@Мариаа. Ајде доаѓајте. Јас друштво многу сакам. @koritsaki Лелее како го промашив тој факт со тие пусти уроци сите се опседнати овде. Пред некој ден и маж ми, ми вели требало алката со окото да ја носам, сега трудна, требало да се пазам од уроци. Нормално превртев очи, и тој планира такво око за на количка. Што да праам.. не ќе се расправам ако стаи стаи. Ко ќе забораи ќе тргнам. А вистина на сите колички има сум приметила. Ајде ова лето одминува, ќе праиме некоја собиранка наредно. Бебе нема да знае кај е, се дур не зазнае до 2-3 години, ама затоа родителот ќе знае. Дури и грчеви да има, 20 минути надвор на воздух ќе му биде 100 пати боље него дома затворено и бавтање во раце од соба во соба. Крај краева, за среќно бебе/дете треба исполнета мајка исто така. Не е дека дете ќе имаме и готово да го остаиме на страна нашето психичко здравје. Пред нас е убава и исто така многу напорна авантура, каде сите треба да сме среќни. @Starlič мила, тоа што ги испитуваш твоите одлуки и што мислиш дека нема да си вредна, не те прави лоша личност, ниту ќе те направи лоша мајка. Тоа те прави човек. Никоја од нас не е совршена, и сите ние ќе се случи да згрешиме некаде во нашето родителство. Ама се што ќе правиме ќе биде оти ние сме мислеле дека така е најдобро. Ќе помине и ова, ќе се смират хормоните, и ќе бидеш и многу по ентузијастична и многу посреќна. Не грижи се.
@Yowannty ајде на количка ок, сепак не му е на дофат , ама имам видено на бебе на облека закачуваат такви работи Така е , секој што сака нека си прави
И јас првите месеци ништо не чувствував и дури тргнав еднаш да абортирам ама ме фати страв некако и си се вратив дома, првите два прегледи во 6та и 9та недела немаше ни б од бебе на ехото и не ми беше некако жал да го абортирам, ама на прв скрининг кога отидов во 13та веќе заличуваше на бебе и некако почнав да се пазам, тогаш прв пат земав и витамини да пијам, после во 19та недела прв пат почнав да го чувствувам, ее од тогаш до сега цел ден си го гледам стомаков, па си анализирам еве му го ноџето, еве му го газето, сега со раче ме мавна 35та сум и едваај чекам да го гушнам Сѐ ќе биде како што треба, мислам дека секоја трудница поминува низ еден ваков период, нека ти е со лесно бременоста и се надевам дека ќе бидеш мноогу мноогу среќна со твоето бебенце
Денес прво онесвестување На работа, капак на се.Сега стравот во коски ми влезе . Бев на лекар, бебе тука е, срцето му чукаше, толку видовме. Утре прв скрининг, ќе ја молам докторката да ми даде боледување . Притисок низок, ми вика пиј кока кола, јас да ја видам ќе повратам не па да пијам. Тешка трудноча оваа, тешко и времето надвор. 12+3 денес, се надевам уште малку ќе бидам подобра
Предпородилна и постпородилна депресија се толку многу чести а кај нас ниту се зборува на темата, ниту имаш поддршка ако отворено ги споделиш мислите. Од секоја жена се очекува да сака да биде мајка, да биде среќна кога ќе остане трудна и секако кога ќе се роди бебето веднаш да биде приврзана и супер мајка. А во реалност жените се борат со тешки мисли и депресија, и најмалку што сакаат да слушнат се осуди. Сите мои другарки имаат деца, сите се среќни и исполнети, но во еден момент една другарка отворено кажа дека кога се родило бебето не можела ни да го погледне, а не да се грижи за него, дека имала потешкотија да го прифати подолго време. И сите останати се согласија дека им било многу тешко и имале негативни мисли, само некоја повеќе, на некоја помалку. @Starlič, јас можам само да ти кажам дека не си сама и дека многу жени се борат со истите мисли, и дека твоите мисли не те прават лош човек и лоша мајка.Читај повеќе за овие видови на депресија, и зборувај отворено со партнерот како се чувствуваш затоа што ти и твоето здравје се исто така многу важни. Сподели ги мислите и со матичниот доктор , можеби ќе знае да те упати некаде на разговор.
Јас се заебав.Мали се од бутки нагоре не идат.Ајде не ти требаат ако си природно земинобични труднички и пред визита ќе соблечеш
Јас кога се породив по правило викаа да не носиме гаќи, само влошката. Ама носевме гаќи и пред визита се туширавме и ги соблакавме. После визитата пак облакавме обични гаќи
Да кажам нешто, иако се породив пред три месеци. Никогаш не бев дечар, не сакав деца, мислев дека ни мои нема да сакам. Ама некако со маж ми природно ни дојде да сакаме да створиме наше дете. Една година се обидувавме и тогаш кога веќе се спремавме за подетални испитувања бидна. Од првиот момент кога го видов тестот се прашував како ќе се грижам за ова дете, дали ќе го сакам. Сите во моја околина имаа спонтани абортуси, па така мислев и јас дека нема да дочекам срцева акција. И тивко во себе си мислев дека ќе ми биде олеснување, а потоа 100 пати се преколнував што јадам гомна да ми извините. И слушнавме срце. И ми олесна. Ама уште не ми беше верно дека сум бремена. Дојде време за прв скрининг. И ми е мило, и ми е сеедно. Не можам да опишам. Првично ми кажаа дека е машко. Не знам зошто ама јас се утепав од плачење. И тогаш се преколнував да се смирам, ама џабе. Се чувствував како најлош и најнеблагодарен човек на светов. Подоцна се утврди дека е женско па криво ми беше дека се навикнав на идејата за машко. Бременоста одминуваше, јас цело време бев максимално активна. Во ниеден момент не ми беше страв од пораѓај, туку дали ќе го сакам пва мало човече. Дојде време за пораѓај. Ме уништија во болница скоро 2 недели, за кога ми ја извадија со царски и ми ја донесоа да ја бубнам, јас некако не осетив ништо. Во болница се ми е во магла мислам, а кога дојдовме дома секој ден плачев. Тешко ми беше да сфатам дека ништо не е исто, дека јас не сум иста. Уште не можам да се гледам во огледало, не сум горда на лузната, на стриите после пораѓај што излегоа па уште помалку. Правев се, затоа што морав. И морам да признаам, многу црни мисли ми се мотаа по глава. Малку подолго ми требаше да се поврзам со бебето. Сега се е позади мене, човечево до мене го обожавам. Всушност од првиот момент кога во видов тестот го обожавам, само не бев свесна. И се ќе направам да е среќна. Уште ми фалат моментите на само со маж ми до ниедно време, ама па кога го гледам него со неа, сфаќам колку вредеше се.
Od panika zaboraviv da si zemam gaki od doma, a me primija na patoloska pa ova mi bese edinstven spas deka ne se perat
Мешковци бидете благодарни што Бог Ве благословил со растечко меше... со едно ангелче во Вас, со едно суштество кое подоцна ќе биде цел Ваш свет... со рачиња мали и слатки околу вратот... бидете благодарни што за некој месец откако ќе пораснат ќе Ве викаат МАМО... јас мислам дека тоа е најубавата улога во животот на една жена... да биде МАЈКА... Верувајте некој дава пари за да биде вака благословен како што сме ние овде... ама не секој може да ја има таа улога во животот... некогаш и Господ е неправеден, дава таму кај што не треба но сепак не ги знаеме неговите патишта и мисли.. можеби има нешто што тоа така го прави.. но ние не сме тука да судиме.. ние сме тука да го следиме ... да уживаме и да сме среќни што токму нас не благословил со бебенце...
Така е. Женичке ти до кај си? Одиш ли на цтг? Што ти викаат? @srekice @drugarka одиме на цтг ама момчињава се зафркаваат со нас. Мене ми викаат после 7 дена над термин ќе ме задржат а може и поише. Кој што прави, седам дома и плачам. Блазеси ти се олесни и се гушкаш со принцезата ајде побрзо да се читаме во Бебе
Одам на ЦТГ денес бев, мирно е се.. нема болки нема знаци дека бебе треба да искача... ме вратиа, ми рекоа да следам фетални движења и ако имам болки да се јавам на клиника... 1,5 цм отворена скоро две недели.. така ќе си терам, денес беше терминот ама и денес нема ништо ... па си седам дома и си очекувам дека на овој мој синко ќе му текне да искочи..
Знаете ли што ме мачи мене.. Се ми е насоберено... се ми е преку глава... Се плашам од се.. Денес внука ми прави матура дома, од друг град е, јас сум втора смена не можам да отидам, бидејќи сабајле морав да одам во друг град да се сликам за лична карта, и заради тоа неможев да се сменам.. Моите дома не ме разбираат... Дека навистина не сум во можност да отидам а сакам... Нели треба на тоа дете да му се даде нешто, моментално скршен денар немам за да подадам... И се лутат сите... Од работа не сакаа да ме пуштат бидејќи сме малку персонал, во маркет работам, ако земев боледување ќе ми се качеа на глава шефиците... Низ нос се ќе ми извадеа... Мислевме со маж ми како да направиме ама никако не ни одговара барем да се појавевме. Брат ми на мајка ми и рекол дека кога ќе се породам нема да дојде кај мене... Мака ми е. 8 години сум во Скопје, ниту еднаш не ме прашал дали имам или немам... Дали можам или неможам... Кога ги викавме на роденден на мене и маж ми не дојдоа, на свињокол исто не дојдоа, никој не им замерил, никој не им пререкол... Не ме разбира никој... Кога ќе отидам дома сама ќе ми се качат на глава... Маж ми ми е најголема подршка.. Извинете на рефератов... Пукнав... решив веќе да не се нервирам бидејќи ако ми се случи нешто нема никој да ми даде сила, поддршка, и да ме држи за рака.. Сам ако не си помогнеш и не се чуваш нема кој..
@Starlič Немој да се секираш за никој, ти маж ти и бебенцето ќе си бидете семејство. И брат ти и твоите веќе се само поширока фамилија. Дека ти е криво нормално е, на сите би им било криво, но не се битни до толку сега. Сега ќе имаш свои проритети. Не сте ни први ни последни така. Период е, ќе се сменат работите. Ја имаш најголемата подршка на светот. Од тој што сакаш, со кого си дома, таткото на твоето бебенце, и заедно и планини ќе рушите.
Срце мое со нервоза само му штетиш на бебето.Тоа се осеќа и е вознемирено,ќе видиш кога ќе отидеш на скрининг и ќе ги видиш тоа мало човече.Бесценето нешто Ако твоите не те разбираат тогаш нивен проблем,внука ми минатиот петок правеше полуматура.И реков на сестра ми неможам да дојдам извини,поклонче ќе си добие здравје но имам побитни работи .Се љутеле или не ми е гајле .Тебе ти е сега ова хормонска фаза,во телото се случува хаос . Ако се чуствуваш способна да работиш работи,ако не објасни им .Знам има аждаии колешки но како Господ никој не е,а тој и те благословил и рекол Старлич ќе има бебуле и така и ќе биде.И дај тоа бубачињата од глава бркај тамо а на колешките и сите други по ред дај им по една метла да одлетаат Чувај нерви за кога ќе се породиш
@Starlič јас на прв скрининг кога бев ми,на ехо бебето беше легнато со мешето,со газето свртено накај нас и со рачињата нагоре играше нема да ти се верува колку е развиено од последната контрола. За на работа ич да не ти чуе за колешките,и јас бев на боледување и покољ се направиле кој да ме менува ама јас искрено ич не се замарав со тоа зошто најважно ми е бебето. За внука ти кога ќе си при пари купи и нешто и однеси и. А на брат ти ќе му пројде за 5-6 месеци кога ќе стане вујко
И јас сакам да земам боледување или патолошка,за да одморам малку,маж ми вика, здрава и права си ништо не ти е, зошто да земаш, на бебето ништо не му е, господ гледал демек не е убаво што ќе земам боледување или патолошка грев било.. Матичната неќни ја прашав рече дојди ќе средиме.. Не ми се оди затоа што никој не е фер... затоа што се како змии гледаат која прва отров да пушти... Сакам да им се одмаздам... со тоа што ќе ги оставам без еден човек. Не сум безобразна нели???Поточно сум на месара и напорно ми е малку... Советувајте ме што да правам..
Навистина ли? Леле ме израдува сега.. Утре правам прв скрининг, и би сакала да го видиме убаво.. Каква сликичка ти дадоа жолта или црно бела?