Мамички уште нешто заборавив да ве прашам, денес кога бев на ехо др одвај го измери нухалниот набор, зошто ова бебчево мое изгледа по табиет на мајка само припретуваше како да се штрекнува, др ми рече и јас да се смирам од мене и тоа не можело да седи мирно. Дали навистина тоа што јас не бев мирна влијае на бебчето, дали можам така да му наштетам? Денес само таму ми е паметов го преслушувам секој збор на др да не згрешам нешто
девојки, а кога се испитуваат тие ДИМЕРИ и АФА? јас немав појма што е тоа. па од кога прочитав овде, сурфав малку,па така се информирав..мене матичната ништо не ми кажала за ова.а кај Органџиски ќе одам во 20-та недела.сегас пред една недела правев само обична крвна анализа... а прочитав еден многу страшен случај (Бог да чува) со спонтан во 5 месец поради покачени АФА.(за ова не успеав убаво да се информирам што е.ама сигурно пак некој проблем со крвта.)
Нормално дека бебето чувстува. Пред се треба да си смирена за да му обезбедиш сигурна и здрава средина. Многу трудници се под стрес во текот на бременоста, јас би ти препорачала во такви моменти длабоко да дишеш. Сега по модерно ова веќе до 22н треба да е испитано, а ако има реална потреба докторот гледа и ќе ти каже.
Ефтимија јас ги правев овие испитувања некаде во 14 недела, ама јас имав две крварења претходно, и требаше со овие испитувања да се види од што крварам. Ништо не се виде, резултатите ми беа супер, ми рекоа веќе дека нема да крварам и контрола за 8 недели. Мислам дека се испитува дали има некое згрутчување на крвта па од тоа да се крвари.Доколку немаш проблем некој таков, нема ни да те испратат на испитување. Не се секирај.
Мене уште не ми е јасно за чајот за доење , да пијам или не , дај некој од поискусниве нека ме оправи зошто не разбрав каков да земам и каде ги има и дали е добро уште сега да го пијам
Јас го пиев чајот од кога се породив на Хип за доилки и го има во сите аптеки и супермаркети,мислам да во зегин е поевтин
Јас лично ги немам користено, но знам дека моја пријателка ги има користено и тоа мислам дека во 9 месец Канестен 3.. Доколку ти ги препишал доктор користи ги, немој на своја рака. Обично ги даваат ако се појави инфекција и чешање..
фала,Силк за информацијата.ќе прашам кога ќе одам за две недели. абе,стварно 2013-та ќе биде изгледа машка година..го гледам списокот,водат мажите.. кај нас во Струмица секогаш сме имале дефицит од мажи.
Еве да не бидам досадна јас со димерите, бидејќи прочитав дека некој прашува, да додадам дека јас отидов да проверам по совет на доктор уште во првото тромесечје , дека е пожелно да се проверат барем еднаш во бременоста и на мое изненадување исападна дека било оправдана препораката. Вчера отидов и на преглед, постелката и се околу е во ред,фала богу и јунакот е добар, само што е една недела помал од реалната, поради густината на димерите кои го отежнуваат протокот на храна. Да не ги проверев на трансфузиологија,тешко веројатно дека докторот се одма ќе знае од ехо. Од мое искуство, јас препорачувам проверка.
грешка сум броела. 6-6 биле машките и женските. мицика80 мене никој не ми кажал за димери.како можат така.па треба да кажуваат,а не од интернет да се информираме.
Да ви кажам мене што ми е чудно за тие д-димери и приската , само во Скопје ако си те тераат да проверуваш, низ другиве градови, како исклучени се, немаат појма трудниците што како треба. Инаку Добро утро Мене некако стомакот почнува чуден да ми станува, ми се стврднува, не е како порано мек. Мислам дека се она Брекстон контракциите, со оглед на тоа дека малку попушта за кратко. Како одминува времето се по некој чуден симптом доаѓа Денес одам за крв, да проверам конечно на што ред сме. Малку се плашам како ќе биде крвната слика, но што е тоа е, ако нешто треба да се превземе да средиме со време. Имајте убав ден мешковци, се читаме вечер
Едно е факт, дека во времето на нашите родители немале поима за димери, тоа се анализи од поново време. Затоа можеби и некои доктори ги игнорираат, некои ги препорачуваат. И јас мислев дека ради реда проверувам за да ми земат пари, ама се стаписав кога ја видов состојбата на димерите и кога видов дека тие директно влијаат врз циркулацијата и понатамошниот раст и развој на бебето.
Има различни чаеви. Има на Hipp и Humana - тоа се инстант чаеви, се продаваат во скоро сите аптеки. И има мешавина на чај од Билна Аптека на Алкалоид (аптеката е кај ЗОИЛ, на влез во Кисела Вода мислам), тоа се пет различни тревки (анасон, грчко семе, босилек и уште две беа, не ми текнува) кои ги мешаш и во литар вода ставаш пет лажици од мешавината да врие, да отстои пола саат и го пиеш. Јас овој последниов го пиев, ефектот му беше така-така. Штом ќе се породиш ќе почнеш да пиеш, сега не мора. Како ти расте стомакот, сè повеќе ќе ги чувствуваш. Тие се присутни во тек на цела бременост, ама во третото тромесечие се чувствуваат најмногу. Пиј магнезиум барем до полни 36 недели, а после веќе и не мораш.
Добро утро мешиња . Како сте денес? Мене малку ме снемува, но тоа е избегнувам да седам на компјутер. Вчера бев да ми земат брисеви и резултати во понеделник. Се надевам дека нема ништо страшно. Друго се беше во ред, дури ми рекоа и апчињата дабростон да ги пијам сега по едно на 12 саати, а не како што ги пиев по 2 на 12 саати .
Еден совет од мене до сите идни мамички кои имаат покачени Дидимери во бременоста да си ги проверат веднаш по породувањето во болница (да инсистираат) а неколку недели потоа уште една хемостаза да направат!
Добар ден и од мене труднички. Јас денес се разбудив со болка во десниот долен дел на стомакот, кај јајниците некаде не знам точбно да објаснам, Ноќеска ме болеше малку но сум заспала и не приметив ништо и сабајле кога се разбудив да одам да мочкам ме болеше многу и не издржав го будам мм и му велам ме боли долу мора на доктор да одиме, којзнае што може да биде. И така отидовме кај гинекологот што ме води да го видиме прво и основно бебчето и беше во ред, немаше никакви проблеми таму, постелката супер, вагинално ме прегледа исто да види како е исто и тоа е супер, ме пипкаше да види каде точно ме боли и само од едната десната страна имав болки и кога не се допирам и кога се допирам на таа страна и ми препиша едни таблетки по пола таблета да пијам на 8 часа, тие биле да не дошло до контракции на матката, да се заштити и плус да направам една уринокултура па да видиме да не има некоја инфекција на мочните патишта можеби, па ете ќе видиме резултатите што ќе кажат. Многу се исплашив инаку да ви кажам мешенца , прв пат ми се случува ова, ваква болка и човек на најлошото си помисли одма, но штом е се во ред со бебчето, мене тоа ми беше најбитно, сега сум посмирена, а и болките се намалија, па ќе видиме како ќе биде...
Добар ден и од мене мамичкии Јас некако овие денови сум баш спанка, никако да се донаспијам. Калијас, само опуштено душо, без нервози и сресови се ке си биде во ред. И јас овој период некако го чувствувам многу стомакот, не ме боли но го осекам како потечен,подуен и некако ме успорува.. Незнам, најверојатно е тоа што се шири нели матката, па можеби тоа ми влијае, но тоа уште толку ме тера на лежење иако кога ке легнам незнам како да се наместам и само се вртам Овие два дена само мислам на тоа да си дојдам во Скопје и да прошетам малку повеке зашто тука каде што сум неможам многу да шетам а и плус по цел ден сум сама, па сега бидејки за две недели отприлика си идам дома и само на тоа си мислам Поздравче до сите и имајте убав ден!!