 2 во 1(гел за туширање и шампон). Не се лоши, убаво мирисаат. Со цена се тука некаде со Хип, ама на ќерка ми од Хип многу и се мрсеше косата и затоа не го користиме
Женски пак јас Два дена по ред се убивам од пролив ништо немам сменето, се исто и нормално јадам. Вчера беше лошо, ама и денеска продолжи. 38 недела сум и незнам што да правам. Дали два пати во животов сум имала пролив и ова баш ме чуди Имала ли некоја искуство? Барам на интернет некое значење дали има и пишува демек се ближи пораѓајот, не ми е сфатливо и не ми е поврзано едно со друго ама ајде... Туку @srekice кај си те снема.. Има ли нешто ново?
За колку време даваат резултати од микробиолошки брисеви во Авицена и дали се плаќа 2300ден ,а за колку време во Микробиологија?
Еве сум седам мирна в ќош Не се закачам,страв ме фаќа.Од психа се ме боли,стомак ме боли абе чудо невидено сум Инаку,и јас имам потечна столица деновиве.И се изначитав се и сешто,и да најчесто викаат се спрема организмот за породување @Sofi.ja да 2300 се,и исто за два дена ги даваат како и на микробиологија.
Освен кичмава ништо друго. Ма да мислам ме боли кичма од што сум голема веќе, бебе тежи... Нема абер ова, ваљда чека термин да помине. Ти осеќаш нешто? Ќе ја тагнам и @drugarka пошто сме со исти термини Вчера барав на интернет како да се породам побрзо ама ништо паметно не најдов
Оној карличен отвор се разлабавува и спрема за породување. Замисли ја сликата на карлицата, долниот дел ќе се отвори како врата да излезе бебе и да го спушти во родилен канал. Е сега кога се разлабавува карличен отвор притиска на дебелото црево и мочниот меур и ги тера да се празнат. Тие два органи можат скроз да ја изменат формата за да му дозволат на бебе да испадне. Затоа имате потечна столица. На крајот и многу честа бидејќи тој дел веќе се отворил. Затоа дијареата се смета за предвесник на породување. Наредно е чепот, тој нема да го промашиш знаеш дека е он. Ако иде по школски пред породилен процес.
Хахах исто на контрола мене ми рече докторката као охоо има вода, има време. Јас се молам да се олеснам кога она ми вика ова... Неможам више стварно. Па и времево, метеопат станав. На секоја промена боли глава. Ауф.
Кичма не ме боли,освен ако заседнам лошо но поминува.Често ми се скаменува стомакот и испакнува на една страна,бебуш се врти активна е.А си имам повремени благи менструални болки и сечење по средина на мочен меур.И грчеви во јајници имам ама кога ќе стегне боде у ПМ. @FreeMind те обожавам и одвај чекам да се смееме во бебе тема,али до тогаш ќе си цркнам од страв,иако потсвесно знам дека телото ќе се спреми и помогне во породувањето,али на психо ко што сум јас ни со ќотек неможеш да му објасниш.Ко да сум прва што ќе раѓа дете.Али ете,се увртело нешто у глава
Се плаќа во Авицена за брисеви, готови се за три дена, исто и н микробиологија, само таму се бесплатни за трудници.