Мајки ме фаќаат грчеви во левата нога, од горе од колкот, и многу тешко ме пушта. При движење позади на грбот како да ми се трлаат коските една со друга.. Нормално ли е тоа. Работата ми е многу напорна, помислувам да земам патолошка барем две три недели за да одморам, страв ме фаќа да не направам пакост. Инаку сум 14+5..
^Отиди кај матичната и кажи и како е работата. Убаво би било да се одмориш малку. Па плус и жешково... Види што ќе ти каже.
И јас не би давала на дете тетрапак кравјо млеко. Прашајте било кој нутриционист и никој не го препорачува ни за возрасни, а не па на 3/6месечно бебе да му се дава. Порано може ми давале сум јадела ама толку сум и здрава. А пак било горе доле природно и дирекно од крава варено, а не купечко. Само видете го рокот и се ќе ви биде јасно. Млеко да има рок два месеци и да се тешите дека на детето ништо нема да му биде? Исто и со стекот. Денес е полн со хормони. Јас како мала само стек јадев со брат ми како демек најздраво и не е толку мрсно како другите месишта. Затоа гради ми пораснаа уште во четврто и до ден денес си примам хормонски терапии од што ми се пореметени. Не дека сега ако храниш здраво со овојшје тоа е стварно здраво во смисла дека овошјето и зеленчукот се прскани по 100пати ама пак наше е да дадеме се од себе и да го одбереме помалото зло.
Дали некоја ја болат нозе ? 20+5 сум и нозеве од колена надоле толку многу ме болат, не можам да заспијам навечер од тапа болка. Немам отоци, само 2 кила сум поправена, не знам од што ме болат толку.
И мене ме болат, неможам да заспијам навечер. Нормално е, и со претходната бременост ми беше исто. Јас мачкам еден гел алгасан, лади и малку од малку помага за болката.
јас 31+5 абер немам,нит нешто сум купила нит сум ги испрала алиштата кои ги имам. Си велам рано е рано е рано е... или не е?? За првото дете си купив плакарче уште после 4тиот месец. Сега не знам плакарче ли да земам комодичка... Ако не ти е тешко пушти слика од комодата да ми дојде некоја идеа што да купам/направам. Ако не тука во лп пушти слика.
Ааа ти си смени термин на 18ти Август, а се водиш по недели исто како мене и @Мариаа. не е фер И јас немам ништо купено сите викаат рано е рано е ама мене страв ме фаќа сега не можам по жешково да одам да пазарувам ами Јули и Август па ич одвај нешто ситно од козметика земав само. Ептен ме маваат филмови за да купувам големи работи уште сега...
точно ретко кој ќе го погоди терминот ама ај. Демек сум забременила 6 дена покасно па ми смени термин од 12ти на 18ти мада врска немам што значи тоа покасно порано. Јас искрено се надевам на порано да се породам ама кој му знае. Инаку веќе време е жешково ќе не спречи во подготовките. Верувам дека и пожешко и потешко ќе е.
@marchi-cool еве ја. За почеток ќе се најде,за понатака ќе му спремаме соба. Сега сакам со нас во спална да биде. Иначе не е рано јас се осеќам многу немоќна веќе не планирам до последно да се туфкам. Жешково ме премисли ,набрзинка се да средиме. Си гледам по мене ,до парк да отидеме немам сила до дома да си дојдам @ocicka2014 јас и ти останавме орцето да го поведеме за најлетните бебушки другава колешка ни помести датум
Со здравје да си ја користите, многу убава. И мене ми треба нешто вакво, немам место повеќе во плакарот, одвај нашите работи ги собира. Од каде е купена или по порачка е правена?
Не знам магнезиум дали пиеш, ама тоа го препочуваат. Добар ден, Ми стигнаа резултатите од Нифти тестот, се е во ред. И бебуш е машко
Овој магмезиум го пијам, ми го препиша докрторката, да го прекинам ли? На контрола сум во вторник....
@duffi се надевам дека ќе биде се во ред натаму @Starlič јас користам Магнезиум директ, ама мислам нема врска каков е и од која фирма. Пиј го до контролата и ќе ти каже, може да ти помогне само, нема штета од Магнезиум. И консултирај ја за патолошка, може ќе ти препорача докторката малку одмор
Девојки како се стига до патолошка? Нешто ми се увртело во глава дека тешко даваат? Јас сум моментално на боледување од матичен уште некој ден, на скрининг кога бев му реков на докторот за боледување,он пишал во извештајот ама ставил шифра нормална бременост и матичната се налути зашто така пишал не било валидно,она ме водела со шифра за ризична бременост. Од неа имав 14 дена, од него ваљда 30 дена и после што?
Се зависи од матичниот гинеколог...јас сум на патолошка...на матичната и кажав дека не можам да одам на работа зошто работата ми е претежно физичка и ми пиша дијагноза заканувачки абортус.После тие 14 дена матичната ми даде упат за на конзилијарно на гак каде само гледаат дали има срцева акција плодот и се водат по дијагноза и извештај од матичниот и даваат мислење да се продолжи боледувањето(кај мене по 1 месец даваат).Со извештајот од конзилијарно и предлог од матичниот гинеколог се оди на комисија во букурешт каде ти даваат боледување според извештајот што им го носиш.Не е компилицирано...ако нешто не ти е јасно слободно пиши ми поздрав
Posle 14 dena so izvestaj od specijalist ke ti prodolazat vo bukurest pa posle se odi na konzilijarno vo drzavna, mozes i od privatni vo remedika naplakaat okolu 2500 den za izvistej
Ви благодарам. Најдов интересно видео како се развива бебето во меше кај мама: https://www.facebook.com/163158683825218/posts/1327147214093020/ https://www.facebook.com/163158683825218/posts/1327147214093020/