честито мајка живи здрави среќни весели највесели да бидете. изгледа чуле дека летно време се ужива,лежење плажирање малку сонце малку ладовина па да видат јас денес 32+ 4 по ехо - 7 дена ама по се изгледа ќе си се олеснам пред термин така сеќавам и јас исто велев офф кај е крајот кај е август...
Како не може да порасне, кај тројца доктори бев , велат со лежење и терапија се очекува да се подобри ситуацијата? Четири седмици по ред мерам, првиот пат 23мм, вториот кај двајца доктори 31мм, третиот кај двајца доктори 26мм, сега 30мм во еден дел во друг 35мм. Една докторка ми рече дека матката расте до 26 недела,а со неа и цервиксот. Друга ми рече дека матката и цервиксот немаат врска. Како и да е,откако примив Индаметацин и инекции Прогестерон се чуствувам подобро и не чуствувам болка во јајник како претходно (една др рече дека болката била дека се крател цервиксот). Да беше под 20мм и да немав контракции (сега не знам дали се смириле тоа со ЕМГ се гледа) ќе ми правеа серклаж.
2 дена не се уклучив човек не може да ве дочита. Отварам и имам време само една тема да прочитам. Денес ем жешко ем тешко. Спиењето... Отежнато шта да ви причам. Ми остануваат уште околу 2 месеци,почнав да се чуствувам како топка,не знам дали одам или се тркалам. Идам да пружам алишта и одам на работа. Ова со алиштава крај нема од бебешко почнав со перење наскоро ќе си докупам. Прво постелнината ја средував сега ќебињата во теков на неделава идат на ред алиштата. Имајте убав ден а и викенд.
@BirMelek за тоа дека ризична, си имам историја, малку тажна, малку трагична, ама и една со среќен крај. Сега уште има шанси дека овој пат ќе биде се беспрекорно, ама ете претпазливо зборам... се се случува. Второ чекаш и ти?
@Софија 88 ма бебиња нека растат, ние не мора. Ја до 5ти изгубив 7 кила, а сега накачувам по кило, минатата контрола 2 кила за 3 недели, а немам апетит, не јадам ништо повеќе од претходно. Очекував којзнае колку да ми се јаде, а јас имам само 2 оброка на ден, навечер само овошје и тоа не секогаш. Ама бебе, плацента, вода се тоа си тежи... @Magic13 Ја сум од оние кои што се силат ама не праат ништо. Се силев и дека на мотор ќе се качам и дека пиво ќе пијам и еве 3 викенди се силам дека ќе пливам и ништо. Ама прошли викенд имаше еден куп трудници кои се изнапливаа, па дури не ни менуваа костим после тоа.. па може 4тиов викенд ќе се охрабрам и ја. Иначе јас менувам купачи после пливање, навика ми е, не трпам да се сушат на мене, евентуално обавезно го менувам долниот дел. Па место целосни, купив танкини, во два дела се ама горниот дел долг како маичка па повторно изгледаат ко целосни, ми се видоа попрактични за полесно да сменам долен ден. @marchi-cool изглеа летово е попривлечно за бебиња, ќе да им е жешко и на ним внатре, па брзаат да се оладат надвор. Ма само за убаво нека е.
@Magic13 ќе одев во H&M не се мм скапи околу 25 евра , ама времево како е катастрофа секој ден врне не ми ни текнува да отидам баш кога ќе купам ќе се пофалам
За Дабростонот заборавив кој прашуваше, јас го пијам. Од почеток на бременост го пијам, за поддршка на плодот е. Така да, не е страшно ништо. Сега @Sofi.ja ја прочитав и се исплашив. За болки во јајник дека значело дека се намалува цервикс . Не можам да одмарам толку колку што треба, ама молам Господ да не се намали. Викендов барем ќе гледам да лежам повеќе.
Сегде се толку, и во обична продавница овде се од 25 евра нагоре, и на интернет исто што гледав. Мене па 25 евра не ми се даваа искрено за купачи што знам дека ќе ги носам само сега неколку пати.. па ги начекав во лидл за 10 евра. Циција. Туку сакав да те прашам дали знаеш дали од Апивита имаат бебешка/детска колекција? За ако не одговара Веледа, Апивита е природна би ја пробала неа..
Здраво на сите Примате овде нов член? Втора бременост, по нецели 3 години после првата. Не памтам точна дата од последен циклус, па се водам од тоа што кажа докторката. 11 + сум моментално. Ве поздравувам сите.
Леле колку нови мешковци На лесно со сите. Џабе кукавме ние летниве,ни дојде времето и на нас,а последни бевме на список
Да не знаеш на кој да му веруваш Ама како и да е, ние со помала должина на цервикс треба да одмараме секако. @Lorins добредојде. Овој месец се пријавивме повеќе мајки со втора бременост што имаат детенца од 2,5 - 3 години. Ти посакувам лесна бременост
Ајде мајка биди храбра.. издржи уште малку... не плачи само го вознемируваш бебенцето а и ти се вознемируваш... мисли позитивно .. ништо не е страшно ... јас ден ипол бев на клиника сé видов сé слушнав и сите ги пречекав и испратив.. која пред термин која со термин само јас со 4 дена одминат термин останав.. па ете и мене ми дојде редот.. и јас се олеснив... така да само позитивно и со лесно нека ти е
Јас ко од марс падната, да си прашам, како ви мерат цервикс? Од која недела почнува мерењето? 16+4 ни еднаш не ми спомнала матичната @beba@meba честики, жив и здрав нека ви е
Јас се породив па ниеднаш не добив инфо колку ми е.Може и подобро наместо да се плашам дали е во ред или не.Изгледа кажуваат кога не е во ред само. @Lorins мила со лесно баш ме израдува
Мене вагинално ми мерат. Во првата бременост некаде почеток на 8ми мислам, а, сега ми мери и сега, а сум 16та недела од денес
@Lorins честитки добре дојде @Yowannty имаш право , за трудничка облека и мене не ми се даваат мн пари. Не знам во waikiki дали има некои купачи што сигурно би биле поевтини.. а за лидл ич не ми текна ете гледаш фала ти на инфо Инаку да Апивита имаат и линија за бебиња , крема , шампон и масло. Јас уште ништо не сум земала , да ти кажам и така во август ќе одам за Мк па викам нешто од Алверде да земам.. па ако не да пробам на Апивита. Ти ако земеш нешто од Апивита ете и Веледа си земала па здравје кога ќе пробуваш на бебушка ќе ми кажеш како ќе ти се допаднат производите Баш нека каже некоја нешто повеќе за Алверде производите за бебиња, добри се?