ооо .... Мене втора бременост ми е па се тресам многу повеќе одколку со првото. Ништо не знам како беше се сум заборавила а и плус паничар станав,еве големово малку да зашмрчи сега и одма почнувам да кукам а замисли со бебе кое плаче а ти уствар не знаеш што му е.
Почна желудник да ме боли. Смеам нане да се напијам? Се си мислам дека од вит.Ц и таблетите за железо на гладно што ги пијам ми е. Како ги пиете вие на гладно или после јадење?
На последново ехо во извештајот докторката ми напишала “Забелешка: Да следи фетални движења” 29 недела сум. Кај сите го пишуваат ова во овој период од бременоста?
јас и железо и витамин ц на гладно ги пијам, така и се препорачува за да се апсорбира подобро ..инаку и јас почнав како тебе маки со желудникот, работењето на цревата и хемороидиве, се повеќе ни удираат на органите затоа е веројатно така последните три месеци ...за нане незнам дали смееш, а за бадеми, млеко ладно и јогурт имам читано дека наводно помагале така да пробај нешто од ова ..
Леле фала Софи љубави ич не ми текна за млеко. Ќе се напијам. Иначе готово желудникот мислам у врат ми е дојден,да дишам неможам. Кај тебе уште потесно им е на срцките Ајде уште малце,стискаме заби
Ништо мила ќе се издржи мора, откако затопли мислам душа немам, нема што не ме фати овие месеци... откако влегов во седми едвај дишам да ти кажам, по неколку пати на ден се борам воздух да земам, за лежење ниедна страна не ми одговара веќе, се препотувам како свиња станувам, цела лепам, а клими не трпам и никако не сум, претам, мрдам сафра ме фаќа, да стојам, шетам немам сила , ... куковиве ми се укочија, грчеви почнаа абе што да ти кажам патешествија
Јас кога пиев апчиња за железо (не бев бремена) ги пиев на пола јадење и не трбаше да биде со млеко и млечни производи, доколку пиеш млеко за желудникот гледај да има барем 2-3саати од апчето за железо
Мене ми кажаа после главен оброк да ги пијам и докторката и в аптека. Напи се чак од нане и млеко помага за болка во желудник.
Мојата матична не дава извештаи за дома,ама не ми е ништо страшно тоа што пишале. Секако после 30 недела треба да обрнуваме внимание на феталните движења бидејќи ке почнат да намалуваат, просторот се стеснува бебите растат.
Поздрав мешиња. Ние сме Грција на одмор. На Меше му одговара плажа, одмор, храна. Времето идеално не е многу топло. Нане во бременост се пие така ми рече др. @Софија 88 и јас 2 ќе раѓам и паника ме фаќа. Голема разлика, ново бебе, нормално е... Малку хормони работаат. @Septemvri и јас вчера бев на фризер. Мора да се средиме убави да сме за бебушите. Поздрав
Железо и витамин Ц не се пијат на гладно ако имате проблеми со желудник. Пробај после јадење да ги пиеш да видиш разлика. И секако, нане можеш да пиеш без проблем.
Јас кон ова дете што го носам ништо не чувствувам... Воопшто не ме исполнува... и несум сигурна дека сакам да го родам... Сакам да абортиртирам.. Чувствувам како да не е за мене...
Има ли крај? Веќе нерви ме фаќаат. Мислам дека треба една тема, труднички муабети за трудници со надминат термин и нивните слаби нерви. Само нека има среќен крај, се' ќе заборавам.
@Presrekna убав одмор и уживај со мешко @Starlič не знам која е причината за ова што чувствуваш, ама не се сите трудници со такви чувства како да се "на седмо небо оти се бремени". Јас и со првата бременост што немав маки, а и сега што од старт искачаат некои проблеми не можев да се чувствувам "филмски" за бебето кое го носев/носам. И ете може глупо, се породив ми ја дадоа и сите викаат плачат од среќа, а јас ја погледнав и онака и викам на сестрата "зошто е модро бебето". Па ме погледна со таков поглед ко да ме кара, рече само што се роди, добро си е Е после се јавија такви чувства, кога дојдовме дома. Пак ќе кажам, не ја знам причината за тоа што чувствуваш за ова бебе, ама ако не е нешто сериозно дај си време. Сега и хормони, страв што и како ќе биде влијаат многу. Ти посакувам да си го направиш вистинскиот избор и она што сметаш дека е правилно
Jas mila sum beter od tebe, sekoj den sum se pozamislena, ni muabet mi se praj ni nis.. edna strav u koski koga mi vlegla, kqko ke bide,so ke bide, kako ke se snajdam, so ke pravam, ke Izdrzam li. U glvata imam iljadnici prasanja u sekunda....
Какви се тие глупости Старлич не се занесувај. Те знам од подршка колку го посакуваше ова бебе и колку се радуваше на позитивниот тест. Моментално ти работат хормоните и имаш измешани чуства. Сите гледаме слики од како е да се биде трудница, но реалноста е многу различна. Ти се гади, повраќаш, отоци, болки, жештини посебно сега, се ти смета, немаш желба ни енергија како порано, ти се спие, еден куп обврски и испитување по лекари, стрии, сите ти солат памет или дека треба од се да каснеш да јадеш за двајца или пак дека си многу поправена/ослабена, сите се експерти и за козметика и за алишта па и за пораѓај што треба да правиш, па на крај и да се спремаш ова фалело тоа фалело... уштее да набројувам ли.... Тоа паѓањето во несвест со мудри мисли од нет и обајвување на фб пол, термин, лоадинг во проценти со срциња како одвај те чекаме, видеа мажот како го бацува стомакот и сликање во огледало со напрчен мев секој ден и мене не ми е јасно и не чуствувам потреба да го правам и на социјалните мрежи. Од тие работи што ги гледаш си помислуваш дека нешто не е во ред со тебе. Претпоставувам дека е тоа. Сите сме различен карактер. Има мајки кои воопшто не ставаат слики од детето на социјални мрежи ама има и што се оток по 10слики дневно. Верувај дека она првата си го сака детето исто како и втората. Престани да ги гледаш идеалните слики од бременост и отвори на јутуб видеа како да размислуваш позитивно. Почни да одиш на јога или масажа за трудници. Ако мислиш дека ништо од ова нема да ти помогне не е срамота да посетиш и психолог. Сепак мислам дека ова ти е само период и е некоја предпородилна депресија, страв од непознато, од нови обврски и улоги. Отвори тема чинам ја имаше тука на форумов "кои беа првите зборови кога го видовте бебето" (така нешто), ќе видиш дека нема многу плачење и воодушевување Моја другаарка искоментирала леле што родив право мајмунче На крај имаше една многу добра кружеше на фб "ми се јавуваат после породување да ми честитаат и веднаш ме прашуваат - на кого личи? Личи на компир јебо те, само што се роди"
Де бе женски уживајте, па не мора ни цело време да се мисли на бебето,не мора се да се врти околу бебето, наоѓајте си некоја занимација. А дека ќе се справите тоа секако, инстинкт е. E заради ова избегавам муабет за бебето, освен тука на форумов. Не ми требаат ,,експерти'', најмајки, тешки филозофи, форсирање глупости, најмалце па бабини деветини. Јас СЕ си знам
Некогаш не можеш да ги избегнеш. Врв на кариерата ми беше муабет од непозната особа пред чекална кај доктор од кога ми понуди од кифлата што ја јадеше и културно ја одбив, како она исто така одбила и за малку ќе го пометнела бебето таа ден додека не отишла и купила исто такво јадење како што и понудиле, а не зела Не знаев што да и одговорам бидејки мислев дека халуцинирам не ми се веруваше дека тоа ми го збори И само ја изгледав како теле некое Ептен ме интересира каква ми била фацата во тој момемт