Да ве прашам колку се точни овие мерки за стомак, глава, и сл ? Ми покажува 5,6 дена дека касни во обемот на стомачето, а главчето е нанапред една недела искуства ?
Еве ме @tetoviranta сликава е љубовНека ви е жива и здрава и секогаш вака полно да ви е срцето Јас носев брисеви на Микробиологија, во средата ги однесов ми рекоа резултати во понеделник. Не ми земаа пари. Денес ги зедов, уредни се. Закажав за среда за Нифти тест, дај боже и тоа да е се добро да се олабавам малку.
Ова некое штрекање доле нормално е? Не е болка само секундарно некое чувство,не знам ни како да го опишам. Неколку пати денес почуствував баш бзвз ми е Иначе 30та недела од денес
Денеска прв пат осеќам притисок долу кога се движам. Не е рано? 29+5 денеска Утре сум на контрола, ама се загрижив. Бебе го осеќам високо иначе. И дај кажете некоја поза за спиење пукнав веќе никако не можам. Ама никако не ми е комфорно...
јас исто имам штрекања, бодежи или кај јајници или баш одоздола,...мн кратко траат те боде 2 секунди, таман си се опуштил и заборавил по некое време пак, ме вадат од памет и мене
Девојки све што имате Вие имам и јас 28+.Се јавуваат,па поминуваат и ме вадат од памет.Се надевам нормално е све тоа.
Јас со второ и полесно и порано и со природни болки се породив, значи вистина било, со второ е каде каде полесно Опуштисе, кога ќе се породиш ако имате грчеви уште помалце сила ќе имаш
Леле не кажувајте со штрекање и притисок долу. Малку сугестивно од што ми кажа дека е пониско бебето, малку имам и од памет се вадам. 28 недела од денес само филмови си правам. На која висина го чувствувате бебуш? Околу папокот, погоре подолу? Мене веќе завртено со главата надолу ми е и осеќам удари веднаш под папокот. Дали е ок или ниски се? Леле барем 34-35 да стигнеме. Чекам искуство за удариве
И јас сум 27+5, блиску сме. Бебе најчесто го осекам во висина на папок, но има денови кога ми удира во бешика, ама многу ниско ми се чини. На контрола сум при крај на неделата, па ке видиме како е.
Да ве прашам. Имав грч кај препонот јак. Пред еден саат. Ама пешачев два ипол саати. Ќе почнат ли овие болки да пуштам трубачи и да одам да се пораѓам или уште ќе чекам? Не знам какви треба да бидат
Вакви грчеви во препони имав последната недела. Силни до укочување. Резервирај ги трубачите, ќе биде наскоро. Многу наскоро. Со лесно.
Девојки ве читам дека имате болки, бодежи. И повеќето сте во трето тромесечие.Јас скоро цело време ги имам, како кратки бодежи кои некогаш се посилни некогаш послаби. Паничам оти сум 23та недела. Не знам дали е нормално толку рано да се појават. И плус долу и јас го осеќам бебето. Магнезиум малку ми ги смирува болките. По колку е дозволено да се пие? Јас по 1 земам директ од алкалоид. Дозволено е повеќе?
Му викам на мм, со јутуб трубачи и блутут звучниче на најјако ќе идеме во болница да ме фатат болки Ајде чекам, ма да имам време до 16 ти. Ме израдува сеа. Еднаш беше, не беше болно ама баш ко да трне и јако до укочување.
Јас од утре 21ва ми дозволи по 2 на ден од 400мг. Во моментов така пијам бидејќи ми е скратен цервиксот,претходно воопшто не пиев.
Мајќиии јас мислам ќе умраам... Зошто бе вака ми еее... Многу ми се гади, од се, не ми сака организмот никаква вода, ни купена ни од чешма. Прееска си купив вива од малечките со цевче, на работа да се освежам, ја испив цела, немаше 3 минути повратив. Недај боже некој да дојде да мириса на нешто ми се гади ненормалноо.. до кога вака. Неќни кога бев на лекар докторката ми кажа дека матката ми омекнала малку, и имав како две лузни, ми рече да не кревам веќе тешко и да немаме односи. Ќе ми помине ли тоа, или ќе со остане така. Инаку баш се топам кога читам дека си се се гушкате домче со малечките. Јас едвај чекам да поминат овие 6 месеци..