Трета смена тераме. Само се будам за вода и само шетам. Беба успана нигде ја нема. Тек сега се јави после коцка чоколадо. За меркиве воопшто не се замарајте. Внука ми беше назад со меше 2-3 недели и се роди најнормално здраво бебе.
Мешиња добро утро. Може глупо, ама да прашам, сте правеле ли копрокултура?! Како оди цела таа постапка? Читам на интернет и не знсм точно
Јас имам правено одамна, со син ми лежевме на инфективна, тој имаше рота вирус но и мене ме тестираа. Ништо посебно не е, од аптека ке си купиш чашка за фецес, и во неа ке ставиш малку од столицата. На капачето има едно како лажиче, со него ке ставиш за да биде се со стерилно. И го даваш на испитување.
Хелоу, хелоу! Сте начнале тема за мерки. Кај мене пак главата на вториот скрининг беше помала и видоа фокус на срцето. Тоа беше во 21+4. Вчера бев пак на преглед, сум 24+3… правев oGTT и плус ме виде на ехо, главата пак доста помала (одговара на 22+1) а другите параметри: бутна коска 23+6… абдомен 22+6... утре сум на контролен скрининг со доплер, ама се надевам дека не е ништо. Иако до утре така напната сум малце... Демек седам на работа, ма која работа, нит ми се работи, ништо не ми се прави. Башка следната недела сум на одмор, ќе патуваме, па уште толку немам желба за работа. Освен што уште премногу ми се спие, и што имам киселини, друга мака немам. Ги земав чорапите за компресија и ниту еднаш од тогаш немам видено отоци на нозете. Сакам да речам - супер се и сум задоволна. Времето е тука никакво - само за излежавање со некој филм. А не за на компјутер со милион обврски пред одмор.
Јас се вратив од вториот скрининг. Бев кај Самарџиски на ГАК и не знам како да го дефинирам докторов... Легнувам ми вика каков проблем имаш,викам скратен цервикс..а не не со бебето дали имаш проблем,реков немам до сега никој ништо не кажал. И почна да ме гледа и да си мрмори на носот,неколку пати го препрашав па дури ми стана непријатно. Гледаше во главно коски,надлактица,подлактица,бутна коска еве го рачето еве го ноџето,еве го срцето.Другите органи не ги спомна. Ова ќе биде витално момче и толку. Мм му се обрати со "ти", па застана го погледна,не ми се обраќај така! И пак мм му кажува дека сум на боледување заради цервиксот,а тоа матичниот си мери. Па на крај некако се смилува ајде да измериме-26мм, пак скратено за 5 од минатиот пат. Јас се зачудив како се скратил, а тој ми се нафрли нема секс,нема..викам ама нема! Прашав колку треба да е за оваа недела(22ра) ми вика на долна граница ти е. И никакви препораки. Најверојатно затоа што очекував многу од прегледот па се разочарав. После видов во извештајот пишал постелка зрела II степен,а ништо не ми кажа. Знам дека за породување треба да е III степен, не е ли малце рано сега да ми е II степен? Попладне ќе одам кај матичната полудев веќе
Здраво труднички Почнувам 31 недела денеска и официјално отворам 8ми месец. А и официјално веќе никаде место не ме фаќа, спиењето посебно ми стана многу тешко. Ем е пекол жешко и станувам неколку пати секоја вечер, гувеам на тераса, ем никако не ми е згодно спиењето на кревет. Странично не можам, широка сум од сите страни и се си мислам го притискам бебето, на грб едвај дишам.. а и бебе е ноќна птица, ноќите ми се посебна тортура. Едвај чекам да ја гушкам и да си легнам на стомак конечно. Макар спиела само 30 минути ноќе, не верувам дека ќе ми фали стомаков. Бебе пак ми отиде во слабина десно и стомаков пак ми има чудна испакната форма од едната страна. Разгледувам да нарачам од интернет целосни купачи. Од дете не сум носела такви, ама па со влакненцава и се почудниве форми на стомаков не се чувствувам опуштено за дводелен. А сакам да пливам викендов.
И кај мене е свиткан по цела лева страна,и некогаш кога ќе си го видам стомаков језиво ми е Ајде почнавме со 8ми уште мааалце,не се предаваме.Мада што и мене жешково ме убива дополнително покрај сите болки
Здраво сегаоти сабајле прашував нешто и не знам ни дали кажав здраво. Однесов примерок за копрокултура едвајРезултати во петок. Ќе видиме што ќе се "израдувам" од таму. Чекам и резултати од Нифти тестот, секој ден некои болки и нервози. Во глобала полудев Ми се оди на одмор, ама годинава нема. Лани отидовме на одмор после 5 години не одење. Се надевам нема да чекаме и сега толку. Прееска кога бев во Авицена ја видов Катарина Ивановска, да ти е мерак да ја гледаш. Трудница најобично облечена, со средена коса и тело топ. Јас.... Јас само топсо некое килце плус, со нефарбана косаДобро бар бев ок облечена Сега одмарам, па да станам да правам ручек. Среќа дома уште е свежо и се дише. Надвор - сауна
А ако си во можност да отидеш да те ѕирне Петрова во Ремедика,или Димчев Систина? Тоа е,кај нас мора да платиш приватно па да добиеш човечки пристап Јас сите скрининзи кај Петрова ги поминав по 40мин мери,премерува се ми кажува. Многу сум задоволна. За разлика од Клиника кај што отидов еднаш на почеток и никогаш повеќе
Јас навистина не знам дали премногу очекував или тоа е тоа што треба да се каже? На пример минатата недела за обично ехо во Њу борн бев,скоро сите органи ги спомна и подолго траеше прегледот,докторката отворена за комуникација,а од "пречекот" презадоволна, уште црвен килим што не ми послаа... Слушав и читав добри коментари за докторов,знам и дека нив им е рутина,ништо ново ама малце поинаков да беше односот..
Најдобро закажи си на приватно. Такави се скоро сите доктори државно, не се замараат воопшто. Ќе те ѕирнат само колку ради реда. Мене и матичниот ми е таков без врска. Пред една недела бев на контрола, ајде вели сега и скрининг ќе ти направам (24та недела сум). Дали 5 минути ме виде, не можеше главата да му ја измери прво помала излезе, после ја премери поголема, и само како што велиш ти ми покажа еве раката, еве другата, еве нозете, срцето и толку. Другите органи небитни. Заборави плацентата да ја провери, му спомнав од кога станав од кревет, ајде ми вели легни пак. И на крај сестрата му вели уште 100 ден плус треба за сликата Изнервирана излегов, среќа што бев на втор скрининг на приватно.
Ќе го ставаш на града во секој момент кога ќе заплаче или ќе биде будно. Ќе влече на почеток на празно но тоа е формулата за успешно доење, мора да се стимулираат жлездите. Ако ова го правиш редовно, бар на секои два саати да е на цице, млеко ќе имаш веќе третиот ден. Не ги чекај сестрите штом е така. Читај низ интернет правилни пози за доење и како да му ја наместиш градата во уста за да немаш проблеми со рагади. Млеко ЌЕ ИМАШ само ако бидеш упорна. Значи само ставање на бебе многу често на града. "Тоа е тоа" не е задолжително, за немање млеко мора да има причина, а причината главна е недоволно стимулирање на градите. Ова најчесто се случува со бебиња кои се мрзливи и не влечат.
Фала ти многу на мислење. Ова беше едно од поохрабрувачките работи што сум ги прочитала последно време. Ќе гледам да сум упорна, навистина сакам да дојам.
Ne se sitnici mila, i jas panicam mnogu no nazalost po drzavnite kliniki ne sakaat da se zamaraat so bremenost koja e malku po komplicirana, naviknati se da vodat normalni bremenosti bez komplikacii ....zarem nie sakame da gnjavime ?!!! Jas minatata nedela imav isti bolki i mn se plasev ama veke ni jas ne znam sto da pravam...so lesno neka ni e . Te guskam
Искрено, во МК многу не даваат значење на едем во бременост или потенцијал за варикозни вени, па не би знаела да ти кажам. Можеш да го прашаш гинекологот. Јас сум во Германија и тука одат на рецепт - ги добив превентивно - немам варикозни вени, ниту некои големи отоци, ама дека летно време и имам вишок кг па да не ми се собира вода во долниот дел на нозете. Ги прават по мерка. Прашај гинеколог дали има опција да ги добиеш некако во мк. Некаде кај ортопедски помагала што прават... Можеби...
На ГАК претежно така функционираат. Самарџиски е еден од подобрите професори, и сигурна сум дека си видел он се што треба. Иако не зборел многу сигурна сум дека видел се. За цервиксот штом е на долна граница не сакал да се замара многу зашто тоа може и матичен да го третира. Тој ги работи најтешките случаи на клиника. Ако ти е мисла и понатаму можеш да повториш некаде и на друго место, само според мене нема потреба. Јас некако би му верувала на Самарџиски.
Мешиња ве читам сите сега, од вчера немав уклучено форум. Лелле колку само си бев добро расположена, сега верувајте жешкото ,болка во мускули, тежина во стомакот ооооооххх многу ми е тешко И понервозна сум многу... Не трпам многу луѓе, посебно не некои тешки карактери ама моментално ни сама не се поднесувам.... Оххх не сакам плачка да бидам ама тешко е жешко е.... Потам, соодветна положба не можам да најдам во кревет... Ама кога над креветот ќе си ја видам слика од бебка (од ехото) и се расположувам, ајде ќе гледам само во неа
Добар ден трудници мои слатки, и големи и мали .. пак јас.. вчера не ми одговоривте но се надевам денес ќе добијам одговор.. ама сепак ова е др прашање.. еднаш се пишуваше на форумов за тие што се при крај за да го забрзаат пеоцесот на отварање да имаат секс со свршување внатре.. но мене ме мачи еден сомнеж.. дали е добро да се сврши внатре во 39 недела и 3 ден а притоа да си отворен 1,5 цм (може и повеќе без болки за предупредување при раѓање)... имала ли некоја такво искуство... сепак пред една недела матичниот ми кажа дека сум 1,5 цм отворена и додека "буричкаше" внатре рече дека му го допрел главчето на бебушко... сега не знам шо да правам а сакам да го забрзам процесот.. во саб сум пак на контрола но во ГАК не кај матичниот...