Мартке јас имам. За комарци и поситни ствари незнам дали делува ама мравки, бубашваби или некои други гадинки потпишувам дека ги истреби.
Кај старите ставивме пред две недели . Имаше многу лебарки . Последниве три дена немаат видено. Ама комарците се присутни
Софи паника ви посакува добро утро Пред некој ден ме болеше лев јајник,па болката по извесно се префрли накај препонот. Ајде на гугл пишувај симптоми и читај,се и сешто прочитав и едвај заспав. Од се прочитано си дадов дијагноза дека се истегнуваат лигаментите-матката расте. Вчера чуствував болка кај што почнуваат срамните влакненца,како со нож да ме сече, ќе се појави 3-4 секунди и се губи и се така цела вечер,па дури и во спиење. Мм ми вика оди дреми на шоља(пошо така се осеќав ко да ми се оди по голема нужда,ама ме јадеше јанѕа оти таму долу е болката) и ајде пак гугл читај глупости,лапнав магнезиум и си легнав. Муабетот ми е,дали сте прашале доктор во кој случај треба да се оди на преглед? При какви симптоми? Знам дека некогаш и ние пациентите замараме за ситници ама не знам што треба да се толерира што не. Откако ми кажаа дека ми е скратен цервиксот,паничам на секоја промена во стомакот од страв да не дојде до предвремено породување...од вторник влегувам во 6ти...го чекам денот кога ќе влезам во 9ти
Добар ден, И јас да се пријавам во тие со паника. Веќе психички попуштам. Во четвртокот бев на преглед, испаничена заради хемороиди. Од вчера пак ме боли стомак(ме жеже внатрешно цел стомак) и ми се оди во вц. Чувството ко дијареа да имам, а имам малку течна столица, ама не толку честа ко дијареа. И ми кркорат цревата и само трчам во вц. Вчера пола ден ме болеше, попладнето се смири. Денес пак. И јас веќе не знам што е нормално, а што не. А уште поинтересно е што ми е втора бременост. Ама вака не ми беше претходно. После пак ќе се јавувам кај докторката да ја прашам, срам ми е веќе од неа.
Девојки дај кажете дали смее со нешто да ги мачкам нозеве, ко бумбари цели ми се отечени посебно стапалата. Физички сум активна многу иако 39 недела ја туркам, а и не се пазам да одмарам, мислам вака полесно и побрзо ќе излезе бебе Болки во кичмава ненормални, бебе многу активно и болки долу и во вагина ко да ме сече нешто и кај јајници и стомак се стега. Топлово и нозеве уште ми фалеја и толку готова сум. Многу било тешко на крај
Мене почнаа да ми отекуваат многу,и само кога легнувам и ги дигам на повисоко одма ми поминува отокот.
Јас вчера претерав, вечерта на телефон кога видов преку 22 километри поминато, а не ни осетив. И тоа само кога бил телефонот со мене. А и плус без него... Кога легнав и се смирив почнаа да ми трнат нозете и ми се надуваја цели. Мислев ќе помине до сабајле ама ништо мислам и бетер се денес... Се мислев да ги мачкам со борова вода, ама незнам
Јас се јавив на докторката, ми рече пробиотик да пијам, па ако не се смири за 1-2 ден да правам копрокултура. Уште ова го немав правено. Му се изнаплакав на мм на телефон. Понеделнички ми тргна за никаде. Ама да се надевам дека ќе се смири од пробиотикот оти полудев, ем од што ме боли нешто секој ден (а тек сум 4ти месец), ем од што се изнадавав пари. Само нека е живо и здраво бебето, мора да издржам
Како минува недела дена од преглед и мене ме фаќа нерва. Е толку издржувам. Максимум 10 дена. Арно ми велеше мм да собираме пари за ехо. Жени јас досега не сум била на преглед кај матичната, само за административни работи сум кај неа. А ми вика за да отвориме мајчина книшка. Од кога ја лажам, аха наредна недела, понаредна недела, јас стигнав 15+ и уште не е дојдена таа наредна недела. Да изодам утре м? Ама пак, наредна недела сум на контрола во Ремедика и во Хемолаб ќе проверувам д-димери, хемостаза и SFA. Многу прегледи да не ми дојдат? Секоја недела ехо.. Инаку, сакав да прашам, испитувала ли некоја SFA и каде?
Женчиња пишав и во една др тема ама слабо одговор. Прашање ми е за летно бебе, Јули.. Како би го облекувале, кратки боди и шпихозни... Долги боди и шпихозни? А шпихозни пократки ракави? Стварно сум во дилема. Треба да докупам, па можи тие шо сте Јули, август или сега, да ми кажите мислење. Фала
@Baby boo што направи ти? Вчера пиша дека си прокрварела, беше ли на лекар? @bela.m и ја се погоди во една недела 2 пати ехо правев и ги прашав и двете докторки да не е штетно тоа. И двете ми рекоа не е. Така да, ако не оваа недела иди си во Ремедика, а наредната иди до матичната. Јас пак 100 пати ја прашав за мајчина книшка, вика не мора
Prvoto mi e rodeno vo avgust jas go iznesov vo kratki rakavi i taka i si go oblekuvav doma se vo kratko
Првите две недели колку и да е топло во долги. Бебињата немаат развиен систем за терморегулација, па може и лесно да го смрзнеш и лесно да го прегрееш. Јас би одбрала шпихозни со долги ама ептен тенки, памучни и во светли бои, е сега како ќе проага време, веројатно ќе е многу жешко па може и кратки, па ако не си сигурна да е покриено со тетра пелена.. сигурно нема надвор да се печете, ќе држите дома некоја попристојна температура
И на долги и на кратки. Ако е лето не знаеш ноќите какви ќе бидат. И јас имам читано дека првите недели не смее да се разголува. Секако дома ќе биде на некоја понормална температура, па ќе мора на долги, а надвор ако се изнесе на тераса ќе мора на кратки под сенка оти ќе се скува.
Јас за излегување од болница му земав боди на кратки и шпихозни долги ама памучни тенки и се светла боја. Ќе биде жешко најверојатно ама не ми се разголува новородено бебе. А за дома после ќе видиме како ќе реагира и колку ќе е топло.
Добар ден мешиња... како сте денеска .. како се справувате со топлово.. поготово тие што се 39 недела како мене... јас мн тешко издржувам.. мн се потам .. отеков целата.. нозете не си ги препознавам... прстите на раце исто така... се враќам од ГАК, бев на скрининг, и на ехо... се запознав со докторот кој матичниот ми го препорача за пораѓај... бебуш достигнал до 3500 г...му кажав дека минатата среда бев отворена 1,5 цм тој не виде колку сум сега отворена , ми рече да не "буричка" таму долу да не внесе некоја бактерија пошо денес имаше мн гужва кај него, секакви влегоа па јадниот немаше време ни за пауза... сакав да Ве прашам дали некоја била породена од него и дали некоја ќе се пораѓа кај него... каков доктор е... станува збор за д-р Влатко Ѓ.