@Septemvri Нормално е да не фаќа депресија на периоди, ама ете добро е што знаеш дека е само психа во прашање Тргај тие црни мисли од глава и иди на шопинг за бебе @Sesil Не е дека ке се умре без плажа, ама на тие што им годи море и плажа а немаат проблем или забрана зошто да не. Кога мама ужива, и бебе ужива...
Последниве неколку дена почнав да осеќам некои нагли брзи движења. Како да ме удира буквално по 5,6 пати во секунда. На моменти ми е језиво Вие што сте 30+ осеќате така?
Јас од 27 недела негде почнав да го чуствувам така и еве 40 и некој ден уште е така. Ќе се навикнеш па кој нема да клоца ќе го бараш хахахха.
Јас на интервали осеќав, ко да ќе ме пробуши. Еве 40+ сеа е послабо ама си се јавува од време на време. А се прашувам како издржуваат 42 недели. Скренав скроз.
Ако мислиш за правење крвна слика и мокрача од Авицена знам дека можат да дојдат до дома,прашај ги за боцкање. Избегнувај ги скалите,за таквите ко мене и тебе воопшто не се преппрачливи,мене одма ме прашаа дали имам скали за качување. Тоа тек во 9ти месец да помогнат за отварање Околу килажата во првите 3 ипол месеци ослабев 5кг, до 6ти си ги вратив тие (во стомак) а откако сум во 6ти имам качено 1кг. На апликацијата во оваа недела (23та) пишува дека е вообичаено да се качува по 450 грама неделно. Сепак сега и бебето расте. Апетитот за разлика од првите месеци ми е вратен во нормала,но не јадам обилно освен овошје. Јас и претходно сакав овошје ама сега мислам дека дупло јадам,можам по 5-6 праски и неколку резанки лубеница и диња да изедам во еден ден. Денес ми донесоа и петровки кога им седнав може повеќе од 10 изедов не знам колку е тоа здраво и нормално ама се тешам дека се витамини. Боледување од матичен 14 дена можеш многу лесно да земеш,што сака може да пише, пр болки,крварење, кај мене е дијагноза лажно раѓање заради скратениот цервикс. Дали сте правеле ехо на срце на бебето, во која недела се прави? Во кој случај се прави испитувањето за скриен шеќер? Во 26та недела чинам беше? Мене секогаш околу 5 ми се движи шеќерот. Што има други испитувања после вториот скрининг? Јас сум во четврток на контрола за цервиксот а следната недела би отишла за контролно ехо на бебко,2 недели не сум го видела,претходно одев на 3 недели. И да не знае некоја Надица Ѓероска- Мама кога е на одмор,да си планирам да не ми треба нешто?
Бебуш беше многу немирен, се сврте 360°, како да сакаше да ми каже мамо види што знам хахах многу беше матно, во вторник ќе одам за читање на резултати, ама закажав и за преглед, ќе барам сликичка. Немаше никакви шанси да се види полот. Може Др. Васо ќе каже нешто хахаха. Инаку за боледувањето јас ја прашав, бидејќи јас побарав нели, и она ми рече ќе видиме сега,и толку беше муабетот. По пат читав што ми пишуваше на упатите и на упатот со брисеви имаше пишано за боледување, веќе ми беше касно да се враќам за да прашам.. и сега срам ми е и глупо ми е да и се јавувам.. Немој да ми имаат отворено боледување а јас на работа шибам, но од обичен матичен кога сум земала обично ме прашуваат колку дена отприлика, сега не ме прашаа..
Јави и се прашај ја, за боледување прв пат не ти треба извештај од специјалист. За продолжување ке ти треба ама тоа е после 15 дена.
Добро утро мешковци, од денес 40 недела и 2 ден.. сè уште е мирно се... нема болки нема никакви знаци за пораѓање... бебе нејќе да искача... денес ќе одиме на цтг да видиме до кај сме... убаво утро и убав ден на сите
Добро утро и од мене, Бев да ми земат крв сабајле, уште од 6.30ч сум станата. Пред некоја недела си купив труднички фармерки, ми се иде да ги фрлам. Како ми се свлекуваат надоле, ко помочана сум. Треба да се издепилирам и да проверам дали има некој фустан што ме собира. @lejlla добредојде и честитки. Лесна и убава бременост ти посакувам.
Мешковци само да ве поздравам. Го пијам "утринско" (од 6 сум разбудена) кафе на балкун и слушам музиче се обидувам да се релаксирам. Жешкото многу ми смета и ме прави нервозна. Со сите мешковци погоре се пронајдов за сите мисли, состојби низ кои поминуваат Ајде уште малку имаме ние. Мешко ми е голем баги, и ниту ми се седи ниту ми се лежи, уствари не ни можам одма болка осеќам во грб или половина. Ама си се тешам со сите вас тука и благодарна сум на поддршката. Имаме каде да се "пожалиме". Ајде да се спремам дојде време, треба да излегувам обврски ме чекаат. Бацкии до сите.
Девојки мене ме задржаа на ГАК... ме оставиа да лежам под нивен надзор... без болки , без никакви знаци за раѓање со изговор дека плодовата вода се намалила... е сега ми преостанува да си чекам...