Ајде не се давај сега на крај. Те следам од сам почеток не беше лесно до тука,сега кога се гледа крајот нема прпа цтг иначе почнуваш од 36 недела.
И те како ме нервира.. дека работам со луѓе , секој втор , а што носиш? Викам женско и бидејќи знаат дека и првото ми е женско само ќе речат - не е важно ај трето па машко дури и таму кај што бев за вториот скрининг да го правам - докторот му вика на мм - ај се кладиме дека наредна година пак ќе ми дојдеш овде (демек ќе се обидуваш за машко) глупости.. а нема врска мм не е со такви размислувања како што викаш не те ни прашуваат дали си добра туку поважно е што носиш..
Ајде како најголем паничар да пишам. Станувам и наеднаш осеќам топло ми истекува на два пати а имав ставено од вир влошкиве. Ја вадам влошката и гледам натопена со прозирна вода и крв. Докторкава вика нема ништо а јас осеќам уште истекува. Водењакот ли е?
Помина времето зс редактирање, можно е само болки во кичма да осеќам? На 6 7 минути се јавуваат по 40 50 секунди.
@cinderella5 ако не пукнал водењакот сигурно почнал да цури, крвта е знак дека се отвараш а болките се тие, така почнуваат со време ке се крати интервалот меѓу нив. Ќе гушкаш бебе брзо. Со лесно.
Здраво знам дека е надвор од тема прашањево ама бил ли некој во х.Турист во Охрид?Дали е за трудна жена?Ќе бидам 22-23 недела кога ќе одиме.
Пораѓаат со 8 - 9 цм.. пожелно е да бидат полни 10 но со провокации и спазмекс помагаат да се доотвориш... за болки може да имаш може не заште секој организам различно ги поднесува.. некого го боли некого не... инаку на цтг мене почнаа да да ме ставаат од 37 недела.. после тоа на 38 и откога влегов во 39 недела матичниот ме прати на ГАК и таму ми викаа да одам на секој втор ден... тоа е моето искуство ... а завчера се породив.. значи тазе искуство е
Чисти глупости. Машко или женско исто е, битно да е здраво и живо... какви заостанати мислења. Никогаш не сум се осмелила така да прашам, па и за блиски луѓе да се работи, а не пак за некој што сум само на здраво.
Мене во првата бременост една млада мајка, кога и реков дека сум сакала да биде бебето женско, ме погледна зачудено и вика "стварно"?!?! Викам да, зошто?? Па сите сакаат машко да е првото, прво па машко, нели гордост е тоа И викам деца се, не е битно. Ете мене желба ми беше. И таква зачудена остана жената
Ја ги подбрав свеки и мајка ми ради тоа. И двете умрени за девојче, а мене на почеток и докторот што ми ја води бременоста и специјалистот ми рекоа дека е машко. Е тек кога беше дефинитивно женско, двете не можеа да си ја скријат возбудата, цело време за тоа да се збори. Ептен неубаво напраија да се чувствувам. И дури криво ми беше што не се израдуваа така кога мислевме дека е машко. Е кога сум ги подбрала и двете си го попија. Ќутев, ги слушав и на крај ги подбрав. Не знаете искри од очи ми летаа од нервоза. За други ич не ми е гајле, мене моиве ме извадија од патики. А ја на пример сакам и машко да имам. Мислам сеа... ако имам ок, ако немам пак ок. Не дека ќе бидам помалку возбудена ако имам само женски. Исто се радувам и сега и исто ќе се радувам, исто ќе купувам, исто ќе ми е убаво на душа, нека се само здрави и живи.
Мене највеќе ме нервираат со извикот: "машко носиш?!" значи во секундата само што ќе те видат,рандом луѓенца познати и непознати. Као предвидувањево е по облик на стомак. Ми иде да се расправам со сите така,али поминува со една кисела насмевка и да одговор.Уште малце ај,ќе издржам ова иде на список ствари што ги мразев во бременост
Јас за првото сакав да е женско . Но кога дознав дрка е машко бев многу среќна .Тек кога се роди ,па и сега љубов најголемаНе би го мењала за 10 женски. Сега со оваа бременост немам никаква желба.Полот не ми менува баш ништо. Сите кога слушнаа дека сум бремена прво што ми искоментираа "ајдее сега женско" ... Не ми сметаат коментари од тој тип.Но јас никогаш не би се осудила така да коментирам поготово на некој кој не ми е близок . Повеќе ме нервира прашањето колку време се обидувавте и дали од прва фати
Се дрзнуваат до толку да навлезат во интимата? Да не треба и позата да им се каже е*ате тоа радозналите
Дали одите или знаете каде има масажа за трудници, уште сега мислам дека ќе се распаднам, па сакам да знам дали има некаде таква опција. Инаку за пол и јас знам да прашам, ептен се радувам на трудници и не знам друго што да ги прашам. Исто не го разбирам достигнувањето да имаш деца од различен пол, мислам, 50:50 се шансите за пол, значи голема е веројатноста дека ќе се погодат две машки, а може и четири женски, во секој случај е прекрасно.
Луѓенца со кој детергент перевте/ќе перете алишта за бебе и дали и омекнувач користите или е too much? Јас планирам да си исперам денес, може ќе искочи бебче за брзо
Од почеток и сеуште перам љсо бекутан течен прашак и омекнувач . Прав бебешки мирис Првиот пат малку подолго требаше да останам бремена и тоа беше хит прашање Безобразни луѓе.
Ариел за бебе ми е незаменлив, пробав и Бекутан ама многу ми мириса или во почеток на бременост бев па не ми пријаше, не сум сигурна. Ама за Ариел гарантирам, вреди за парите. Со течен ако переш не ти треба омекнувач, во течните има се
24 недела,препорачано боледување,слаби болки ,скратено грло на ѓатка. Искуства ? Моментално сум на боледување.
Добредојде, одмарај дома никако на работа Иста сум до скратено грло,скоро 4 недели сум дома,така ќе терам до крај. Се препорачува лежење,минимално движење,работа по дома јок и примање терапија. Докторот што ти кажа?
Jas sum 20+5 i postojano sum so bolki, skraten cerviks i do 12ta nedela imav krvarenje. Obavezno miruvanje i sekako da si pokriena so terapija...so lesno mila