Јас и претходно се имам изјаснето, после долго истражување на темата, сигурно ќе зачувувам матични клетки. Не знам девојки.. мене таа проверка со рака може и највеќе ме плаши. Туку ај.. чим е нешто што се преживува ќе преживеам и ја. Сакав да ве прашам нешто. Утре ќе одам да испитам крв и урина. Претходно гинекологот ми имаше кажано пред да уринирам директно во чашката, прво да пуштам да истече малку, па потоа да продолжам во чаша, и така и праев до сега. Арно ама деновиве иако пијам вода по цела ноќ, се потам многу, и наутро некогаш немам баш урина и онака да соберам, а не пак прво да пуштам да истече.. Што мислите ќе има некоја разлика во резултатите ако директно уринирам во чаша од старт?? Или да навијам аларм во 6-7 за да пијам повеќе вода, лабораторијата од 8 отвара.. значи тоа време ќе одам..
@Yowannty се уринира прво на страна заради бактерии, тоа не е којзнае колку туку еден млаз колку " да се исплакнеш". Секогаш се препорачува и за обична проверка на урина и за уринокултура.
Заради што во бременост се испитуваат тироидни хормони, некој симптом или? Многу тешко го поднесувам првиов триместар и почнав филмови да си правам
Па знам, така и правев до сеа за претходните испитувања. Сеа маката ми е што откако ноќите станаа прежешки и се потам повеќе.. се што имам на утро е само еден млаз... Затоа не знам што да праам...
Направи си тоалета пред да се измокриш, одмиј се убаво, на тој мачин во чашката не одат бактериите од надворешниот дел, а дека насабајле имаш само еден млаз ептен ме чудиш, јас камила насабајле, не знам нагонот како не ме буди од сон , инаку директно мокри штом ти е таква работата, сигурно не е страшно. Ако случајно излезе бактерија можеш и да повториш
И јас мокрев ко камила до пред да стане ужасно топло. Еве и утрово имав доста урина, ама ноќта не се потев оти не беше толку жешко, а претходните денови, се препотував милион пати и на утро навистина немав што да уринирам. Не знам како ќе биде ноќва... Ама ќе пробам да се одмијам убаво прво за секој случај, оти ме притиска за мокрење сабајлечки и тогаш кога нема многу...
Јас претходно (пред 6-7год.)имав малку покачен тсх и од тогаш одам редовно на контроли. И така открив сега дека ми е покачено. Ако нема индикации мислам дека не ни се проверува, ама ако ти е на мисла можеш да си консултираш гинеколог Да, знам дека се пијат во бременост. Подобро со лекови отколку не дај боже проблеми со плодот. Сакав да прашам дека пијам Премама дуо а тие содржат јод, дали тоа влијае на вредноста на тсх?! Јас и пијам и Верапамил, па сега морам да се консултирам со лекар и за тоа, дали може Еутирокс да пијам додека пијам и Верапамил...
Дечки ја пак со прашање. Се изнервирав сега. Викендов бевме заедно со друштво кои имаат мали деца. И сега маж ми беше на кафе со таткото на едно од децата, и овој му кажал дека било болно и имало стрептокока. Како се пренесува стрептококата?? Има простор за паника?
Зависи дали си хипо или хипер. Колкав ти е ТСХ? Јас ги пијам Фемибионот и тие содржат јод,ама ендокринологот ми дозволи.Обично со висок ТСХ се препорачува конзумирање на јод. За Верапамил не знам,консултирај се.
Тсх сега ми е 4,04. На горна граница. Рекол ендокринологот да пијам 5 дена од 25мг. А 2 дена од 50мг. Јас колку што знам хипо сум(како звучеше ова ко нилскиот коњ хипо да сум). Утре пак ќе прашаме оти денес заборавив да спомнам што се пијам
хахах,даа хипо си. Пиј си ги Премама,без гајле. Али сепак прашај си за сигурно. Таман со таа доза ќе го намалиш ТСХ,мора да биде под 2.5.
Да да, обавезно ќе се консултирам. Пред 2 месеци тсх ми беше 2.2 сега се покачило. Шта се мора, није тешко
@Septemvri и мене таа психа ме имаше удрено пред недела дена, дека спуштено е и предвреме ќе се породам, де не мрдаше. Сега ок сум. На време ќе се породам, се ќе е супер. @Yowannty и со тебе и со @Septemvri , @marchi-cool ,@Мариаа. како и @Flower123123 тука сме со термин. Како сте? Мене сеуште не ме фатиле жештини и тежина. Грција сме на мм и синко потопло му е од на мене. Во синко бев многу поголема и потешко ми беше. Половината ме убиваше, нозете отечени... Сега пу пу сум супер. Дури заборавам дека сум бремена , насабајле кога ќе станам наеднаш си го барам мешко и си велам да не сонувам дека сум трудна. А за мрдањето некоја пиша, баш исто и кај мене. Урла понекогаш со 5-6 вибрации удари Во секунда. Бидејќи повеќе одмарам многу е активна, а дома цел ден јас активна не ја осеќам. И уште нешто. Дали е можно цела ноќ да спие бебево? Кога ќе легнам 1 час урла и после до кај 5-6 час го нема нигде. А многу сум лесна на сон нема шанса да не го сетам. Па позз девојки. Спојлер
Ова сликчето лиги ми направи уживајте изнауживајте се, јас и мм ке весламе по дома летово и ке го чекаме бепчето, син ми ке извади одмор малку со баба и дедо, малку со тета.
Уживај има време за одмори. Важно синко нема да плива на суво. И ние заради синко дојдовме. Да не се почувствува занемарен. Сепак во тие луди години е. А да знаеш колку работа ме чека дома сега. затоа си ја фрлив мислата дека предвреме ќе се породам.хахаха. поздрав мила.
Охооо..ама ти е убаво на тебе таму,уживај! Јас се би дала да сум на море сега,ама се помирив со фактот дека ќе си бидам дома ова лето Ајде уште малце да истуркаме
Ние истеравме одмор, сега полека се спремаме со облека, опрема Бев на 3 скрининг, мрда и таму неможевме да го видиме убаво. Со времето притисокот малку ми варира горе доле, во тежина 8кг во плус што е ок за сега. Е спиењето ми е болна точка, наместо да се наспијам ко човек пред пораѓај јас минимум 5 пати станувам, што од болки во стомак, мокрење, вода ми се пие и после сон не ме фаќа и сабајле за на работа едвај станувам. Се движам и работам исто како и пред бременост, незнам до кога ќе работам.
Како 50% точна нухалната? Кај мене сто пати ја премери ,убаво се гледа рече таа е. Ова ми личи дека или специјализант те гледал или сака да те убеди за пренатален тест. Ако можеш види си за второ мислење. И распрашај се за тестовите , има сега и поевтини од нифти. Башка и кинески е. едит-извини, сега убаво прочитав, за скринингот ти рекле дека е 50 посто точен. Јас поминав само со приска и скрининг. Сњ распрашував за тестовите но не ги направив. А и приската не е баш само статистика сепак таму ти ги пишува и мерките од скринингот. Малку смирува,да. сепак дефинитивно за мир , следно здравје би правела пренатален. Сепак се испитува днк, поточна од тоа нема.... Ќе си ги имам и годините како ризик
Не бе 100 годишна докторка ме гледаше, 50 % точен бил начинот на исклучување даунов синдром преку нухалната. Да сака да ме убеди нема корист или може има па. Припишувам на незнаење, нема друго. И со матичната зборав рече дека не е точно 80-90 посто исклуливаат на овој начин . Немам сомнеж, не ни размислувам за тестови други.Единствено што ме изнервира е што бев на класично предавање за даунов. Многу ми е криво што го прекршив зборот дека не стапнувам во државна.Ах да може да не плаќам здравствено, за џабе си кратам од плата .