и јас цела бременост така ја поминав,со плачење со жалење со кревање со стрес се нервирав се дерев од нервози а знаев дека и бебе чуствува но ете хормони се во прашање а и ситуациите во кои се наоѓаме. Оправдување нема ама тоа не.не прави лоши мајки. Од друга страна се трудам да одржам здрав начин на живот за да може и тоа здраво да се развива,си савам одмор за себе за и тоа да има одмор. Неизводливо е цела бременост да лежиш и да му зборуваш на бебето,треба да живееме а не вака да паѓаме во депресии мислејќи дека не сме достојни за бебето и дека подобро да не сме го зачнувале. Само позитивни мисли се друго ќе помине.
Фала мешиња. Во петок сме на втор скриниг (конечно да утврдиме дали е девојче или машко) два пати различно ни кажаа , потоа е свадбата и сакаме негде блиску на море да идеме. Здравје секако ќе се договориме со матичната.
Сега правев прв скирининг, бебе е ок, не ми дадоа жолта сликичка Сега ги оставам брисевите и одам на Гинекологија за приска. Кажете ми која е процедурата за приска, и колку чини.
Davas krv, rezultati stigaat kaj maticen za edna nedela maksimum, ne se plaka nisto ako si osigurana i so upat od maticen
Се вратив од прв скрининг . Додуша, ако може да се нарече скрининг де. Има две раце, две нозе, нухална коска 1.0. Таман. 100 пати ми напомена докторката дека ова било 50% точно, ако сакам да бидам сигурна, или нифти или амнио. Ни тоа ни тоа . Вака терав и за првото и викам. Вие повеќето поминавте само со скрининг и приска нели? За првото не ми ни предложија друго, а тоа во приватна болница плус. Ова во државна беше. Обратно дојдоа сега изгледа За првото скрининг во приватна еден саат, сега 5 минути изброја раце, нозе, коска и тоа. Ама не се секирам некако Бебе мрдаше со рацете, ептен слатко Мм ќе ме јаде сега, да си отидеше приватно немаше вакви гајлиња сега, 50% точно, па што да правиме. Ама јас го знам ова и мислам нема простор за паника. За онесвестувањето, ми рече никако на работа одење славам
Девојки денес бев на преглед но сабајлево после мокрење кога се избришав имав едно маленко како точкичка од кафеава крв. И го кажав тоа на докторката но таа ме прегледа рече дека се било добро немало место за паника. Па прашањето ми е дали и се има и на некоја друга случено ова или не? И дали патувавте во бременоста на подолги дестинации? Колку често ве гледаше на ехо докторката? Мене на 23 мај ме гледаа кога бев на скрининг, денеска не ме гледаше и ми закажа дури на крајот на јули. Дали е тоа само кај мене вака или не се гледа често на ехо бидејќи е зрачење? Јас сум 17 недела веќе, а немам покачено на килажа ич и си мислам како да немам меше.
За крвта искрено незнам чим те видела супер мирна ти глава, одмарај само, сигурно и терапија примаш... за патување јас не не ми бранеа, но јас сум за тоа што е сигурно сигурно ... за ехо мене на месец, месец ипол, но има и месеци кога два пати во рок од недела дена да ме гледаат... тоа не е ренген зрачење, ехо е не е штетно незнам од каде тоа, има жени кои и во еден ден по два ехо прегледи прават па раѓаат здрави деца... ако имаш потреба секако ќе одиш штетно е ако не се прати ситуацијата, а не обратно.
@BirMelek јас ни Приска не правев. Скринингот го правев кај Петрова во Ремедика, беше задоволна од мерките и ми рече да не се замарам со Приска, сепак само статистичка веројатност е тоа. Мене Петановски уште пред скрининг ми спомна за пренатален тест како опција, ама сепак одлучивме да не правиме. Многу се истрошивме во целата постапка, не сме во можност, а убаво е. Некако се тешам и дека годините ми одат во прилог. Сепак, мислам дека не ми треба, знам дека ќе ги родам здрави и живи. Благословени деца се! Ви посакувам со лесно до крај, да си одмориш убаво дома.
Штом рекла дека е ок тогаш нема место за паника... мене ми се има десено да крварам по три дена во 6 и 7 месец.. секогаш се дешаваше тоа од 10 до 15 во месецот.. матичниот ми рече дека сé е ок со бебето, дека нема место за паника па си барав и додатни брисеви за да се осигурам што е, како е.. брисевите си беа ок после со консултација со специјалист уочивме дека можеби е тоа мензисот кој тој период секогаш ми доаѓаше кога не бев бремена... само не ми беше јасно зашто во 6 и 7 се деси а не на почетокот на бременоста.. но како и да ми рекоа дека не е страшно и навистина не било бидејќи еве влегов во 40 недела и 1 ден... со лесно нека ти тече бременоста , уживај колку можеш.. не се оптеретувај со сé и сешто... А за ехо јас на две недели правев по два пати во денот.. еднаш кај матичниот и еднаш кај специјалист... прашав дал е штетно ми рекоа дека не е .. па подобро на ехо да ме следат почесто отколку после да ми е шубе за нешто ако недај боже се десеше.. тогаш "жива" ќе се изедев ...
Јас пак добив жолта сликичка од првиот скрининг, од вториот не зашто бебе премногу мрдаше и не можеа да го сликнат и убаво да му ка фатат фацичката.. се вртеше нон стоп... ама јас кај Васо го правев и првиот и вториот... можеби Миленкова не дава жолта сликичка... вториот скрининг побарај Васо да ти го прави ако го правиш кај нив... А за приска ти земаат крв од вена и за два дена резултати на мој термин кај матичната.. не се наплаќа ништо бидејќи трудници се ослободени од плаќање...
Mene me interesira dali mozam da se soncam haha vlegov vo 9ti mesec, na odmor sekako ne odam ama bar ma vikendicata da se suncam malce boicka da fatam greota sum...
Нормално е , сепак подобро да мрда отколку да не му ги чувствуваш движењата... цтг почнува откако ќе влезеш во 9 месец (36-37 недела) па до крај... барем така почна кај мене... на почетокот идев на недела дена а сега еве два пати одам на секој втор ден... утре сум пак на гак таму ме праќаат сега.. првите два бев кај матичниот но сега не сепак и го надмимав терминот па идам на гак...
Јас вчера и денес со некои лоши мисли, како некоја депресија да ме фаќа... Вчера на бришење со секретот како еден крвав конец, и му пишав на докторот дали да одам да ме види. Пред две недели бев, брисеви скоро правев чисти грлото ок беше. Ми пишал нема потреба, ако има нешто посериозно тогаш да го барам. Иначе сум од утре 30 недела. Имам ужасен страв да не се породам предвреме, и денес цел ден ми се чини како да ми е спуштен стомакот и сл. Од вчера немам ништо да бидам искрена ама нешто сум психички многу оптеретена, се плашам од креветот да станам, се плашам во вц да одам, незнам што ми е, до сега супер си бев. За разлика од претходната бременост оваа ми беше многу полесна до сега, психа е многу лоша работа.
Бебчето и кај мене сега мрдаше многу, цело време, 360° се вртеше, можеби затоа не ми даде жолта сликичка. Дали на обичен преглед даваат жолта сликичка? Наредна недела закажав кај Др. Васо..