Има некоја будна? Имам како некакви слаби грчеви... долу ниско. Сум немала менструални болки претходно, па не знам како тоа изгледа.. сега грчевиве ме загрижуваат.. има простор за паника?
Мислиш на здрвување на стомакот,стегање држи околу минута .Снемуваш воздух,не можеш да мрднеш и писле се опушта ко ништо да не било? Ако да, тогаш немаш гајле,матката така си го спушта и мести плодот,би му дошло како пеперутка кога излегува од мешунка не се плаши ништо не е,и јас ги имам ми рекоа не е страшно.Породилните не се утнувале
Породилните не ги утнувате што сака нека е на почетокот поблаги се баш како менструални додека да се средиш и стигнеш до болница ама после е после кога ќе фатат се појаки и појаки сите светци да ги видиш прв Свети Павле па како што доаѓаа така ги крстев по светците  нека ми простит Господ ама така е
Не се грижи , ми се јавувале и мене такви грчеви во првата бременост (за 30+ зборувам). Ама поминувале одма , не сум давала значење. Како си сега? Ако гледаш дека не поминуваат подолго време јави се на лекар
Еј,мои менструални болки се ужасни .Да ми даде човек безопасна игла ќе знам како да го средам со нејзе Порано по 4-6 кетонал форте дрмав на ден зашто не се издржуваше,па после поминав на 3 налгесин форте.Рачунај ја болката Лани имав напад на бубрег од ешерихија,седев дома 2 дена со болки и 40 температура на крај завршив у државна.Ај се тешам тука негде е јачината на болките
Сега сум добра. Мене ми е страв оти јас сум имала лесни менструации, ретко некогаш некоја болка слаба, и сега не знам дали ќе препознаам што е за паничење а што е нормално..
Не ја плаши среќата оти нема ич да отиде на породување така ќе си седи уште девет месеци ќе си стиска
здраво,дали некој правел TORCH испитувње во 12 недела,прашав на микробиологија во мојот град немале реагенси а и исптувале само дел,сакав да прашам дали мојот матичен мозе да ми даде упат на клиника и како точно да глади упатот
Убаво ми е мене,си имам болки во кичма ама пуна сум со енергија.Штом се работам по дома и џоњам од 22 до 10 неам гајле.Уште 9 ги гурам,освен сите овие што вртат на секој саат да видат демек што правам Некни у болница свеки ми вика "Аааа,посета само од 17-18 многу кратко" Викам не,нема посата тоа старо им е ,сега забранија само таткото може на брзина да остави нешто и толку
Свеки на крај сфати дека си бремена Само девет месеци пропушти од бременоста али за посета прва е. Ич да не ја пушташ заведи ја таму на врата дека има морбили
@bella.gk јас правев во Ремедика, платив 1400 денари. Кога јас овде прашував за да проверам на државно некоја од членките ме упати на институт за јавно здравје, со упат од матичен. Мислам дека таму можеш да завршиш работа. Нека кажат поискусните. Како сте вие, добри ли сте? Не сум те читала
Се е спремно за мекици,да имаат време пивото да го стават да се лади Никој не пуштам,само муж за да можам да го пцујам.Али тој лисица е опасна ќе ескивира Готово,страв ми помина се помирив со фактот дека и тоа мора да помине нели Или ќе читате во породилни приказни или во најавна шпица во сите дневници
Може на клиника да те испрати, на клиника за микробиологија се испитува, многу брзо е испитувањето, само даваш крв. На мојот упат од гинеколог баш така пишуваше, ТОРЧ испитување, прашај ќе знае матичниот да те насочи. Знам дека од моите другарки не правеле сите ТОРЧ, некои матични не даваат препорака за оваа проверка. Инаку не се плаќа ништо ако си бремена. Резултати има за три дена.
Е среќо рачунај ти немаш гајле ако си ја поминала најстрашната и најтешката болка на бубрези на светов зошто таа е пострашна од породилна.пак јас да те тешам ова она а таа требало мене да ме теши пред пороѓај аман што не кажа ти рачунај најубо ќе поминеш ајде убавица моја уште малку.ние најверојатно денес си одиме домче сега уште педијатаров да ја прегледа Деспина и ќе ми кажат П.с. Кажи и на свеки посебно забрането посети за свекрви е зошто многу коментираат на кого ќе личи бебе итн и дека оваа долу од кај ке излезе бебе е п.... А не фотокопир
Ма не ја пуштам за инает да влезе.А што се однесува до тоа на кого да личи,нека личи на мм ,си има пластични операции ќе си корегира детето што не му се бендисува,туку карактерот да не се метне на нивна жица и инаетот тогаш ќе имаме сериозен проблем Ти штом после три дена си вака свежа и позитивна значи мука немаш,поминало се .Сега ќе се гушкаш со двете прчли дома
Жени незнам дали е за тука прашањево, исправете ме ако грешам, после колку време откако доцни менструацијата се препорачува да се отиде на гиниеколг (имам позитивен тест) и дали мора да се проверува HCG преку крв или нема потреба ?
Да да супер сум веќе се движам убаво само првиот ден мии беше потежок заради анемијата ама ме средија сега и за дома препораки ми дадоја и така
Зависи на колку време добиваш,ама обично првиот преглед за да се види нешто го прават после 2 недели.Можеш преку крв да видиш вредност која ти е и да отидеш на матичен ако смета дека треба да ти даде некаква терапија,фолна да пиеш и така нешто. Инаку со лесно бременоста ,еве јас ти посакувам да е лесна и уредна како мојата
.истово шише го имав,стаклено. а цуцла оваа. јас пијам кафе секое утро а ми викаат дека од кафето се активни бебињата и да не пијам често,а морам зашто имам мн низок притисок. Инаку твоето нормално е. Малку мрда малку не ама јас.... Ова салто врти.