@flower30 миј убаво овошје и зеленчук.Имав и јас така болки во желудник,почнав со сода да ги мијам по препорака од др.
@Yowannty да , тоа си е твое право како ќе си одлучиш да го храниш бебето - нема они што да се мешаат Јас не сум слушнала ништо дека се најавува штрајк, до тогаш имаш време ќе гледаш порано да си направош к.слика штом е така , ма да не верувам повеќе од еден ден да трае штрајков , поготово кога се работи за лабаратории @Magic13 да магнезиум секојдневно си пијам. А оваа болка ми се појави денеска , баш тука околу папокот. Баш ќе видам утре како ќе биде.
Здраво мешиња. Да се пријавам, уште малку 8 ми месец , не ми се верува, си летна времето. Бебчо е мноогу активен, да не го пререкнам. Стомачето расне, си бевме на одмор, имам грчеви во стомакот и болки, најверојатно е нормално тоа. За некои 10 тина дена сме на контрола. Незнам од кога почнуваат со цтг. Работам и на работа и по дома, но почнав да се уморувам повеќе. Јадам нормално како и пред бременост, само повеќе зеленчук и овошје.
Е да, да се плаши човек. Баш прееска мм ми вика на работа јадел некој сендвич, имало домат внатре. Вика после ме болеше стомак(може не е од тоа де, ама он вика дека првпат му е така). И баш збориме што сето овошје, целиот зеленчук се прскани со 300 хемикалии. Некогаш ќе измиеш убаво, некогаш не баш и ете проблеми. На се треба да внимава човек
Здраво Во кoja недела ви потврдиja бременост на ехо? Од првиот однос имаат поминато 3 недели и 5 дена.Направив тест на денот кога требаше да добиjам(05.06, а циклус ми доага на 31 ден)и беше позитивен со бледа линиja.Денес бев на гениколог но не се гледаше ништо.Ми даде докторот тест и втората линиja беше многу потемна за разлика од првиот тест што го правев.Проверив hcg преку крв-334. Дали е рано за ехо што не се виде ништо или е нешто друго?
Мене ми доцнеше 3 дена кога на тестот за бременост се покажа втора линија. После неколку дена се гледаше на ехо. Претходната бременост испитував bhcg 3 пати на секои 3 дена и растеше. Провери си пак bhcg. Јас тој тест што го правев над 500 покажуваше бременост. Ама може е различно во други лаборатории
Не е само на клиника така... Во Систина бар кај мене, добро до некаде и логично дека недоносено, цуцлата во уста, шишето и ајт.. Чаир слушам се труделе со шприц да ги ранат додека не надојде млеко. Да не побарав сама пумпа маститис ќе добиев. Чим сакаш биди упорна. Мене никој не ме ни праша, тек после 7дена. Страшна беља ми направија со цуцлите.
Јас лежам бебче игра пајдушко. Леле ноќиве дали да поуживаш во ладовина дали да легнеш да преспиеш. Кој ќе станува сабајле во 5... најавуваат к-15 дека ќе пуштеле овој или наредниот месец. Јас таа која кукаше дека ова лето ќе го преседи дома без одење на одмор... Епа не знаев дека ќе сум во топ форма и ќе си претрчам до плажа. Само што ќе облечам за на плажа не знам ама... Ќе претрчам па што сака нека е. Доволно ми е воздухот од плажата да го осетам синко нека ужива појќе.
и кај нас со шприц,со сонда ги хранеа. Одма уште иста ден ставаат на гради за цицање. Кога веќе станува гладно и раздразливо го земаат и даваат со шптиц или сонда. Мора рефлексите за цицање да ги развијат,никако со шише и цуцла. Исто бараат мајката да се одмолзува не оставаат така. Јас многу мака видов,мали брадавици дете не фаќа градите камен млеко де тече де не тече... Да ми се испулеа во градиве ме болеа а не па да ме допрат. Докторот рече да си бараш чаре оти маститис ќе фатиш. Ова вака никако не смее а јас не дозволував ич ама ич да ме допрат. Па ми стоеше над глава додека не научив како да се одмолзувам и да давам млеко.
Многу е рано за да може да се види на ехо. После позитивен тест, прв преглед ми беше во 7 недела и некој ден, до тогаш по препорака на лекар пиев само фолна киселина. Почекај за првиот преглед, секој организам е различен некаде се гледа порано некаде подоцна, гледај да одмараш повеќе и да се храниш здраво. Со среќа бременоста, лесно и релаксирано да ти тече.
Поздрав девојки. Некое време земам по 1 лажица парафинско масло бидејќи само со тоа ми помага за празнење после клизмата. Сега читав дека е штетно за трудници?!?! На форумов гледам многу трудници го консумирале по препорака на гинеколог Што искуство имате слушнато за тоа?
Лелле ле Марчи иди вечер и не знам шо да прам... Несоница упм. И сега исто. Ооооххх лелле. Многу ми е жешко и да ме видиш во очите ќе си мислиш сега се имам расонето знајш колку сум свежа.... Ц. Ц ц.... Преку ден исто низок и јас имам и поручек обавезно ме тера на спиење... И тоа како во кома запаѓам. А навечер си сум будна, си држурам 3та смена хахахахаха. Лелле кажи некоја занимација што ја применуваш?? Со што се занимаваш во доцните часови? Можи ќе е различно од моето нешто, ќе ми поможи.
Ве читам сите за овошје и зеленчук и баш то планирав да го пишам пред некој ден. Абе катастрофа!!! Кое овошје кој зеленчук... Знаете дека за 1 ден ми скапуваат?? Кога видов си реков немам убо одбрано, ама не е то воопшто! Се си е супер одбрано, на изглед топ и сабајле купуваш, другиот ден за ручек време скапани леле!!!!! И тоа домати, лимон, цреши, јагоди, кајсии, јаболка ова е само на то шо ми текнува во скоро. Значи незнам шо да се јади...
Ма мене на крај пред пуштање ми рекоа млеко да оставам. 14дена касно беше. Јас немав проблем со гради, ок си беше, ама џабе. Дете научено на шише. После ни од шише не го сакаше моето... Неќев да го мачам дека 2350гр го испуштија, не смееше да паѓа во тежина. Хаос! За второ ќе знам. Медела електрична и борби.
Жешко времево мешковци, јас рано легнав и се разбудив пред малку наспан, испотена. Тешко сега да заспијам пак. Отворив прозори, тераса. Маж вика дува ладен ветар, кај го осети не ми е јасно. Ќе биде жешко и тешко лето, ама ако. Јас не се жалам
Мешиња мене ми пукна водењак. Сега си седам на гинекологија си ја чекам Др за царски да дојт на смена. Дежурните ме прегледаа, можам да чекам смена на Др. Не издржа куклава термин да закажиме и се идало во овој свет
јас магнезиумот навечер пред спиење го пијам,ме опушта и заспивам до одреден период,а се разбудам заспивање... Амин. А утрото на работа сум преку ден сакала неќела мора да преспијам што никогаш претходно не сум можела. Ко ќе станам главата тапан бетер ми е и пијам кафе да се освежам. Чаре нема. Течности мора да пиеш јас и со газиран сок врвам мора. Знам дека не смее ама што да правам. И првото тромесечие се на соленки и газирано бев од што ми беше лошо сега газирано ради притисокот... мора ли со царски?