Јас имам пиено црвено вино и тоа неколку пати.Ми го регулираше варењето Инаку,бебево денес ме разнесе од тепање.Толку е немирна,незнам кај го наоѓа целиот простор за да рита волку во стомак.Се очекувам дека ќе ја извади главата од некој дел од стомакот.Не била волку активна од кој знае кога
Ја незнам како викаат 10 пати во ден да прави движења во серии Мојава буквално ова го прави дали се бањам,јадам,пијам,спијам она тепа.Само мм кога ќе стави рака се смирува не го сака
Ааа тоа закон е. Ја на почеток му се лутев дека само он не може да осети удар,греота хааха... а он само што ќе стави рака,бебе го нема Напредни и паметни се овие уште у стомак
И јас му досаѓам на мојов кога ќе почне да мрда бебе да стави рака,вика јас освен пулс друго не осеќам,а бебе мава ли мава во која недела ќе можат и татковците да видат што значи удар на бебе?
Последна недела. Се сеќавам ги гледав стапалата на Џесика Симпсон еднаш, а јас денес почнав да одам кон тоа. Ме уби жешково, шетав со апостолки низ Скопје ко на плажа да сум. Ќе се издржи некако. Со лесно тие допрва што го имаат цело лето. Издржете храбро,а после прва браво ќе ви кажам.
Кај мене беше после 20 и некоја недела. Ваљда кај секој различно е. Ние сме прворотки па може покасно се осеќа така. А и кај мене постелка на преден ѕид е,викаат и тоа врска има
Јас стално му викав на маж овде само не сакам трудна преку лето да сум, и ете тоа најмногу што нејќеш ќе ти дојде на врат. Кај мене е 36 степени од вчера. И претходно не ги можев летата, а сега ми е скроз неиздржливо. Спиев со сите врати и прозорци отворени и нема ич провев. Цела ноќ се потев, и не сум сигурна дали бев подлегнала на пола стомак или само сонував пак нешто.. Ама гледам бебе мрда нормално утрово.. валда не му напраив ништо... И маж последен од сите осети удар. И само што ќе ме допре бебе се смирува. Па му велам дај боже така и кога ќе се роди, тој ќе ја успива и смирува кога ќе вреска, ја ќе одмарам.
@Мариаа. @Yowannty @Septemvri и еве ги августките бебуши Ivuska31 - 08.08.2019 Мариаа. - 12.08.2019 ocicka2014 - 12.08.2019 Yowannty - 14.08.2019 barby - 15.08.2019 marchi-cool - 18.08.2019 Flower123123 - 25.08.2019 SexyGirl2 - 29.08.2019 Presrekna - 29.08.2019 Mecence <3 - 30.08.2019 maja1511 - 30.08.2019 ќе се потиме и жежиме. Но ќе издржиме. Јас се надевам како за синко на ран пороѓај на почеток на 9 ако не зафркни госпоѓицава да трчам цел август со мешко. Макар што јас искрено сакам топло. Мон стоп сум ладна во нозе и раце. Спијам со чорапи, што вика мм како со баба да спијам хахаха. Но со притисок 80/40 што очекувам. И сега сите раслечени јас по дома џемпер носам. А за удари од бебуш исто реагира на мм. Само 2-3 пати ја има сетено, а таа мрда убива. Чудно е што многу реагира на мене и синко. Кога тој ќе дојди му зборува на мешко и го гали и таа почнува со чочеци и акробации. И забележав дека кога мама е гладна и нерасположена( уморна нервозна) бебе е многу мирно Леле се изнапишав од сабајле. Поздрав и убав ден мешковци.
Па најверојатно од кога ке се родат, јас сум второродка и кај мене освен јас секој што ке стави рака бебе се запишува ) @Presrekna и мене ми се иде да си ја соблечам кожава, и се чудам како ке туркаме до август, ама најверојатно како вчерашниот ден со спуштени ролетни, клима и мнооогу вода....може таму на кај 8 приквечер да ѕирнеме надвор шо се дешава
Јас сум од тие што цело лето треба да го издржам во најголеми месеци. Уште сега сум потечена, а 24та недела сум тек како ќе бидам во 8ми -9ти.
Добро утро мешиња , како сте ? Јас пијам кафе и ве читам Истото и кај нас се случува , бебе клоца ли клоца а мм само што ќе стави рака нигде ја нема му викам уште од сега инат ти тера Јас секој ден двапати се туширам овие денови , бев до трафика да си купам сладолед (а 10мин е од дома) се чувствував толку изморено како да пешачев 3 саата, па лом испотена кога се видов дома гаќи шорцеви се жива вода беше ај вие во август ќе се олесните а ние до октомври што ќе праиме Да ви кажам нема идеално време за бременост , или зима ќе ве фати или лето. Првата бременост ги поминав ноември , декември , јануари со откопчана јакна на снег и ветар , ништо не можев да закопчам од стомакот а сега ќе се потам три пати на ден , тоа е
Hmm znam deka ne e dozvoleno no i jas sum stavila malku koga imav strasni bolki i srekja nisto ne se sluci....
е сега ќе бидам малку оф топик ако нешто не е за тука нека префрла андминистраторот. Синко летно време ама баш секое лето по 3 месеци наутро станува искасан од нешто. А се спремаме за вакцина. 3 месеци се влечеме со брисови со болести крвна слика и сл за да 100 % го оздравам за да прими вакцина инаку нема на школо. Таман оздраве еве сега со комарциве инсективе... Но добро ми дојдоа овие коментари и мислам дека ќе пробам со апаратчево. А досега не сум прскала никакво средство против убоди а знам мама мене и на сестра ми едно лето не мачкаше со аутан мада мене ретко и ме касаат. Сепак и тоа се хемикалии. Ама за со бебе дома не знам што би направила како превенција.