Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    и мене ништо не ми кажува околу тоа. А и колку помалку знам подобро за мене :lol: колку помалку знаеш помалку се нервираш
     
    На bela.m и koritsaki им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.513
    Допаѓања:
    184.121
    Пол:
    Женски
    @koritsaki мене за цервикс највеќе ме интересираше оти тука цело време читав.
    Што е тоа е.
    Иначе чим специјалистот ти рекол се е ок, однеси ги на следна контрола. Јас кога истражував за цервикс па преведував кратенки, верувај само кратенки преведував. Воопшто не проверив која вредност е нормална за месецот во кој бев. Само да си ја нервирам душата дополнително не можам, и без тоа бременоста не ми беше баш лесна. Чим доктор вели ок е.. ништо не проверувам дополнително сама.
    Ич да не ти чуе, ако доктор рекол се е во ред, значи е. (y)
    Иначе бебка ко грчка божица ти е. :inlove:
     
    На NNA, flower30, bela.m и 2 други им се допаѓа ова.
  3. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    ^Баш така, колку помалку знаеме-толку подобро. Еххх, кога ќе си го вратам филмот години наназад, може полесен пат ќе сум одела ако не бев "стручњак" во областа забременување.
    Инаку, јас тоа за бојата на урината не сум го знаела, спомна некој нели... И коа се запулив во шоља на секое одење. Среќа светла беше, инаку беља работа, мозокот 300 на саат ќе ми работеше.
    Ај да галиме мешковците жени, доста студираме медицина, м? Ве гушкам сите, ако е жешко :hug:
     
    Последна измена: 14 јуни 2019
    На marchi-cool, Septemvri, Мариаа. и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.941
    Пол:
    Женски
    Ајде сега остајте мокрачата, бојата. Не се плашете. Пијте течности и не се замарајте.
    Инаку што помалку читаме и знаеме подобро. Јас пред 14 год бремена со синко кога немаше толку достапен интернет, абер немав за ништо. А имав само 22 год. Не знаев што е цервикс и должина, нити поставеност на плод, ни скрининг, ни плацента напред назад ни цтг а камо ли мерење на движења на бебето. Го родив за 5 мин со абгар 10/10 и се што знаев е родилната висина и тежина и вкупно 5-6 ехо прегледи од зачнување до раѓање.
    А сега луѓе од памет се вадам за се и сешто истата јас и тоа повозрасна да не речам стара.
    Ако ме жегне долу да не е скратен цервиксот? Ако ми протече нешто да не прокрварив или водењак, па мокрача, ако мрда зошто многу реагира, ако не дупла паника...
    Ама се е тоа од премногу информации кои точни кои трачеви на нет...
    Мора да се опуштиме за да имаме сила за бебушите.
    Поздрав мешиња.
     
    На Tedyyy, Magic13, bela.m и 8 други им се допаѓа ова.
  5. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Здр мешиња како сте ми... јас пак со едно глупаво прашање... зошто изметот ми е зелен.. дури темно зелен... (извинете на израз) .. ама ко марсовско е ... :lol: (facepalm)..
    Сакав да го прашам матичниот ама некако срам ми беше... а веќе недела дена е таква боја .. ма скоро две недели... дали има место за паника .. а веќе сум 39 недела и 5 ден... позз
     
    На koritsaki и Presrekna им се допаѓа ова.
  6. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.941
    Пол:
    Женски
    Да не земаш лекарства за железо?
    Или имаш јадено спанаќ, блитва и сл?
    При крај си мила со лесно. Не е страшно за столицата сигурно е од храна или лекови.
     
  7. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Ако пиеш нешто за железо од тоа ти е. И кај мене исто:D
     
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.436
    Допаѓања:
    18.678
    Потполно си во право, премногу се потресуваме. Мене секогаш кога нешто ќе испаничам одма ми текнува муабетот на мајка ми,пред 30 год со инка ве слушаа тебе и брат ти,какви ехо прегледи,брисеви,испитувања. Колку ми се чудеше кога и кажав во 12та недела дека ќе ми земаат брисеви,како,па смее доле да чепка?:D
    Исто и со бебињава,ние како сме расстеле од цицка на кравјо млеко,па после да не речам на маса со мама и тато манџичка:D а не сега вакво млеко такво,ваква каша таква ова требало ова не требало:D
    Баш вчера се смеевме за ракавички,брат ми доби ќерка и само и ставаат ракавици викам извадете и ги треба да распознава,по ново не се става, а она на мене па вие ни ракавици сте виделе ни сме ви ставиле,ни сме знаеле дека постојат:D
     
    На flower30, bela.m, NNA и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    Дали е нормално крв од нос да тече во третото тромесечие ? На два дена оп ете го од нигде ќе протече малку и ќе го снема, а пијам дневно по 1000 ка витамин ц... ?
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.436
    Допаѓања:
    18.678
    Јас мислам општо во бременост е нормално ако се појави крварење во нос заради зголемен доток на крв низ организмот. Ова го имам прочитано во апликацијата за бременост.
     
    На Софија 88, NNA, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    @Presrekna , @Мариаа. Да мешиња.. пиев, порано ама сега не... а баш се исплашив шо не е во ред со мене... а од пуст срам не се осмелив да го прашам матичниот па ни некој мој близок... си молчев но некако собрав храброст за тука да пишам.. си реков мкжеби некое меше има ист проблем како мојот...
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Нормално е срцка. И јас пијам Вит.Ц 1000ка и др ми кажа дека е од тоа,и мене последниве недели ми се деси така. А и без тоа е нормално. :)
     
    На Софија 88 и NNA им се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    и јас сум истата. Со првото читав на друг форум ама малку и прашував за основното. Немав гајле ич,сега дури шубе ми е алишта да купам уште од сега, рано ми е за све,ни креветче ни плакатче сум зела а ми остануваат уште 9 недели. Не сум ни почнала да перам ќебиња крпи бањарки и облека од првото дете што сум ги зачувала. И многу повеќе страв и паника имам и илјада филма си правам ако докторот досега не кажал дека има некој посебен проблем.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    охоо... Колку денес ние сме збеснати... Не велат за џабе родителот е крив а не детето. Со првото од 6 месеци му задавав кравјо млеко и многу "современи" мајки будала ме направија. Синки во мое време формули постоеле. Сега ко ќе чујам од формулите до 2 години даваат ми иде да си се утепам. Па вакви кашички такви... Море во мое време рендано и подварено сум јадела а не сега до 3 години блендирано им даваат. Кај ли отиде светов...
     
    На koritsaki, bela.m, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.941
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja не само нас што не гледале така туку јас синко така го гледав. Од 4 месеци кравјо млеко, од 6 на маса со нас буквално од чинија сарма јадеше непресирана. Единствено овошје му блендирав.
    И еве го 14 год здраво право момче кое буквално се си јади. Од манџи, супи овошје салати. Многу ретко надвор јадеме брза храна.
    Не сум паметна да одлучам како ќе го одгледувам ова бебе. Дали старински или по книга?!?
     
    На Sofi.ja, NNA и marchi-cool им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    јас би старински како и првото ама од пусто читање по интернетов страв за се и сешто мњ фаќа па може и по книга да одам
     
    На bela.m, NNA и Presrekna им се допаѓа ова.
  17. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Како влегов у 8ми овие неколку дена баш бевме вредни,се средивме:inlove: т.е мм среди јас само се шуњам околу него:DКреветчето го наместивме,ни стигна и комодичка и она до него. Докупив се што требаше,па дури и стикерчиња на ѕид кога ставив на крај се стопив :l::inlove:
    Остана уште да се испере и испегла се.
    Како што поминуваат деновиве се потешко ми е ,па решив подобро се да биде спремно. А може дечкото и да не изненади:D
    Во станов се вселивме пред две години и се што сум средувала до сега не ми беше како овој филинг. Никогаш поубаво не ми било:)
    дури и се расплакав на крај.:drunk:Сум се разнежнила ај... сентиментални се последниве недели,хормони на сите страни:D:D
     
    На marchi-cool, Starlič, Septemvri и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.513
    Допаѓања:
    184.121
    Пол:
    Женски
    Труднички Хелоу :hai:
    Се сложувам дека што помалку гугламе симптоми и извештаи од доктори подобро за нас.
    Ама како не гледале нас, и како денеска се растат децата, не сметам дека е некакво претерување.

    Плус Македонија воопшто не е репер за како се гледале деца. Денеска сите си патиме од нешто, и тоа млади луѓе, кој тироидна, кој маснотии покачени, кој гастритис, секој со некаква дијагноза е, а и сите статистики велат дека сме најгојазна нација во Европа, што не е ни малку наивно. Плус многу работи не ни биле достапни, па нашите ниту знаеле, ниту имале како да дознаат, ниту имале избор. Кога му објаснував на маж ми за тетра пелени, оти и јас и брат сме израснати со нив, тој никако не ме разбираше. Оти мајка му и за него и за брат му кој е постар користела памперс од пред 35-36 години. Кај нас тоа време памперс било мисловна именка.
    И за храна, повеќе ми се допаѓаат препораки од СЗО отколку на своја рака да преземам работи. Медицина отишла напред, времиња се смениле, вируси и алергии измутирале. Денешната храна ниту може да спореди со таа што нашите ја јаделе на пример. Денеска квалитет на храна е веома врло дискутабилна тема.

    Блазе @Мариаа. се си средила. Уживај сега, гали меше и брои денови. :inlove:

    Ние заглавивме во административен лавиринт и никако да почнеме со селење. :| А нова машина и фрижидер чекаат во магацин да бидат доставени, купени уште пред 2 месеци. (facepalm) Кревет уште немаме нарачано. :tmi: Маж вели се наеднаш ќе излезе на крај, и селење и спремање и бебе. Аман заман веќе. Само на добро нека е.

    Убав ден ви посакувам. Ја фаќам пат под нозе и некоја плажа. :sun:
     
    На Kaetana, eta, Magic13 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    9.859
    Пол:
    Женски
    Се случува,нормално е.
     
    На Presrekna и Софија 88 им се допаѓа ова.
  20. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    4.995
    Мене па тие муабети во "мое време" ми се претерани малку. И јас може сум ги користела некогаш, ама сега веќе како читам ги избегнувам. Во мое време пред 30 години било, се' е напред оди. Тогаш слушле препораки од доктор, но повеќе се воделе од искуства од баби,стринки, тетки... Ако не спие дете, или ако се помочка, уплав има, на бајчка, ако е нервозно или детето не знае да се искаже, туку размазено е. Храна се бутало од многу мали. Според мене, вистината е некаде на средина. Нашата генерација е многу умна да процени и да разграничи. Мене ме мачкале со свинска маст, јас тоа не би ни под разно. Ми давале кравјо млеко, од крава на роднина, сега крава кај да барам. Јајца од домашна кокшка, ни тоа немам. Денешниве деца, па, од друга страна се такви какви што се, затоа што растат во друго време, дигитализирано. Времињата се менуваат.
    Да не чувале нашите во ова време, веројатно исто би не чувале како сега ние нашите деца.
    На крај на денот сите ќе си се водиме по детето и сопствено искуство.
     
    На eta, NNA, Magic13 и 6 други им се допаѓа ова.