Odi odma, sekoj moze da te primi so krvarenje....obavezno da te bockat so progesteron depo i samo lezi , moze ne e nisto strasno no sepak da bideme sigurni
Во Чаир здравје, сега за сега сум многу задоволна од се', па ќе видиме до крај. А за потење очекувам, не се надевам на ништо помалце од прежешко и смрдливо
Мене до сега ми се случи неколку пати сукрвица, за среќа не беше ништо опасно, сега сум 28 недела. Лежи и не станувај до 15 часот, штом отвори биди прва да те видат. Обиди се да си смирена, не значи дека е нешто страшно.
Исто сакав да ти пишам и другарка во почетна бременост на бришење имаше крв ,од памет се извади,кога отиде на преглед од хемороидите и било.
Девојки на последниве контроли бебе не напредува многу. Околу 3000 3100 е три пати, во две ипол недели. Докторкава ми вика нема простор за паника, нормално било. Мене ми е страв пошо цело време си беше покрупно и сега од 36 недела стагнира. И железото и хемоглобинот ми се многу ниски, а цело време сум со тотхема. Сега земав хеферол насабајле и навечер да пијам и ќе купам сидерал, ама дај кажете чаре...? Анемична сум од претходно ама сега ме уплаши докторкава, ќе сум изгубела крв, ќе требало да ми даваат. Да напоменам испитувам во Авицена секој месец под долна граница ми е хемоглобинот и железото, а сега испитував во Чаир... Крајов спобудалев а цело време се си беше океј. И да прашам до колку оставаат над термин, чекаат природно без провокации, без ништо? 38 и 4 дена сум.
Јас немам испитано еден месец крв.Последно од матичната и толку беше.Над граница серумското беше а хемоглобинот така средно жалосно .Никиј не ми рече да испитам,а и бебушот е ми рекоа вчера меѓу 3100 и 3400. Ист термин сме јас ,ти и @drugarka
@flower30 цело второ тромесечје бришев крв од хемороиди. Ја тогаш ги добив. Некој порано. Се надевам се поминало во ред на контролата.
И мене во вторникот околу 3100 ми го измерија, нормално рече докторот. Чекаме болки и да се изненадиме од килажата на крај. А витамини сеа коа пијам кога заборавам, крв од 32 недела не сум проверила. @srekice царски ќе биде или прородно?
Ne gi zemaj zdravo za gotovo merkite. Super si e bebeto za nedelite. A za krvta, normalno e da ne e visok hemoglobinot ,kolku ti e?
Фала ви на советите, овде сум, чекам на ред. Од прееска немам никакво крварење ни сукрвица. Ама сепак ќе ме прегледа сега докторката и ќе ми каже. Јас до сега имав неколку пати сукрвица, ама за "нормално" го сметав кафеавиот исцедок. Си имав и болки во стомак. Примам од почеток Дабростон и Утрогестан. Сега кога видов светла крв се прешлашив. Го пратив по грешка од прееска пишуваното. Ме прегледа докторката, се е во ред со бебето, плодова вода има, постелка ок, цервикс добар. Рече тоа е веројатно од хемороиди па станувајќи и надоле протекло бидејќи беше светла бледа крв. Ми препиша некоја маст за хемероиди па се надевам се ќе е ок
@cinderella5 со Хеферолот земај и витамин Ц, мене така ми кажаа во аптека. Јас, пишував и претходно Хеферол +Вит. Ц + Витамин Б12 и цела бременост хемоглобинот ми беше супер. Девојки уште еднаш фала ви на брзите совети.
супер штом се е во ред...и мене до сега на два пати ми се случи да истрчам до болница поради крв на долен веш, а тоа хемороиди сум имала, еден имам мн голем надворешен и ми препорачаа во аптека да ставам" Хеморол"тебе која маст ти ја препорачаа ?
Па на извештај од трансфузиологија пишува 24 часа пред породување да биде примена последна фраксипарир инјекција.Нај логично ми е да биде царски закажан или пак со провокации.Е сега вчера во Гак ми викаат кој рече така,така да незнам.Според докторот што ме прегледа,сум имала супер градба за природно раѓање и така да ја неам појма веќе што и како ни да правам ни ништо.Со Господ напред,изгледа ќе си чекам да тропне лепотицата за надвор.
Оваа крема ми ја препишаа. Ми спомна и некои чепчиња, ама не ги пиша. Не знам дали некој внатрешен хемороид бил. Јас па и викам не е тоами кажувале многу боли. Аа вика бе мора да значи. Ни рече течна храна, овошје и суво овошје, суви сливи. Да избегнувам бело брашно и шеќери.
аха тебе Факту маст ти дале, да шекер, грицки и сува храна никако... од овошје освен сливи и киви јади тоа ми потенцираше мене докторката и секако течна храна што повеќе и вода пиј..
Вода пијам, друго ништоЌе морам малку да внимавам веќе, да паѓам во несвест пак Ќе ми биде тешко за грицките оти за тоа највеќе стрв ме фаќа ама ќе мора
@flower30 претпоставувам тврда столица имаш, чим дошло до хемороиди. За повеќе да ти помогнат кивите, јади ги навечер како последен оброк. Ова како совет од мене, оти ја видов многу мака со хемороиди, крв, солзи ми течеа од болка дур бев на шоља. Ништо не ми помагаше од овошки, ниту суви, ниту компот. Приметив дека кивите ми помагаат само ако ги изедам навечер. Сега секој организам е различен, ти секако си се познаваш најдобро. Додуша јас и малце терс бев. Бев во состојба да трпам се тоа, ама не стаив маст таму. Сега пијам по 3 магнезиуми на ден, и пак се празнам еднаш на неколку денови. Само веќе фала богу не е толку болно како што беше. Ја трошам последната недела од 7ми. Сеа при крај и времево некако побрзо ми поминува.
@bela.m фала @Yowannty фала ти, ќе пробам. Најчудното беше што немав некоја мака и не ни знаев дека се хемороиди, си одев редовно во вц. А и јас знам дека болеле многу, мака имале луѓе. Ама ете, сета среќа во несреќа што немав такви болки. Дај боже и да немам. Инаку кога ми спомна др. За чепчиња, викам ауу не, ај поарно мастИ мене би ми било језиво, па сега викам да пробам со храната подобро, отколку со масти Фала за советот, уште одма го праќам мм по киви