Здр будни мешиња, од денес официјално ја "отвараме" 38 недела.. со маки стасавме дотука... некогаш слатки некогаш тешки но ете броиме ситно... стомак стврднат цело време, нема некои силни болки но затоа на синко ударите му се силни... реков боксер ќе биде, има мн тешка рака... долу ниско мава шо некогаш имам чувство ко да искача надвор... задутре сме на цтг и на преглед кај матичниот.. јас сум спремна за доаѓање на бебуш но дали тој е спремен ќе видиме...
По мене обемите што ги мерат не се точни ич и немој да се секираш за ништо. Мене цело време ме вадеа од памет голема глава,бебето си беше две недели понапредно а главата три. Па дури после 30 недела еднаш ми рече е сега дали е нешто генетски неможам да кажам ама главата е ептен голема. Јас секакви филмови си направив и мислев дела носам дете со даунов синдров и фактички мене затоа ме фати јака паника кога се пораѓав и ја кренав цела болница во вис.Мислам јас сум единствена што викала толку. Но кога го видов тоа прекрасно мало главче здраво и право абе поново се родив заедно со него
Женчиња пукна водењакот дојдов на болница болки имам со различни интервали на пола сат на петнаесет минути.на цтг ме уклучија сега
Фала мила требеше утре да закажиме термин за царски ама не стрпливо ова краличе сака побрзо да излезе
Да, да, вчера дојдов, ме прегледаа и рекоа дњка сум за надзор. Сега за сега сè е ок, следат со цтг на секое, на ехо бебе супер, намалена плодова, болки веќе почнаа по малку. Се надевам нема да чека повеќе од 2 дена. Не се спие, што од возбуда, што од болки, што од викање од родилна . Се надевам со лесно ќе пројдам и брзо ќе се отворам. Поздрав, мешковци
И да одиш со музиче и пар фотос да направиш со емоциите со кои одиш многу убави спомени се. Скроз на крајот си насмевка на лице и одбројувај
да мила навистина мн неубави чувства, ќе си направи човек триста филмови и замисли како ќе изгледа, дополнителен терет и стрес ни создава тоа затоа и викам чек да прашам искусни, зошто за тежина знам дека не се раѓаат со таа што ни ги мерат плус минус имаат, али за обем на стомак, глава незнаев како иде тоа, се надевам се ќе е супер
добро утро и од мене!27+5 едвај чекам да поминат овие два месеци....жешко уште сега...а во август?бебе немирно сите боречки вештини ги испроба....стапалото во ребро му го осеќам...убав ден мешиња...да подработиме нешто низ дома
А не викаш, ме остави да си чекам термин ... Сакаше пред ред и ете... со лесно мајка... заврши што полесно и побргу, ...мене ми преостанува да си го чекам редот...
Добро утро и од мене женски како сте? јас еве на работа едвај се довлечкав , бев прво да купувам подарок за една пријателка па правец во пошта да и го пратам.. пред еден саат дојдов и да ви кажам толку се чувствувам изморено без енергија.. се прашувам дури дали е нормално и ако од сега сум така што ќе биде наредните 4 месеци Ноќта одвај наоѓам местоположба да можам убаво да заспијам поготово ноќва бебе кога се размрда во 3:30 по полноќ , 1 саат не можев да заспијам Па пак имам некој исцедок , те без боја те жолт и се мислам е нормално и затоа не кажувам на докторот исто да ви кажам таму доле чувствувам на моменти некое чудно затегање не знам како да објаснам подобро Наредна недела сум на вториот скрининг , па дека сум заборавила како беше прават вагинално ехо или обично ќе ја тагнам @Yowannty , ајде да помине имам некој страв
@koritsaki обично ехо е. Ја на вагинално веќе не се надевам до сам пораѓај. Не се секирај, се ќе биде во ред. И јас имам исцедок некој, овие два дена жолт, ама по многу малку. Мирис, чешање, ништо такво нема. Читав дека е нормално за последните месеци, а уствари нормално е и цело време да го имаш, а и секако покриена сум со вагиналети. Вечер сум на редовна контрола, од сега тахикардии ме маваат. Бебе го осеќам мава и горе во желудник и долу ниско. Којзнае како е свртено... ќе видиме денеска. Од утре 30 недела. Кога си поминаа маму му ебем, се поише и поише страв од пораѓај ме фаќа.
@Yowannty е фала ти јас викав случајно да не е сменето нешто за овие 9 години И јас немам ништо вака болки и сл , ама не ставам никакви вагиналети Се надевам не е ништо. Леле ти 30та недела веќе цц како лета времево , јас од денес 21ва
@koritsaki не знам, колкави се шансите тебе вагинално да те погледнат? Ама мислам овде посинхронизирани се докторите отколку во МК. Иначе вагиналети ставам оти на минатата контрола се пожалив дека исцедокот ми доби мирис кој се среди за 2 дена. Иначе ако немаш мирис, чешање, пецкање нешто, нема потреба.