И јас знам доколу до 40н не се отвори жената, препорачливо е секс. Но доколку не си отворена така мислам е. И јас искрено не би ризикувала. Што доколку влези внатре?? Кај биле толку денови, причекај уште некој ден според мене.
Иста ситуација сум јас 2 прста, без болки, сакам да се породам, веќе вегетирам на толово. Јас се надевам на побрзо отварање. Што да направам? Искуство некој?
За побрзо отварање мене за првата бременост ми препорачаа одење по скали. Не дека нешто многу ми помогна, ама се отворив само 1 прст плус. Инаку, јас се отворив само со преглед со рака од докторите Од 1см на 4см Имам читано и седење во када со топла вода помага
@Yowannty јухуу 8 ми почна веќе , да знаеш само како брзо ќе пројдат тие последни недели кога си повторно на преглед? А и сакав да те прашам дали го праша докторот за пливање , ти дозволува ли? Јас два пати бев на море досега ама не влегов внатре да ти кажам не знам , се си помислувам да не фатам некоја инфекција.. ама па сум видела трудници да пливаат и јас имам исцел костим за капење ама не ме собира никако во него , ќе прошетам некој ден до HM да видам дали има некој убав Него јас да се самоцитирам , кога ти пишував за доењето , имам напишано за дохранување. Не мислев на дохранување за АД млеко туку за измолзување , па баш гледав пумпи од тие електричните да ти кажам и викам кога нема да сум дома да се измолзувам во шишенце па да го чувам некое време во собна температура млекото или ако не сум дома повеќе од 4 часа - во фрижидерПа планирам некоја да земам.. Ова не го правев во првата бременост (тогаш од цице си пиеше) ама сега меи нтересира како ќе биде. И јас сум за доењето , нема поубаво млеко од мајчиното ама па ако во случај немам (а тоа се гледа како напредува бебето) , тоа е.. А се согласувам со коментарот на Китен , само стимулација и често давање на бебето цице , и така ќе имаш и повеќе млеко.Мене ме нервираа околу луѓево , а па како само на доење ќе е, што ако немаш млеко , па плаче гладно е , ме нервираа на почетокот ама не ги слушав. До 11 месеци така си теравме , ќерка ми немаше ни вода пробано до тогаш. Со првото дете да ти кажам имав и за извоз , дај Боже и сега да биде така
Леле @koritsaki ќути, 8ми, паники ме пукаат на големо.. Малку сме во фрка периодов, треба да се префрламе во новиот стан, и претходно цело време си викав, да влезам само во 9ти па нека излага бебе, сега најголем страв ми е да не не изненади порано.. ништо не ми е спремно, ни испрано, ни ќе бидам во можност скоро да средам како изгледа.... Последниот пат докторот не ми даде зелено светло за пливање, оти водата сеуште не била топла. На големо изненадување баш тој викенд беше изненадувачки многу потопла отколку што и јас очекував. Овој викенд што помина пак, бевме на истото место, ама водата беше многу поладна од прошлиот викенд. Оти имаше заврнато таа недела, и ако врне, или има посилен ветер, водата е обавезно ладна. Е оваа недела се големи горештини и ќе може да се плива. Ама јас немам целосен костим, и додека се мислам дали да нарачам ќе дојде и пројде викендот. А иначе ако е се во ред со бременоста, дозволено е да се плива. А најиронично е што јас и не обожавам нешто претерано пливање. Знам да отидам на плажа и да не влезам ич во вода. Да си уживам уз пијачка во бар. Па и се дешавало колку лета да прескокнам одмор.. ама ова лето, тука ми е паметот. Валда до хормоните е. За доење здравје боже, сакам и ќе пробам да не се откажувам. Се мислам и јас за пумпа, ама ај си викам да видиме со цицање како ќе биде, па ќе купам дополнително. Те читав пред некое време за имињата сте дискутирале дома, се одлучивте или уште се расправа на таа тема?
Па затоа сум и во дилема.. сепак отворена сум 1,5 цм и се плашам да не наштети спермата на бебуш.. сепак матичниот кога ме проверуваше колку сум отворена му го допре главчето....
@Yowannty има време се ќе се среди , во август ти е терминот ,околу почеток или средина на јули можеш да почнеш да спремаш За име , мм ме чекаше да изберам , ама ми се допаѓаа повеќе и никако да изберам некое , тој немаше некое да предложи - и на крај ни предложи ќерка ми - Викторија да се вика бебка сега тоа останува , а и на нас ни се допадна. Искрено сакав за вторава ќерка некое име што го има и во Македонија и во Грција Твоето бебенце си останува Ирис така?
Викторија е преубаво име, мене ми се свиѓаа сите 3 што ги имаше пишано во темата. Кај нас што знам.. веќе не сме зборнале на темата.. Валда тоа ќе остане, а и да се смени до крај, да сме здрави и живи.
Мене последниов месец година ми се чини е. Ден за ден, болки чекам, а ги нема. Шефот уште сега шефува. Му зборувам, срце на мама, да се запознаеме. Досадна сум си сама на себе и на другите.
Лелле те разбирам иста сум хахахха Ништо не ми се прави, ни ми се спие, ни ми се шета, ни ми се јаде, ништо ллелелле само жешко ми е, до вц ми се оди и нешто адреналин ми се лачи измешано со некоја нервоза... Меше тежи, не знаеш како да се наместиш во кревет, а на стол не можеш поќе од 10 15 мин да седиш, грб ќе те боли... И ајде лек?? Ако најдиш некое олеснување пиши ми... Јас со соба и алишта досредување ќе се занимавам ама колку ќе ми биди концентрацијата ќе видиме. А Ноќва не знам што ќе се прави..
Не секс! Според мене мила. Не си клавај трн во здрава нога сега на крајот. Ќе се олесниш некако, ќе биде и тоа. Среќно мила.
И јас да си се пожалам, времето откако затопли ама ич не ми одговара .. не очекував да не трпам волку топлина, само што затопли мене во исто време почнаа куковите да ме кинат, бутови, позади на , спиење на ниедна страна не иде, ноќе е мн весело нервоза ме фаќа секоја ноќ, шетање не можам да трпам, тежи стомак и на се притиска, седење не доага во обзир и чаре сега ? А тек 29 недела е, што ќе се прави незнам.. блазеси им на сите породени пред да започне летово.... ние ќе урламе сега П.С од што може да боли позади на задникот, локацијата е таму некаде али на напипување не се гледа точно што боли, кога одам дури кривам ради таа болка ?
мене докторот ми препорача magcitra на healthy aid ама јас кое ќе стасам го пијам. Вода со литри пијам ама не сум толку во вц чудно. Денес едвај издржав на работа многу ми се спиеше плус топло... Не знам како 8 саати сум доседала. назад ти е ненаспаноста леле ти цело лето ќе го туркаш. Само со лесно да ги поднесеш горештиниве тешки се во нормална состојба а па вака во трудно стање... Јас тешко се снаоѓам со жештината. Досега се радував малку покасно кај нас фати жешково за среќа. А за раката не знам ама и мене исто ми се случуваше некаде во средината на бременоста. Некаде 5ти - 6ти месец. Не знам од што навистина. Ме будеше трнење па едвај ја раздвижував ја масирав... месецов лесно ќе се протурка еве на пола е јас се мислам летово како ќе се протурка се сложувам со тебе. Додека не ставиш бебе на вага ништо не е точно. А и меркиве... Што знам.
Не мила.. никако... затоа и се плашев.. за бебуш... што се не поминав во бременоста сега 3-4 дена пред крај не сакам да си направам беља .. да не бев отворена воопшто можеби ќе пробав со секс но јас сум веќе отворена и некако страв ме фати.. па гледам и мм не инсистира веќе за тоа... нé чува многу... ајде ќе се издржи уште малку... со лесно и на тебе ...
И мене ме боли повремено над задникот, посебно ако одам подолго, и баш како што викаш накривувам. Ми кажаа дека е нормална болка од притисок врз карличните коски.
Читајте ја мојата приказна во текот на денот: Одам кај матичната,и го покажувам извештајот од Самарџиски и кажувам за односот и велам сакам и вие да го видите цервиксот. Седнувам на стол,мери и кога се вознемири овде има 20мм (сабајлето беше 26мм) 100 пати да мерам толку е,плус тоа има фанелинг,оваа матка нема да издржи!! И нормално јас од памет извадена не знам кај се наоѓам викам а што е тоа фанелинг, ми објаснува дека било внатрешно отварање. Чаре? Под итно да се оди во Систина кај Никола Панчевски да те види и он што ќе каже тоа,ако каже серклаж,серклаж. Викам не е ли касно за серклаж 22 недела сум, вика нема врска веќе не гледаат тоа прават кога има потреба. Цели во паника одиме накај Систина во меѓувреме бараме луѓе за да стигнеме до докторот. Стигнавме таму докторот бил прва смена, уште денес на работа па на одмор. Се јавија на сестрата да ме прими како итен случај,докторот се нафаќа да ме види но не и да прави интервенција ќе одел на одмор. Добро, второ решение др. Гордана Петровска. Ме прима жената,објаснуваме каква е работата,ајде на преглед. Мери цервикс 26мм,пак мери пак 26,27...викам а фанелинг? Нема овде фанелинг. Зема со прст ми го опипа грлото,грлото си е тврдо и затворено. Ајде пак разгледува документација и го гледа извештајот од ЕМГ,вика па ти имаш контракции. Брисеви чисти,уринокултура чиста, да се провери ЦРП и уште еднаш крвна слика, да видиме што ги предизвикува контракциите. Се додека има контракции ако ти направам серклаж одиме на директен абортус викам повремено осеќам болка во јајниците ми вика да тоа е тоа.. Прво да се смират контракциите па за една недела на контрола и ќе видиме што ќе правиме. Направив црп и крвна слика се си е уредно. Ме боцнаа со Прогестерон депо,да продолжам со утрогестанот 2 пати на ден и ми препиша 3 чепчиња индаметацин. Веќе памет немам,цела ноќ око не склопив,заспи разбуди се,ми мрда стомакот викам е сега сигурно се тие контракциите не е бебо,па се нервирам зашто го има,па се секирам да не се случи нешто,па зашто баш мене ова да ми се случува, скоро дп 5ти месец со повраќање,таман поуживав 2-3 недели во бременоста,ајде скратен цервикс за на крај да ми речат нема да издржи матката? бебе ми е само 550 грама, да ми издржи херојот барем до 7ми месец душа мајкина колку е посакуван и очекуван