ќути мила не збори, цел кук не го осеќам кривам цела, од вчера најново почнаа болки и некој притисок од препонот, накај кук и кичмата, едвај стојам и одам до кујна, ко да малку ми беше се до сега јас едвај чекам да помине брзо периодов да се породам, летово ќе ме умре мислам, никако не сум ни за надвор ни за внатре ...всушност за никаде не сум Едит: @Yowannty само за кај тебе на плажа и море сум е тоа ќе ме опорави , али само на сон ќе можам за жал
@Софија 88 и @Мариаа. Не се предавајте. Рано е имаме уште по 1,5-2 месеци. Мене Др ми рече дека сум ретка среќница што немам болки, тежина, жештина како да не сум бремена... Читајќи ве гледам зошто.Пупу машала. Трчам сеуште по скали. Ама неколку дена ми пука главата од болка. Ама еве денес железото 8 а долна граница 12-32 Хемоглобинот 90. Ужас а цело време пијам хемовит плус. Сега тотхема ми даде. Искуство со тотхема и запек???
да ние заедно идеме, топтан на бокс пупу само така да си тераш со лесно до крај и за нас уживај во бременоста Јас пијам тотхема не ми создава запек, веројатно повеќе е до исхраната па тоа ме одржува некако... јас факам запек од мн благо, грицки и тврда храна ... а инаку моево железо е бетер од твоето 3,9 ми дојде цело време паѓа, а хемоглобин 9,7 ни терапија ни ништо живо не помага
Ти си фит трудница,блазеси ти Тотхемата мене не ми создава запек,ама пиј ја со сок од портокал или чај од коприва и плус вит.ц. И мене ми е страв железото да го проверам др недела,ако не се покачило ќе си пукнам
Си пробала ли со Sideral?мене железото ми падна на 4 и за еден месец го качив на 10 со sideral folic. Тотхемата била за хемоглобинот ако е низок а не го качува железото.
не ги немам, прво почнав со тотхема, па со малтофер ми ги заменија и сега пак ме вратија на тотхемата не ми викаат да ги сменам за други
Јас еден месец пијам хемовит и вит.ц. сега во четврток ке правам крвна слика,па ке видиме на што сум.
Тоа ти е синдромот на 9-ти месец. И кај мене така беше првиот пат, само што влегов во 9-ти и си реков, ете сега може кога сака да излага. И си мислев ќе биде во 35та, па во 36-та.... и дојде на 40+2 . Сега гледај да спиеш колку што можеш повеќе, немој да забушаваш со физичка активност (умерена, ама редовна) и со лесно во последните недели. Јас тоа би си се советувала себе си да можам да го вратам времето назад со првата бременост. Однапред извини за непобараниот дополнителен совет . Мене сега во 18-та недела тоа ме пука - лажна сигурност после мачни 3 месеци.
Здраво девојки. Денес бев на преглед, бебенцето е добро, расти, 960 грама го измери. Цело време се криеше со рацете и не можевме лицето да му го видиме. Карлично е поставено, ако не се сврти ќе мора царски, макар што јас и претходно бев со царски. Инаку 26та недела сум. И уште малку влегувам во 7ми месец . Цервиксот ми е добар и ми даде уште еднаш зелено светло за на одмор. Хемоглобинот ми е на исто ниво, ама железото се намалило и покрај тоа што испив една доза Фероглобин. @Presrekna сакав да те прашам дали во Плодност ти спомнаа за трет скрининг?
Секој месец своја приказна,ама последниов изгледа најтежок ќе биде И јас тоа си викам,спиј сега после ќе неможеш ама ај како,колковите раштрафени ми се И ти најтешкото си го поминала. Според мене првите три и последните два месеци се хорор. Измеѓу може нешто малце да се каже "уживање во бременост"
И јас имам дома тотхема и и реков да ги пијам за железото но ми ги кажа овие.Тотхемата да ја пијам ако ми падне хемоглобинот.Секој различно кажува
Ај чекам рапорт четврток за крвната слика. @Magic13 јас го направив 3 скрининг 30 недела пред одмор. Др Марија ми препорача. Сега бев кај матичниот после одморот. Супер сте со бебуш и убав провод на одмор. @Мариаа. Одмарај сега сама после раштрафена од бебе ќе бидеш. Бери сила мајка. @Софија 88 баш ќе пробам со тотхема. Зедов и лимони цвекло јаболка и морков од утре стартувам со сокот.
Читам погоре да не цитирам незадоволни од преглед. Абе не само обем на глава, бутна..ќе си барате цервикс, проток на папочна, постелка, плодова... И да, слики ќе барам , матичната да не потроши хартија случајно. Нез за вас, јас прегледи плаќав. За втора бременост има на глава да им се качам.
Јас сакам да ми кажува докторот, а не да си правиме општи муабети или да молчи па да си пише извештај. Па ако не ми каже ништо, кога ќе го прочитам извештајот, од што не знам и не ми кажал, може уште повеќе ќе се исплашам. Пишав и претходно-одам кај 2 докторки(матична и приватно). Пример, одам вторник на приватно за прв скрининг. Докторкава ми мери цервикс вагинално и ме префрла за абдоменално ехо. Како гледа она си кажува - нухален набор, желудниче, раце, нозе. 10 пати ми покажа она да ги видам и јас желудничето, главчето, рачињата... Одам среда исто на прв скрининг кај матичната. Мониторот свртен само накај неа, ме гледа абдоменално. Јас молчам. Едно 6-7 минути ме гледа. За сето тоа време ми раскажува за одморот, работата во ординација и неколку хорор приказни за трудници-која имала спонтан, која дете со Даун, која родила предвреме. Почнува да ме фаќа нервоза и и викам "а бебето како е". Одговор - "добро е де, шо се секираш" . Па викам, измеривте ли нухален набор, срце, глава како се?! Одговор - "Е добри се де, туку да ти кажам за една жена што праеше амнио па имаше спонтан" . Е за тоа одам приватно. И затоа ме нервира, каде и кај матичната платив 700д за скрининг, 500д за ехо плаќам а не добивам НИШТО. Нивна работа е бар основни работи за бебето и органите(посебно па на скрининг) да ги кажат. Особено па ако дадам 3000д за прегледот. Инаку, дај кажете како да ја смирам паранојава моја. Толку паника, страв во мене имам ќе пукнам. Ме боли стомак денес пак и одма 300 црни мисли. Секако утре ќе и се јавам на др. да ми најде термин за преглед оти ќе полудам. Цццц излудев овие 5 месеци
За РХ-негативните каде ја примавте инекцијата во 28ма недела, кај матичната или во гиникологија ви ја ставија и дали прво бевте на гиникологија за рефундирање па бевте да ја купите или како оди процедурата некако не можам да ја сватам мојава матична?
На ГАК ја примив пред 8 години, сега во Ремедика. Прво ја порачав, ми ја донесоа во аптека, ја купив. Ја примив а после од матичната земав само потврда. И таму кај што ја примив добив на писмено дека на тој и тој ден ме боцнале, и на самиот извештај ја залепија налепницата каде го има серискиот број на ампулата. Ако те интересира нешто друго, слободно прашај ме.
Tocno , potpolno se soglasuvam no koga pobarav od doktorot da mi izmeri cerviks mi rece ...stom ti kazale deka e skraten togas taka e , sega ne mozam da te pregledam vaginalno , imal mn rabota . I jas ostanav bez zborovi ...
Uzas no vekje sum tolku razocarana sto ne sakam “ doktori” da vidam ...nemaat ni D od doktori. A koja nedela si sega , denes te boli povise stomak ? Dali odmaras ? Nema potreba od crni misli posto ke bide dobro nema potreba od panika
Женски не би да ви ширам негатива, ако не ви се допаѓа докторот сменете го, ама не се оптеретувајте превише со разно разни мерки посебно ако не сте медицински лица. Свашта можеме тука да си кажеме, вака лаички, и утре ко некои пензионерки да му се тупниме на докторот дека сакаме тоа и тоа да ни се провери. Само релаксирно, без стресови и се ќе биде добро Слушајте паталец! На докторка-гинеколог, ќерка и го изгуби бебето во осми месец. Дента била на преглед. АКо таа не била најдетално прегледена, сигурно јас или некоја од вас не е подетално прегледана од неа. Не ви го кажувам ова за да ве паничам туку дека некогаш колку и да сакаме да ги исконтролираме работите, едноставно невозможно е.
16+5 сум. Ама и изгледа сум поднастинала оти одам повеќе во вц. Па одмарам, ама валјда би требало повеќе да лежам. Фала ти, дај боже да е се добро