Од скоро сум во темава, 11та недела, ризична бременост, би сакала да знам со колкави мешковци се дружам тука, @BirMelek милам е тука некаде со мене, на кој не му е тешко нека се пријави. Убава ноќ
@Autumn_ Секакви мешковци има тука. Малечки, мали, средни, големи, гооолеми Ние сме 16+. Тука сум, на располагање за досега искусеното. Ти посакувам со лесно да си ја истераш бременоста!
не се секавам точно од кога почнав , веројатно беше негде по 5 месец... но ова докторот ќе ти каже од кога смееш да го носиш, кај сите различно е... и ќе го носиш само при движење, за седење сметаат да знаеш.
Мешковци се порпдив... синојка дојде мојот боксер, мојот херој... извинете не се пофалив синојка но еве денес се фалам.. добро сме и двајцатаа.. со лесно на сите мешиња.. Ве со бебче и Ви ја пуштаме среќата
Живо и здраво нека е беблето, цел живот среќа да ви биде. Леле летово бебињава излагаат брзо... Дур да трепнам на ред ќе дојдам. Кога ми помина времево и сама не знам, а велев дека дур дојдам ја до крај ехехееее 32+2 денеска. @Presrekna ееее супер, и ја може конечно ќе се решам да пливам викендов, до сега само се силев. Сега и танкини си купив. Деновиве ич не сум активна, може и затоа бебе е успано.. Во четврток сум на контрола, валда ќе издржам да не му се тупнам на докторот порано. Од тежини.. што знам... освен што никако не ми е згодно за спиење ама така е цел месец веќе. Се поспоро и поспора сум кога пешачам. И приметив не можам да се наведнувам ми е тешко. Па што ќе падне некогаш не станува дур не дојде маж од работа да го дигне. Стомаков ми пркна наеднаш во 5ти месец и во 6ти ми беше исклучително поголем за месецот, од тогаш не ми порасна многу. Бебе се развива нормално па си велам тоа е најбитно. Иначе знае некој кога расте стомак? До крај? Она плус што ми пркнало во меѓувреме е г’зов.
мила и ти како мене, рипна стомакот и ко да ми престана да расте, деновиве баш тоа размислувам и се зјапам во огледалото ми иде метро да земам и да мерам секој ден , јас мислев трето тромесечие ќе биде уште пола плус од овој стомак до сега што порасна, али некако тешко изгледа , а и тоа пишав пред некој ден и мојата килажа си стагнираше не качувам веќе
Добро утро мешковци! Лежам, ја чекам ќерка ми да се разбуди и планирам да фатам пат да се видам со другарките. Оваа бременост од старт спиењето не ми оди, за првото се изнаспав. Оваа се е поинаку. Поголеми мачнини, несоница, несвестици итн. Она што забележав е дека оваа бременост воопшто немав болни гради, ни грчеви во стомак. И покрај тоа што совршено знам што ме чека, сега би заминала да се породам @VedaG10 Јас сум со нередовен циклус, не очекувам бебе таман со недели да биде, но она што ме смири е дека расте точно како што покажа првото ехо. На 12+4 покажа точно 12+4. Скрининг кога правиш? Сега да ги смениме половите, да си имаш едно женско да видиш колку е убаво @Autumn_ Јас од денес ја започнувам 13та недела. Не знам дали си напишала зошто ризична бременост. Извини не сакам да потпрашувам. @Sofi.ja И мене истото со цервиксот ми се деси првата бременост. Јас си откажав платен одмор. После кога отидов на контрола цервиксот од 2.5 ма 3.1. Мене докторката ми рече дека мора да било грешно првото мерење, дека тој не расти и борбата е да се зачува барем толку колку што е. Не знам дали добро ја разбрав, ама ја колниме со мм таа што го мереше, оти мојата беше на одмор . Поздрав, одам да јадам оти детево затера со спиење, сега штом станам од кревет одма почнува немирен сон и за 5 минути слушам мамааааааа
Добро утро , Конечно Нес кафето почна да има ист вкус како пред да останам бремена и можам да пијам. Многу работи ми сменија вкус,што мнг ми беше чудно.А и тоа ми беше како прв симптом дека има нешто @BirMelek и јас сум со нередовен циклус затоа и др ми рече дека нема место за паника. Важно е бебето да си напредува и расте .Мислев дека кога ќе останам пак бремена ќе сакам да имам девојче ама некако баш ми е се исто што ќе биде. Нема да биде лошо и уште едно ѕверче како ова дома да си имам Ти кажаа пол или не ? Скрининг ќе правам за 2 недели , кај Петрова во Ремедика сакам.Скрининг во 12 недела се правеше така ? @Autumn_ јас сум 10+5 Тука сме негде .