@Sofi.ja кој месец си сега? Мила, знам дека што и да ти кажеме е излишно и тоа нема да те смири, ама навистина ти мораш да се смириш сама. Прво, мораш да останеш присебна и да ја прифатиш ситуацијата таква каква што е. Потоа, најбитно, ти му требаш на тоа бебе да не го чувствува твојот стрес и напнатост. Господ е голем, слушај препораки од докторот, толку го износе, ќе успееш уште малку, ама мораш прво да се смириш за тоа бебе да се чувствува сигурно. Можеш ти тоа девојко. Ќе видиш. Со многу желба и дисциплина ќе се среди се.
Инаку, околу матичните.. Толку немам доверба во нив. Не би се потпрела само на нивниот став во ниту еден случај. Пред два дена за прв пат одам на преглед кај матичната моја. Си велам ак нема смисла, боледување, рецепти, за СЕ сум таму, од едно ехо ништо нема да ми е. Го става ехото и одма го трга, ме гледа зачудено, а мене срце во пета ми отиде и ми вика: -"Колку деца носиш ти"? -"Две" - и одговорив. -"Ааа, значи знаеш дека се две"? -"Како да незнам докторка, 15+сум"? Еден куп извештаи од Ремедика имам доставено заради боловањето, сто пати имам кажано дека се работи за близначка бременост.. Само си заќутив, што да коментирам? Инаку, мерките ми ги погоди, недела, грамажа ама ова ме изиритира искрено. Немам коментар..
@Sofi.ja дај боже да биде се добро, од срце ти посакувам да се среди. Да ве чува Господ и тебе и бебето.
@Sofi.ja се надевам дека ке се најде решение за твојата ситуација. Добро е што е грлото тврдо и затворено. Бог нека е со вас, да се смират контракциите, со лежење можеш да тераш многу. Обиди се да останеш смирена, стресот дополнително прави контракции.
Мешиња, како се справувате со жештиниве и отоците од нив? И колку треба да е температурата и УВ зраците за да се ослободат трудниците од работа? Стварно не се издржува, претопло е уште сега, а каде е цело лето..
И јас денес со жалење. Има три дена беба многу ретко и слабо ја осеќам. Синко замина на камп, јас сум тажна бидејќи го мислам и ми фали по дома. Откако тој замина бебе е мирно. Дали жешково му смета, дали тоа што после 7 месеци запек овие дена редовно и често излегувам во тоалет па има повеќе простор не знам. А веќе 29 недела терам Помалку јадам немам апетит и последниве 2-3 недели сум иста килажа. Мешко како за 4-5 месец ми е. Не дека не ја осеќам по цел ден. Синоќа касно во 10 мин 30 удари сетив( бидејќи мерам движења), но општо е смирена и затишана. Сега одам на матичен леле хипохондрик станав, а толку оптимист човек сум. Едно 1000 грамско суштество што сеуште не го знаеш како може да те промени. А истово ми се случи минатата недела. Од турболенции во стомак1-2 дена штама. Пишете како сте вие или некое искуство.
^^ Јас сум во состојба ехото 24/7 да ми е врз стомак. Или најарно да ме успијат и во ноември да ме разбудат на закажан царски. Главно сум смирена, понекогаш и сум изненадена од себе, ама ако ми влезе мувата-готово. Само да не чува Господ, сите до една.
@Sofi.ja најпрво да ти кажам смири се, полека. Како што е Господ никој не е. Она што зависи од тебе секако дека се ќе направиш но најпрво мпра да си посмирена. Ќе мируваш, ќе лежиш, како ќе ти каже др така ќе правиш. Што се однесува до контракциите јас имав во 36 недела, и отворена 2 прста, ме боцнаа инјекција за да се смири матката. После тоа терав до 40 недела +1 ден. Матичниот ми кажа нешто за некоја пукнатина на цервиксот уште во 34 недела и ми препиша утрогестан и мирување. После тоа никој нит ја спомна таа пукнатина нит ја има на некој извештај. Исто како да не постоела. Само смирено и верувај дека се ќе биде во ред. Те гушкам
И кај мене е слична ситуација, има денови кога го осеќам повеќе, има денови многу слабо. И мислам дека е така нормално. Не се секирај, тоа си одмара одвреме на време, а син ти супер си поминува во камп, ич д не го мислиш. И да додадам, за јадењето и јас имам намален апетит, само вода пијам. Ваљда заради топлото надвор. Бебка си зема тоа што му треба, си има резерви, не се мисли.
Девојки ај и јас да ве прашам нешто.. како изгледаат лажните контракции? Дали секогаш се во долниот дел од стомакот?? На пример мене ми се надрвува стомак десно од пупак малку повисоко, и таму ми е изобличен оти таму се коленца и стапалца на бебе. Трае неколку секунди, и сега не сум сигурна дали бебе притиска, или е контракција...
@Yowannty јас како падобранец Во врска со доењето, се сложувам потполно со @Kitten Само би ти кажала мое искуство. Мене ми рекоја доколку сакаш да доиш, пред секое давање на млеко од шише, да се остави бебе да цица 10 мин на едната града, 10мин на другата, па потоа млеко од шише. Ме скориваа дури и навечер за така да направиме. И кога преку ден ќе закемчеше бебе, јас постојано му давав да цица, иако немаше ништо на почеток или мн малку, незнам. После 5 или 6 дена веќе имав млеко. И мн течности да пијаш А за контракциите, се здрвува стомакот, ама нема болка. Барем кај мене така беше. Поздрав и секое добро.
мешиња здраво и од мене!ние што сме август за породување господ на помош со жешково.Само што се вратив од контрола 28+6 сме фраерот на мама 1600 за 4 недели качил 600гр!матичната ми вика нема да тераме до крај(30,08 термин)до 10,08 најкасно ќе било.
Ајде мајка мисли на нешто позитивно... тука сме сите .. со тебе сме... ти ја пуштаме сета среќа да биде со тебе бар да изтуркаш до крај.. мирувај не се оптеретувај со се и сешто... бебе ќе биде со тебе , мисли на тоа дека ќе се гушкате а сето лошо ќе заборавите... биди силна ради него , и верба во Господ.. тој како реши така ќе е... а јас знам дека тој нема да дозволи да останеш без бебко... имај верба...