Хај! Стандард мрачам на работа, ми се гади од се, а гладна сум, ми се пријаде нешто за со лажица. Не можам да направам, секако, ќе одам готова да купам манџа. Вечер ќе се умира од киселини . 11+3 денес, за една недела на скрининг. Едвај чекам. Друго нема ништо трудничко што да кажам, првата бременост бомбардирав, оваа послабо само би да спијам, ама нема @flower30 што си се уплашила, знаеш каква е бременоста, не си рает ни тогаш ни никогаш понатаму Сигурно проблеми со цревата осеќаш поради вознемиреност, мене така ми е секогаш кога сум нешто исплашена или нервозна. Земи пробиотик за трудници има провен, јас не го обичам зегински производ, ама мислам може и од овиешто им ги даваме на децата.
Јас богами преплашена сум и валјда и од тоа голем дел ми се одредени болки. Купив Дармфлора оти немаа Провен. Пиев, малку ми се смири, сега пак почнаа така цревата да ми кркорат и да ме боли стомакот. А ми кажа и докторката, до цревата е Другарка ми вика имало сега и стомачен вирус, вика од тоа да не ти еЕ и викам уште тоа ми фалеше. Јас узгледа сум единствената што сака бебе, ама не може да истрпи бременост и радо би ја преспала бременоста ко мечките
Труднички со ниско спуштени бебиња во поодмината бременост, како се движите, имате ли притисок и болки? Јас сум во 8ми месец, бебе притиска ниско доле а јас одвај функционирам од притисокот. Препорака добив да одмарам и не кревам тешко, јас претежно лежам или седам и на секое притискање доле уплав имам мислам бебе излегува. Овие неколку недели до 9ти мислам ќе бидат ден-година. Плус дома имам двеипол годишно дете што си бара внимание. Уффф... Има ли некоја со слична ситуација?
Труднички како сте? Вчера разговарав со пријателка која пред неколку месеци се породи на клиниката каде и јас планирам, па ја распрашував за искуството. Се фалеше од се, единствено се пожали што сестрите воопшто не се труделе околу доење да помогнат, туку форсирале шише и формула. И пријателкава рече никој претходно не и го кажал тоа, не знаела, и кога заминале дома бебе имало голем проблем на почеток да почне да цица. Добра страна е што бебе ќе биде цело време во соба со мене, а сестрите ќе доаѓаат само да го избањаат, пресоблечат и да му дадат шише, па сега се мислам, чим ќе биде со мене, дали да не ги чекам нив и да го земам сама и да форсирам цицка ако имам млеко? Што мислите? Јас би сакала да дојам ако е можно.. и навистина не сакам ради праксата во клиниката да ми биде отежнато...
И тука е исто, барем од искуство мое и на други родилки. Кај мене, ја земаа малата и даваа таму млеко и ми ја носеа. Ни ми ни покажаа како, ни ме прашаа. Валјда нема да ти преречат, а и не смеат ако сакаш да си почнеш да си го доиш бебето
Мешковци дали некоја се наоѓа во иста ситуација како мојата... бев на преглед во ГАК, 39 недела сум.. постелката е зрела 3-ти степен, се наоѓа на преден зид.. но ми рекоа дека се присутни лакуни... дали е тоа страшно, дали треба да паничам ????
Женчиња денес бев на контрола, бебчо буцко, докторов вика по фацичево спремно е за во градинка и кај него било пракса од 33-34та гн да се почне со цтг,арно ама моево прво цтг покажа слаби болки(мислам 50-60 колку што ѕирнав) а јас ни б од болка не почуствував и ми даде да пијам магнезиум со б комплекс. Е сеа пошто сум 34та гн, некој искуство да ми каже во врска со ова што покажа болки, да не искочи бебчо порано или ќе се тера до крај? П.с. Плодова вода има доволно, постелка добра, бебчо си е супер.
@Yowannty ,мое мислење ,кога ќе дојде време да се пораѓаш да им напоменеш дека ќе сакаш да го доиш бебето јас кога се породив по 10 мин ми го стави бебето сестрата , ми ја стисна градата и истече млеко ми кажа како да ја држам и она почна да си цица јас сега второво би го дохранувала само кога нема да бидам дома , за навечер планирам секако доење па ајде да видиме дали ќе ми успее За другово ,не знам како е во клиникиве , изгледа во секој град е различно свекрва ми има раѓано во клиника во Солун и и ми има кажано дека бебињата не се со мајките во соба туку по потреба го носат за да го доиш и го враќаат назад Јас со првата ќерка се пораѓав во државна болница во мојов град и ќерка ми беше со мене и ден и ноќ , кога ќе сакаше да јаде јас ја доев и си ја враќав во креветчето , а докторите сестрите доаѓаа само да ја прегледаат. Ама интересно беше навечер , бев со уште една во соба и кога моето ќе заплачеше се будеше и нејзиното и во дует плачеа Сега и јас во клиникава што ќе одам не знам како е , а ќе се распрашам здравје септември , да ми кажат сама ли ќе сум во соба , па тие ли ги чуваат бебињата или ќе си биде со мене во соба. Јас би сакала со мене во соба да ми е бебето да ти кажам кој знае како ќе е ќе се распрашам Инаку кажете ми од утре сум 22 недела и имам некоја тапа болка на моменти десно од папокот поготово кога ќе се изморам.Ви се има случено ова ?
@svami Bez gajle, jas cela bremenost go nosam nisko i iako imav preporaki da odmaram jas celo vreme si bev aktivna i si rabotev. Duri mi predviduvaa deka ke se rodi porano ama ete terminot do denes, a jas seuste si sedam doma bez nikakvi znaci
јас и нетрудна ко бев цркнував од несоница поради жешкото... Омалаксаноста ти е од притисокот мене ми е низок и ме утепува на пладне кога е и најтопло. А несоница и јас имам,не можам положба да најдам бебево не мирува во стомак и тоа е. Ама шта да се ради ќе се издржи,мора.
ставај облоги од борна киселина и нозе обавезно одмарај остај тоа демек побрзо и полесно ќе се породиш со пешачење и такве ствари. Јас со првото цело време шетав џабе. Абер немаше и со царски се породив имаше за ова дискутирано неколку страни поназад. Ако не те мрзи да бараш.... до 40 дена не им е развиен центарот за терморегулација има поназад неколку страни пишувано на новороденче треба после раѓање да му е приближно топло како што му било во стомак. Јас би со боди на долги и панталони чорапчиња и капче ако има потреба.
јас еве од денес 8ми месец ама притисок осеќам уште од поодамна. Слаби болки и притисок друго ништо. Немам некоја мака се издржува. си дошла до тука до 9ти месец ќе ти летне времето на години деновите ќе си ги наброиш на прсти. И јас сум со уште едно дете дома,ама поголемко
Инаку мешковци денес сум 31ва недела официјално стартувам со 8ми месец. Среќна сум,досега броев недели уште малку деновите ќе ги цепкаме дилемата ми е кога да почнам со перење на облеката. Имам пакети од синко што сум зачувала а допрва ќе купувам иако има прекуима денес на работа не одбраа за надобра група на месецот,работам на производство и ете задоволни биле од нас. Па утре не носат на вечера. Вечна дилема - што да облече трудна жена. Ќе видам што имам од фустани друго не би носела
@Presrekna викаш и таму исто... ја стварно се надевам дека нема да ми праат проблем, ако инсистирам. @koritsaki докторот ми рече дека на почеток од 9ти ќе треба да одам до клиниката таму да дадам крв, не ми објасни ништо подетално околу тоа, ама искористив ситуација што бевме вчера заедно со девојкава да ја распрашам. Јас пак би сакала бебе да е на ексклузивно доење ако нормално имам млеко. Па така си мислам ако видам дека не се заинтересирани сестрите да ми покажат, и сама ќе пробувам... Туку на 27ми сум на контрола, и докторот ми рече да одам по упат за крвна слика околу 20ти. А маж ми вели од утре ќе штрајкувале лабараторииве. Сеа се мислам што ќе праам ако се издолжи штрајков? Да гледам од утре било кој ден кога нема да штрајкуваат па да испитам крв.. да не останам дотерана не целкана.
@Yowannty Ќе им кажеш дека сакаш да доиш и ќе инсистираш да ти покажат. Имаш право на тоа. Не е некоја филозофија, може и сама да успееш. Но за прворотка е од голема важност. Поддршката за доење пред се, а и друго е да има некој да ти покаже удобна и правилна позиција и за тебе и за бебе. Како бебе убаво да "фати". Кога ќе завлече, ќе терате без проблем. Во спротивно, многу упорност. Може и да нема млеко првите денови и тоа да не те разочарува. Оти кај некои цури доаѓа од 3 до 5 дена мислам беше.
Од храната да не ти реагира така стомакот? Јас 24та недела и имам одвреме навреме таква тапа болка, некогаш од лево некогаш од десно. Магнезиум многу ми помага и гледам повеќе да одмарам.
Па не знам, еве баш и со мм сега зборевме, да не е од храна некоја па вака да реагира. Ќе треба да намалам малку и да внимавам што јадам
Знаеш дека прееска ми беше подобро и јадев домат и пак почнаа ко грчеви. Фала ти, ќе избегавам тоа за јадење. Инаку многу овошје и не јадам, скоро ич. Ама пак ќе видам од која храна би можело да се јавува