Добро утро, Чекам мм да ми направи тост Вчера јадев патлиџан и пак имав дијареа. Се напив пробиотик и банана јадев и помина. Ама јас мислев дека е од праските и вечерта за вечера пак јадев патлиџан. За 10мин револуција во стомак. Сега сабајле пак дијареа. Пиев пробиотик и веќе до пораѓај ќе размислам дали пак ќе јадам патлиџан. Јас па пред 2 недели и копрокултура правев мислејќи некоја бактерија имам,ама сега дефинитивно знам дека е патлиџан. Е сега одма и паника ме фати дека имав читано тука дека гинеколог рекол дијареа доведува до предвремен пораѓај и коски ми се тресеа сабајле. Раат да не е човек. Недела ќе закажам на гинеколог. Треба да одам на депилација на препони, не сум била одамна, па ќе биде весело Значи уште неколку дена и ќе влезам во 5ти. Еден ден не ми помина без некои болки, нервози. Ми наплаќа оваа бременост за претходната. Сега сфаќам дека претходната ми била школска бременост и пораѓајот исто. Сега се плашам да мислам како ќе биде и до крај на бременост и пораѓај.
Мешиња дали ве фаќа страв од пороѓај и како се справувате? Мене не ми е страв од самиот чин, мислам и од тоа ми е страв како ќе биде, да не ми се стресе снагата и срцето но и од неизвесноста цел ден на пример или два да чекаш со болки, мачнини, повраќање додека се отвориш и породиш. А од царски ќе сум во паника само сабајлето пред сала и толку, но за природно ме фаќа страв. Сега не е огромен страв зашто уште сум 8ми но да се припремам психички
Сите ги фаќа страв. Само немој да слушаш многу приказни од другите родилки(мислам до детали де). Во првата бременост 2 другарки се породија 1 година пред мене. Толку детално ми опишаа, едната 2 дена беше во болница пред да се породи. Ужасен страв имав од нивните приказни. Се тресев кога одев на пораѓај заради нив. И сите детали им ги памтев. Ама фала му на Господ добро поминав. И брзо. И гледај да се опуштиш колку што можеш. На еднава другарка докторов и рекол толку била уплашена и згрчена од страв што За време на царскиов мускулатурата и била ептен стегната. Тогаш не можеш да се опуштиш скроз секако, ама само ќе ги слушаш докторот и сестрите. Мене пред пораѓај ме виде како дишам (правилно) сестрата и мислеше дека сум одела на вежби за трудници. Рече вака ако дишеш правилно и соработуваш ќе родиш со песна
@flower30 дијареа не доведува до предвремен, туку е еден од знаците дека ќе следи пораѓај, што и не е правило. Во смисла, кога ќе влезеш во 9ти, можно е ден-два пред пораѓај да имаш дијареа оти телото се чисти, а и не мора да значи. Многу трудници имаат дијареа цела бременост, ја имав на периоди, исто како што многу имаат запек. Не се секирај. @Мариаа. Ариел бејби има и прашок или само течен детергент е? И дали некоја знае дали можам да го најдам во грција? Се трудам да не мислам, ама имам ужасен страв од пораѓај. Ништо друго не ме плаши како што ме плаши самиот пораѓај.
Леле фала ти. Колку погрешно сум го сфатила постот на членкатаСо првата бременост нема дијареа ни за време на бременост ни пред пораѓај, па сега бидејќи се имамново ми е се ова.
Сретнав понуда на фб за матични клетки тие што бевте заинтересирани еве линк: http://www.biosave.mk/ceni/svetski-...medium=fbad&utm_campaign=roda&utm_content=dsc
Леле и мене патлиџанот ми прави проблем, пред некој ден јадев и за саат време се исповраќав, пред тоа од него во wc дремев. Веќе не помислувам да јадам. Ама пустиот па сега му е сезона и најмногу ме освежува
Јас на првиот пораѓај отидов скроз психички спремна, ама само оти не знаев што ме чека и колку многу може да боли. Премногу бев возбудена за да мислам на друго, а и сигурна бев дека имам висок праг на толеранција на болка. Што се покажа како неточно. Знаев и правилно да дишам. Мајка ми ме беше спремала на техниката. Иначе е акушерка. Се породив за 5 саати, прилично брзо за прворотка. Првите болки, некои 2, 3 саати ги поминав дома, миејќи садови. Маката ми траеше околу 8 саати вкупно. Вториот пораѓај, траеше подолго и беше потежок од првиот. А по некоја логика, би требало да биде спротивното. Мислам дека ми влијаеше психата, затоа што знаев што ме чека. Техниката за дишење не ми користеше многу, иако бев 100% насочена кон истата. Болката ме покоси, се убив од повраќање. Со првите болки, исто миев садови. Изгледа ми е некој ритуал пред раѓање. Третиов, се надевам, а и се тешам дека трет, па ќе биде најлесен. (Иначе бебе ми е уште карлично ) Претпоставувам и дека пак ќе мијам садови. Најјако од се, е што имам машина за садови, ама не ја употребувам кога почнуваат болките. Иначе, чепот ми падна дента, односно утрината, а вечерта раѓав. Дијареа имав два, три дена пред раѓање. Нема правило и кај сите е различно. Некој издржува повеќе болка, некој помалце. Јас би со анестезија, ама тоа ме плаши повеќе од самиот пораѓај. Анксиозност. Трет пат ќе ми биде и пак се плашам. И ми треба повторување на лекцијата за дишење. Него, да ве прашам. Дали фарбате коса со фарба која содржи амонијак или не се фарбате воопшто? Не знам дали воопшто фаќаат оние што се без или нема врска тоа?
А знаеш колку ме фаќа стрв за патлиџан. И убав беше. Ама ќе паузирам. Едино сега од бавча домашен има свекор ми па кога ќе стаса од тој да пробам. Мм пред некоја недела имаше мака со желудник и отиде на преглед и рекла докторката да не јаде патлиџани демек додека држат цена оти сето тоа било прскано многу со хемикалии и прават проблеми во организмот, нормално. Ти како си? Поминаа нервозите? Ти стасаа резултатите од Приска?
Свекрва купила продерм и некој друг со маслиново. Ама па не се консултира со мене и се изнервирав. Ја си набавив од МК пелени за повеќекратна употреба, и за нив ми е препорачано да ги перам со Ариел Бејби или Персил сензитив, како единствени одобрени на европскиот пазар кои не предизвикуваат црвенила и осип. Колку што гуглав овде персил не најдов, а иначе се препорачува прашак наместо течен детергент, е сеа ако нема прашак, ќе го зеам течниов што да праам. И веќе ако користам за пелените таков па и за алиштата ќе користам ист нели... Што да и праам на свеки сеа, нека си ги користи тие 2 за нивните алишта...
@flower30 @Starlič а да пробате да конзумирате излупен патлиџан? За желудникот мислам дека лушпата прави проблем плус тоа ќе ги фрлите хемикалиите кои се на лушпата @Lianna Anna јас се фарбам од 2 месец со фарба без амонијак-Syoss златната и ми ги покрива белите влакна.
Свекрва ми баш вчера ми кажуваше да го лупам, викам не бе не ми смета. Грешка сум билаама сега ќе правам пауза па наредно кога ќе јадам ќе лупам обавезно
мила кисни го зеленчукот во сода бикарбона едно пола саат до саат и пробај да видиш дали ќе ја имаш истата мака или не...а можеш да пробаш пр. и да го излупиш патлиџанот ..
кај мене каснат два месеци веќе незнам зошто, претходно точно на месец исплаќаа, сега што е работата незнам..
Мачкате непца со нешто? Цела бременост имам мака со нив,ама сега ептен ми крварат и ми отекуваат,дури парче ми падна. На заболекар бев,ми ги исчисти само неколку дена беше ок,после пак исто. Кажете некое чаре
Не ми текна, а баш една членка овде ми кашуваше претходно. Ама ќе ручавме и набрзина измив и седнав. Од сега ќе знам
Мене првата бременост ми беше најпатолошка што можеше да биде, се породив херојски, психички спремна без глас да пуштам. Едвај чекав да дојде пораѓајот и да не се мачам повеќе со трудноча. Сега сум 30 недела и некако не ни мислам на пораѓај, ке го мислам кога ке дојде. Сеуште ме фаќа паника да не се породам предвреме иако до сега имав да се рече ок бременост,веројатно ми е од претходната траума уште. За фарбање се фарбам со истата фарба од претходно,со амоњак,само не ја држам долго,максимум 25минути. Не верувам дека може да наштети повеќе од загадениот воздух што го дишевме цела зима.