Од утре до 21 декември ослободени од работа ќе бидат бремените жени и лицата над 60 годишна возраст во скопскиот, кичевскиот, тетовскиот и битолскиот регион поради загадувањето на воздухот кое деновиве е над дозволеното. http://sitel.com.mk/mk/trudnici-i-60-go ... 1-dekemvri
е срцка исто така и ја,нити ми се згадило од нешто,нити еднаш повратив,нити ми паднало тешко од нешто,крвна слика секогаш топ сите испитувања нај нај,што викаш ко да ме лаже докторкава, али средината негде на 6 ти и сега почетоков на 7 ми,аууу киселини теско дишење, замор,бебе боксува се превртува ме вади од памет,немозам да спијам тешко се превртувам навечер ке видиш срце ке видиш ке праиме муабет тогаш
mace31 хаха милаа знаеш ли колку трудници би сакале да имаат оваква бременост ама јас па од пуста желба да почувствувам нешто сама трчам по секој безначаен симптом да "уловам" некој Сакам да почувствувам со душа и со тело дека сум бремена, секако дека не би сакала од утро до мрак да имам мачнини (да не звучам сега како неблагодарна што си минам со лесно) ама си велам барем да го почувствувам да клоцне,барем да има некој знак од него таму доле.. ме разбираш нели Се надевам дека наскоро ќе биде.. Единствено со што последниве денови имам мака е запекот. Прочитав дека било нормално за трудници,ама па јас цело време се чувствувам најадена и полна како ништо да не можам да каснам, не ми собира,ќе каснам по пола рибанче и толку. Некои велат дека јадат за тројца а јас едвај колку пола човек
е јас тука немам проблем мн јадам и не пребирам се јадам ,а за дека ке го осетис спремај се наскоро и најадисе јако убаво благо пред да си легнеш,легни на грб и чекај позз мила
јас чекав да биде 00 часот за да пишувам на темава затоа што веке од денес според табелава во 27недела или почнува 7ми месец стварно не ми се верува бебушка мила си расте и расте па да ми дојде во прегратка мили мои,како поминува времево и се повозбудена и среќна сум што имам ваков дар само се да биде во ред со малата,во четворток се надевам на позитивност дека малата е во ред,несакам веке стравови да се испита тоа па пак и пак,чекам и се молам на контролата да испадне позитивно за мене дека се е во ред... бидејки и малце да кажат на лекар само да се провери јас знам да се грижам,се надевам дека се е во ред-се молам за тоа. поздрав до вас и уживајте
Разлика у термините имаш 2 недели И кај мене беше исти случај имав последно на 30.08 останав бремена на 22,09и така да според последн аменстуација бев стално 2 недели понапред од неделите според кои се развиваше бебето па затоа и си се породив после 2 недели до краен термин Краен термин имав 07.06 а јас се породив23.06 без паника се е у ред кога ке посака бебуш тогаш ке се роди
mace 31 баш навечер и најмногу го чувствувам. Иако мрдањето не е силно (какво што јас би сакала ) ама сепак јасно се чувствува навечер. Понекогаш и наутро,ама најобично ете така кога мирувам. А инаку и јас се си јадам немам никаква мака со храната освен што не ми собира онолку колку што сакам да изедам. Помалку јадам отколку пред да останам бремена,незнам на што се должи. Како секогаш да сум најадена Ти праќам гушки donna 17 сега го читам ова што си го напишала за различните термини. И мене матичнава ми рече уште на предминатиот преглед дека според менструацијата сум била 17та недела а според развојот на бебето и нејзините пресметки сум била 19.. и јас се збунив ама ништо не ја препрашав.и безтоа не кажува ништо повеќе од тоа што ќе науми самата.Поздрав и до тебе
поздрав мајчички.. јас и синко сме добри ..добро напредуваме...мајка е дисциплинирана трудница и многу активна... го видовме пак и на 4д и си добив сликички на цд ***а за термините и неделите па и кај мене не се совпаѓаат ..важно е да си напредува добро и да нема застој а кога ќе дојде време бебушко само ќе си испадне надвор... по последната менс јас треба да сум 28+2 меѓутоа покасно имам овулација (1 недела пред добивање) и со тоа и покасно е зачнато затоа се јавува таа разлика од 1 недела кај мене... мајчички галете си ги мешињата и само позитивно !
Женски фала ви на сите малку ме охрабривте. Ама сеуште незнам што и кога ќе биде. И матичнава и Др. на болница ми го кажаа истото, но според развивањето и следењето на бебето матичнава ми вика ќе се породиш побрзо (одприлика до кај Нова Година) , а овој докоторов ми вика ќе се породиш покасно (од 15-20 јануари), а тоа и јас затоа малку се збунив. Тоа не иди 2 недели разлика туку веќе 3 недели разлика. Но како и да е јас си се водам за тоа побрзо да се породам како што ми вели матичнава зошто веќе имам се посилни и посилни болки во грб и препони. Сношти како да чувствував тапа болка во долниот дел на стомаков нешто слична на менструална болка. Мајка ми ми вика тоа од што си побркана, од што мислиш само на тоа и ќе почнува да ти се причинува се. Ме убива психава А искрено кажано веќе не ми се чека неможам да издржам повеќе да ми речат ајде одиме да раѓаш одма тргнувам без двоумење
Ти си влегла во 7 месец уште минатата недела. Сега си полни 27 недели, а од утре веќе почнуваш да ја ситниш 28 недела. Јас сум полни 26 недели (ти и јас сме точно една недела разлика) Од утре почнувам да ја ситнам 27 недела, а со тоа влегувам во 7 месец. Ех.. да и мене не ми се верува! Мешко расте, бебушко мрда ли мрда. Пред некоја вечер тато ја стави раката на стомак и синко почна на тоа место да се бутка. Значи не клоцаше, туку баш се буткаше. Маза татина! Утрото пак иста приказна, а јас насмевката од лице не можам да ја тргам.. Наредна недела сме на контрола, треба да правам кумбсов тест, да проверам крв и да одам на ехо. Се надевам дека тогаш синко нема повторно да ни го заврти грбот и да си го крие лицето. Копнеам да го видам, на кого ли личи? Туку мешиња, јас бебево го чувствувам најмногу на десната страна. Бебушко на десна, а јас имам проблем со левата страна, поточно баш каде што ми се наоѓа левиот јајник можеби нешто подоле. Имам проблем при превртување од лева на десна страна додека спијам, чувствувам болка. Кога облекувам кондури и се наведнувам исто така, кога станувам од кревет исто. Не чувствувам постојана болка, но при одредени движења секогаш е присутна. Нормално ли е? По малку сум загрижена па се мислам да ја прашам матичната наредна недела кога ќе одам на контрола, но до тогаш некој со слично искуство? И да.. Какви се лажните контракции и кога се јавуваат? На интернет прочитав дека уште од пред недела - две веќе би требало понекогаш да ги имам. Не се страшни, нормални се, затоа што матката веќе почнува да си се подготвува за самиот чин на породување (секако кога ќе дојде време за тоа) Во ред е тоа, но јас освен грчеви како за добивање од време на време, друго ништо не чувствувам. Како да ги препознаам? Ве поздравувам и ви посакувам убава вечер!
Здраво мамички. Јас не одам на работа овие три дена, бидејќи нели вчера се донесе владина мерка трудниците да не одат на работа. И фала Богу што е така, инаку ќе се отрујаме со бебушко. Жално, али што е тука е. Овие два дена кога ќе излезев на пауза да си земам доручек јас осеќав во градите дека се гушам и поткашлував помалку ај реков настината да не сум малку. Си доаѓам дома супер сум, ааа реков не е тоа што мислам дека е ова е од загадениот воздух. Дај Боже да заврне снег (иако не типувам за снег хејтер сум за снегот) овој пат го посакувам од срце да заврне или да дувне едно ветре да го растера овој отров овие честички што пливаат во Скопјево. Страшно нешто. И убаво и фино им се јавив на шефовите и им реков не идам и до душа и тие ми рекоа и не треба да доаѓаш седи дома. Јас живеам во периферија и да ви кажам воздухот колку толку е почист и си отворив да се излуфтира малку. Јас малку повеќе пишував за актуелната тема за овие денови него за некој труднички муабет. Само сакав да ве поздравам и да ви посакам убава вечер и да уживате со убавите мешиња.
Jаготка -да јас и ти сме близу хихихи паметам кога ми покажа мене тестот позитивен а и ти требаше да добиеш потоа наредната недела ти имаше две цртки преубави моменти. да се здрави и живи малите и со лесно нас иначе и јас читкам нешто за болки и сите тие работи што треба допрва да се случуват,убаво да се објасни подобро... поз до сите,со лесно.
Jagoda123 и јас чувствувам болка во левиот јајник кога се превртувам додека спијам, кога станувам или правам некои одредени движења.Не знам на што се должи,ама некаде уште одамна прочитав дека било нормално да се чувствува мала болка,сепак доле се се шири и бебчето си прави местенце
Здраво идни мамички Јас сум утре на контола кај мојот гинеколог и конечно во вторник ќе одиме на 4 Д. Иначе да ви се пофалам почнав да плетам затоа што умот ми е само во тоа дали ќе биде се ок,итн бидејќи имав проблем со тироидната ТЅН ми беше прилично висок, па така си го лажам умот . П.с кога бев последно на контрола и мене не ми се поклопуваа неделите на ехото, со крајниот термин,
Добро вечер женски како сте ми? Ние сме добри,вчера бевме на контрола да се видиме со бебушка,супер си е,нормално си се развива и свртена е со главчето надолу.Многу често осеќам како се растегнува и високо над папокот се познава поголем топчест дел,па вчера видовме дека тоа всушност му било газето Полека полека времето си минува а ние сме се повозбудени и нестрпливи
Добро утро како сте? Ние од 4 сатот станати и не можеме да спијаме ,тато замина на работа па и ние се разбудивме и сега не можеме да спијаме ,си мрдаме инаку ова со мрдањето не ја осекам баш многу докторката ми рече дека мора да ја осекам 10 пати на ден ама немам броено ама мислам дека не е 10 пати,или пак е од тоа што поголемиот дел од денот сум во движене и затоа не осекам ама пак навечер ја осекам кога мирувам ама не толку силно гледам пишувате дека силни удари добивате јас тоа не освен некогаш ретко на прсти се бројат тие удари , еве вчера легнав на лева страна и чекав да мрда ама не само неколку пати ама сега од сабајле си мрда затоа и не можам да спијам , што мислите треба одам на доктор или пак до психата е пошто рече докторката дека мора 10 пати на ден да ја осекам и јас тоа си го ставив во ум, или пак дека сум во движене нон стоп па не можам убо да ја осекам и во движене ја осекам ама многу пати не , не знам што да мислам помош
Јас некои докторки би ги отепала. Секако дека нема да ги почувствуваш сите 10 пати Дали 5 од нив ќе имаш можност да ги почувствуваш со оглед на тоа дека некогаш си во движење, некогаш ќе дремнеш преку ден, некогаш движењето на бебето и не е толку јако.. со еден збор,ова докторкиве како работа да им е напразно да ги загрижуваат труднициве. Мене неќна ми вика,мислам напишав тука, "бебево ти е поголемо отколку што треба". И,сега јас цело време мислам што не е во ред со моето бебе,а не сакаше да ми објасни што е и како е. Не знам дали учеле психологија во склоп со медицинава ама сто посто учеле, не знаат ли дека психата е најважна во организамот. Психата може и реално да ти делува врз тоа колку пати ќе го почувствуваш движењето. Наместо они и ако е нешто страшно,да пробаат да ги утешат пациенткиве и да ги охрабрат,они за безвеза ги загрижуваат со зборови што не е потребно да им ги кажат..