@koritsaki и во гр слушаше такви муабети? Оти овде често гледам бебиња само што родени си ги шетаат. Вчера на плажа колешка на мм беше со бебенцето кое за 2 дена 2 недели ќе праи. Нормално во бар, не на сонце. Ајде ти доаѓај кај мене, ќе се “плажираме” заедно. Измачкав маж со крема и го пратив на пливање, а ја вака Спојлер Може нареден викенд ќе се охрабрам и ќе влезам да се прошлапкам и ја во море, иначе се ќе остане на “силење” и барање изговори зошто да не пливам.
Јас не чувствувам ништо. Немам мачнини, немам тешкотии исто како да не сум бремена... И едноставно така мислам дека несум вредна да чувам дете. За овие месеци многу стресови преживеав, и се нервирав, воопшто не помислив на него дека не треба да се нервирам , бидејќи и тоа чувствува.. Кревав тешко на работа, плачев... Едноставно заборавам дека сум бремена... дека има нешто во мене.. Затоа мислам дека несум вредна за тоа дете...
Немој, те молам да се оптеретуваш со такви мисли. Верувај, може не сите, ама повеќето така се осеќаме. Ете уште подобро што немаш ни мачнини ни болки. Ок, си кревала оти си морала да работиш. Ок, не си размислувала за бебето. Ама ете ти знак, дека тоа бебе те "одбрало" тебе. Колку си била и активна и си кревала тешко, а тоа бебенце останало во твојот стомак. Ќе почне да мрда, ќе го гледаш на ехо како се развива. Ќе се роди, ќе ти се насмее, ќе мириса прекрасно. Не се нервирај, што било и што си чувствувала поминало. Сега размислувај на позитивни работи и за тоа бебенце. Разговарај и со маж ти, или пишувај овде кога ти е тешко или имаш такви мисли. Никој нема да те осуди. А вредна си за тоа дете, верувај
Му кажав и на маж ми за тоа, дека сакам да абортирам, вика луда си.. И ме пипка по мешето и вика на бебуш не ја слушај мајка ти што збори, сега е малку лута... Ама ќе и помине... Како да несум спремна за сето тоа...
@Yowannty да , ќе се најде некој нешто такво да каже грците се бетер од нас , па кога ќе видам на мало бебе закачено шпенагла со окце (против уроци) коса ми се крева многу ме нервираат такви работи уф Аа женска уживај , би ти дошла на гости , фала , ама јас уште купач за трудни не си купив пред недела дена бев на море по вторпат годинава, ама не се бањав некако немам мерак сега за сега викав денес да отидам барем на кафе ама времево кај нас зезнато е денес секој момент ќе заврне.
@Yowannty @koritsaki Ај бе земете не сите Грција Јас не можам да преболам што нема море да видам оваа година
За тоа не ти треба да си спремна.. мајчинскиот инстинкт се развива откако ќе го гушнеш бебенцето...по некои чувства се појавуваат кога ќе го видиш на ехо како мрдка во мешето , кога ќе му ги слушнеш отчукувањата на тоа малечко срценце... на почетокот и јас бев таква.. на раб не се пазев воопшто.. и тоа 4 месеци бремена јас кревав гајби пакети и се шо беше тешко бидејќи работам во маркет... но кога заминав на вториот скрининг и кога докторот почна детално да ми го покажува бебенцето од глава до пети моето срце затрепери и заплакав зашо сум била глупа кога сум мислела дека тоа бебе е непожелно. Сега едвај чекам да биде покрај мене.. да се гушкаме и бакнуваме.. денес влегувам во 40 недела... денес ми е и термин но бебе нема абер за искачање.. му се уарнило внатре.. си ужива... Затоа мила не се оптеретувај со лоши мисли, искочи прошетај по дуќаните за бебешки раб и облека.. купи нешто за бебуш ... реласирање е тоа верувај... полека тие црни мисли ќе ти исчезнат и едвај ќе го чекаш денот за доаѓањето на бебче.... позз и биди храбра... бебуш не сака нервози.. зашо ако мама е нервозна и плаче и тоа е такво.. чувствува сé...
@Starlič никоја трудница не е спремна. Јас второ чекам, па "трески ме тресат" како ќе се снајдам. А пред 3,5г сум го поминала тоа. Ама ќе се снаоѓаме. Ќе си разговараш со сопругот да ти помага, да делите обврски. Ќе си побараш помош(ако сметаш дека не можеш) од мајка/свекрва/сестра.... Не е тоа ништо ни лошо ни срамно. Почетокот е тежок, во смисла збунувачки. Ќе ти биде се ново, ќе ти биде страв.. Ама за кратко ќе се научиш. Ќе биде се добро, ќе видиш. А за тоа @Sesil што пиша се си знае за со бебето, јас ќе кажам алал да и е. Нема врска која кога останала трудна и колку чекала, има врска карактерот. Мене првите 1-2 години ми поминаа во нервози од другите. Мислам нервен слом добив. Сите, посебно најблиските ти "диктираат" како со бебето. Они знаат како треба, они знаат се. Ме побудалеа, ама буквално. И пропратено со бабини деветини, така требало. А јас секој да испочитувам, да не навредам се слушав. Па и таков карактер сум, мислев ако не ги послушам за некои бабски работи што ми кажуваа, ме ставаа во мисла дека ќе се деси нешто и се правев. Де под креветче шо се ставаше, не искачав навечер.... Па ми ја "подуја" главата со купечко тетрапак млеко да сум давала уште на 2 месеци, па детето немало да ми прооди ако не е во дубак Сега кога пишувам ми иде да си ја удрам главата од ѕид.
Не сум ни јас од тие плукни - залепи. 4 години го чекав. За тие 4 години секој пар со кои сме блиски добија бар по едно дете. Сет муабет се сведи на бебиња и бебешки ствари. АКо не научив какво шише треба, какво млеко, од кај шо да купам, што да прифатам во одледувањето, а што е no sense, нема потреба допрва некоја бабетина чии деца се родени 63ќа да ме учи со бабини деветини како се глеат деца. Атер па некому да правам за мое дете, нема теоретски шанси. Како си ги изгледале нивните - така, мое дете - мои правила. Адетите погоре се вртеа од другарки нивни свекрви, тетки, баби, што им ги кажувале, моите не смеат уста да отворат, ме знаат каква сум и дека ќе има покољ ако почнат.
Me naezi i ne bi sakala da sum na tvoja koza bidejki sigurno ti e mn tesko....pretpostaviv deka ne e samo do hormonite nego si opteretena i so drugi raboti....sekojdnevnite obvrski, stresot i problemite ti ja oteznuvaat rabotata i potoa mislis deka nema da uspees vo majcinstvoto. Samo misli na toa deka vo sebe nosis angel koj vredi povise od tie negativni raboti koi te opkruzuvaat. Mamicki Jas sega se spremam da odam vo newborn bidejki postojano imam bolki osobeno ovoj mesec i da vidam cerviksot dali e skraten... Ve guskammm
И немој ни да даваш да ти кажуваат до степен на перење мозок. Оти на почеток си збунет, бебе плаче, ти не знаеш што да правиш. И се ќе ти смета, и банални работи. Еднаш отидовме до свекрва ми и малата почна да плаче без престан, буквално без престан. А само што влеговме. И она оди по мене и вика дај ми ја мене. Ај ја дадов, не бре се дере. И отидов во другата соба, дете зајдува се дере, јас вртам кругови од нервоза, она оди по мене и ми вика дај ми ја. И јас молчам И мм се развика "вика мајката ако не може да го смири детево, ти ич не можеш. Остави ја". Ама тогаш во такви моменти ти иде да земеш дете и во шума да се скриеш од сите А ок е совет да побараш и да добиеш. Ама не ако свекрва /мајка ти дала млеко од крава на 2 месеци дека мораш и ти
@Starlič не размислувај на тоа ,хормоните во тебе работат. Јас пред да дознаам дека сум бремена никогаш несум ги задевала дечињата и коа ни иделе на гости а сега рацете од мешето не си ги тргам дури маж ми и на спиење ме сликал како си го галам мешето, се ќе се среди само биди позитивна . И мене ми е страв како ќе ме биде но ќе се снаоѓаме ќе прашуваме читаме .
@Starlič ти завидувам на бременоста која ја имаш. Ти баш можеш да кажеш дека си трудница која ужива во бременоста Замисли мене како ми е,еден месец пред да останам бремена прокрварев-биохемиска бременост,го изгубив плодот. Кога потоа видов две цртки на секое идење во вц детална анализа на тоалетната хартија од страв да не има нешто розевко,кафеавко. (И ден денес тоа го правам) потоа почна гадењето, а по некое време и повраќањето. Како жив мртовец бев и ослабев 5кг. Таман здивнав некоја недела, ми открија скратен цервикс-ризик од предвремено породување. Еве трета недела сум во кревет,а како ми изгледа ќе останам до крај на бременоста. Но ќе бидам жртва за ова бебе,затоа што толку многу го посакувавме и едвај чекаме на секоја контрола да ни кажат дека е во ред. Ти девојко со така лесна бременост можеш на раат да си прошеташ,да си разгледаш и купиш се што ти е потребно за новиот член во семејството која недела си? Фрли ги црните мисли од глава, ти наскоро ќе станеш мајка. Ќе можеш најголемата љубов да си ја гушкаш во твои раце
Тоа се деца родени на море, преку пат им е морето. Како ние ги носиме низ парк, они седат на ладна сенка покрај море. Поарно здавје. Деца има и без грчеви, моето е едно од нив. Надвор уживавеше, го вадев од пред да наполни месец. Прошетките ни годеа и мене и него.
Срце,ни ја не осеќав мачнини воопшто.Кон бебе осеќав само страв мислев нема да знам да чувам.Страв од непознато.И кога ми ја дадоа прв пат исто осетив страв реков тргнете ја.Тоа е се нормално.Алииии после ќе гризеш за нејзе,сите попреку дури и маж ќе гледаш со резерва кога ќе сака да го земе Ајде само позитивно и да се смееш на овие бубачки кога ќе се роди
@srekice те читаме ние во другите теми, чекаме да видиме што ни следи. Одма си станала згодна, спремни за шетање сте. Браво. Џабе предност и тоа ние што сакаме. @cinderella5 и јас редовни сме на цтг, ама момченцава во нас диктираат.