Поздрав девојки. Јас дел работи исправ со ариел за бебе а дел со бекутан. И двата ми се многу убави и траат. Уште некои работи имам за досредување. Сега повеќе се оптоварувам. За синко знам со кванто бел за бебе омекнувач користев и прашак бонукс. Пред 14 год немаше толку избор. И имам некои прашања. Кога се земаат брисеви после 31 недела? И што е неопходно за дома кога ќе си дојдеме со бебче? Не алишта туку работи од аптека. Пример пумпица за вадење секрет од носе зедов од оние со филтри и физиолошки. Тоа и за синко ми требаше бидејќи повраќаат и носето се затнува. Колекција мустела купка, млеко и крем за газе зедов, исто и шише и цуцли лажалки. Грицкалка за нокти, влошки за гради, некој чај или витамини за доилки да препорачате...? Леле се како наново ми доаѓа, како прво бебе.
Поднесов на 3ти јуни за клексани во фонд,сеуште нема ништо Дали чекаат во едно со патолошката да префрлат или одбиена сум Што мислите,фала
Брисеви мене ќе ми земаат во 35та недела. А за од аптека јас го имам овој список: стерилни гази за папок,алкохол 70%,свилен или хартиен фластер,физиолошки раствор,А+Д капки или Витанол капки,силиконско лажиче,пумпица.
Прво треба дома да ти стигне известување дека ќе ти рефундират. Од кога ќе го добиеш писмото за две недели најмногу ќе ти стигнат. Макар што многу ти одолговлечиле, јас од кога ќе ги поднесам, за најмногу 10 дена ми стига дома известување и за исто толку по известувањето, парите легнуваат на сметка. Се на се за 3 недели.
Незнам точно да ти кажам, досега редовно ми стига. Јави се телефонски и информирај се, ќе знаеш како-што.
Јас прашував во Центар за масажа др Манчева, ми рекоа дека масираат и трудници, ама не отидов да ти кажам искуство.
Денес многу слабо ми мрдаше бебето. Паника ме фати, пробав и со чоколадо и со сладолед, кафе, газирано и го нема. Сабајле еднаш, двапати го осетив и толку цел ден. Се закажав дури и на преглед порано т.е вторник.
и јас мислев рано е рано е ама па после да не е касно почнав со постелнина сега ќебенца,ама се мислам за тоа со каков омекнувач да продолжам
Ја земав Ариел бејби прашок ,а омекнувач на Чико. Уште не сум пробала да исперам ништо. Се некако се мислам да не е многу. Ќе пробам постелините со двете да ги исперам ,па ќе видам дали и за алиштата има потреба од омекнувач
I jas zemav omeknuvac na chiko.. a prasok uste ne haha se mislam uste dali persil ili ariel. I ovaa nedela zdravje pocnuvam so perenje.
Сакам да кажам дека во сред лето затнат ми е носот и грло ме боли. Мислев дека е алергија, ама со покачени леукоцити е најверојатно бактерија од климите на работа. Едвај дишам, глава ме боли, плус ми е паднато железото и ми се врти. Утре ќе видам на доктор што ќе ми кажат дека смеам да се напијам, ова прегорен шеќер и други природни лекови не помага многу. Пола бременост ја поминав горе доле супер, па да не се жалам многу, ќе помине и ова. Имајте сите убав неделен ден.