Ај некои од тазе мамичкиве нека прати списоче што треба да се носи во болница(чаир или гак) @tetoviranta @Turna @beba@meba @srekice @drugarka ии сите останати
https://tvoebebe.com/BREMENOST/n16.php нормално е да ти се засилуваат болките . На тој линк, и на овој https://acibademsistinababy.mk/bremenost-po-nedeli следете си што да очекувате по недели. Ќе видите дека се што е пишано овде како симптом е нормално за соодветната недела. Така да уживајте, ништо ненормално не ви се дешва
Фала @Presrekna, одвај чекам да одиме. Не ми спомна мене докторката за трет скрининг, само за 1 месец ми рече да се видиме, а тогаш ќе бидам 30та здравје Боже. Сега дали ќе биди обичен преглед или скриниг ќе видиме. Не знам дали е подобро за така да се закажам?!
Во Гак носев папучи гумени,гел за туширање,влошки вир 3 пакетчиња,земи мали пешкири за бришење после туширање зашто од рана неможев да се движам а не со голем да се бришам.Паста и четка за заби,пелени и влажни и павловиќева за бебе .Стегач за коса ,чорапи ,шише вода,полњач за телефон.За јадење земи си плазма бисквити,вода и чоколадно млеко ако несакаш зумбули да расцветаш Тоа е се .А да и за рана земи нешто некој мелем ,јас имав еден домашен и ептен помогна бидејќи сува раната и ме затегаше.
Зошто плаќаш ехо кај матичната? Не смее да ти наплаќа редовен преглед, бесплатно е. Пријави ја и смени ја. Кај и плаќаш па уште и ќе те трауматизира со муабети.
Какви брисеви се прават после 33та недела? Матичната ми рече само еден брис требало. И викам јас цело време имам стрептокока или кандида она рече, стрептокока ако е секако не се лечи во овој период само пуштаат некој антибиотик на пораѓај, а и овој брис ќе покажел ако имало нешто. А за кандидата ништо не искоментира. Сума сумарум не сака да ми ги земе сите 4 бриса. Да и протестирам или? Кандидата може да направи проблем на пораѓај во случај да ја имам?
Ќе ти дадат антибиотик и на тебе и на бебето дури и да си ја исчистила кандидата. Штом си имала во тек на бременост обавезно даваат. Ако си алергична на пеницилин кажи им да ти дадат антибиотик со кој е дозволено доење, секако ако планираш да доиш.
За во предродилна и родилна сала: -тоалет хартија -шишенце со вода -мрежасти улошки (особено ако не ви е пукнат водењак) -мобилен За после пораѓај (торбицата ќе ја предаде на оддел ваш близок одкако ќе се породите и ќе ве сместат во соба): -влажни марамици -мрежасти улошки -хартиени гаќи (мене ептен ми завршија работа и топло ги препорачувам) -прибор за лична хигиена -мал и голем пешкир -папучи -од спаваќи и постелини нема потреба, секогаш кога ќе побарате ќе ви дадат чисти -полнач и мобилен -чашки за пиење, јас си носев и лажица и виљушка (таму за ручек носат само лажица и ти ја зимаат одма после јадење) Имајте во предвид дека храната не е многу обилна па ќе ви биде потребно нешто дополнително за глодање и мноооооогу течности За бебе (моето беше во инкубатор, но од она што гледав кај останатите): -влажни марамици -пелени -крема за газе доколку сакате да користите кога сами менувате пелена -тетра пелена Додека престојувате во болница таму си го облакаат бебето со нивна облека. За искачање од болница облеката ја носат вашите блиски кога ќе дојдат да ве земат.
@Sesil фала ти. Јас па со маж се расправам. Он ми вика од што те боли нешто секој ден почнав и јас по интернет да читам и викаат нормални се тие болки. Јас па уште нервозно му викам абре како не, шо се разбираш тиЛеле кутриот како ме трпи @kockichka знаеш дека 2 пати отидов и првиот пат прв скрининг 700 ден, брисеви што ми зема не ми наплати. А вториот пат отидов дека ме болеше стомак и пак 500ден. Искрено, изумив скроз да мислам и да ја потсетам дека е без пари. Нареден пат кога ќе идам ќе и речам. После пораѓај (со првата бременост) отидов да им однесам документ за породилно и кај сестрата чекав и излезе една трудница од преглед и сестрата и вика 500ден. Женава вика па нели е бесплатно за трудници. Вика не знам,треба да платиш. Женава и вика не ти плаќам, и ќе идам сега да ве пријавам па да видам што ќе правите. И сестрава отиде до докторката во ординација, се враќа и вика "може да си одите, не треба да плаќате". А јас цела бременост плаќав
Кажи ми го името, јас ќе ја пријавам. За што плаќаме здравствено, за она да се богати? Многу ме нервираат такви кои профитираат во сензитивни ситуации, со трудници кои се би дале за детето. А фискална ти дава?
Ааа ова со матичниве јавна тајна е. И прегледи,и ехо и брисеви. Се се плаќа. Мене до сега се ми наплаќа. И тоа рандом како ќе и дојде. Знам за неколку гинеколозии што не наплаќаат во цело Скопје. Али тоа е. И така цело здравство ни е у пм отидено.Што ќе се нервираме. Да напоменам фискална аш,нема.
За чаир, прибор за лична хигиена -четка паста чешел стик, гел за туширање (јас морав бев препотена) пешкири три носев, ми требаа уште, само се замивав и туширав. Тетра пелени за лежи бебето. Вир влошки 3 пакувња, гаки стерилни 2 кутии. Стегач (штипка) за коса, Апостолки носев ми дозволија. Ланолин обавезно. Бебе ми го дадоа и не ми го земаа и по неколку саати од пораѓај го форсирав на града, им кажав на сестрите да не му дадат дохрана, па почна да си цица. Палома/влажни за тебе. Полнач за телефон. Храна и вода/сок ми носеа од дома нон стоп на неколку саати бидејќи пиев ко дупнато буре. За бебе памперс и павловиќева, друго ништо. Алишта кога ќе ве земат. Јас седев два дена, за повеќе денови, можеби пешкири повеќе.
А имаше ли човек за во чаир? Искрено таму би одела ама ми е страв да не ме вратат ако нема место па да треба пак низ сите гужви да одам накај гак и недај боже да закаснам. Другарка се породи лани во чаир и отпочетокот нејќеа да ја примат и тоа со пукнат водењак, и се јавуваше по луѓе за да ја примат..
Им се поклонувам до земја на сите трудници кои се на строг bed rest цела бременост ...Лежам и тоа не строго 5 дена и веќе сум полудена...
Па многу ви земаат матичните за преглед. Мојата 100ден само ми зема. За брисеви 250 ми зеде. И повеќе да е не се бунам, многу фино човече е и ептен детална во прегледите. Знам дека не се наплаќа ама па на приватно коа одиме не жалиме пари колку и да не свлечат, а сега за некоја ситна сума 1-2 пати месечно ич не се замарам. Едно кафе е.
Имав сестра една, која беше на одмор, ко да немав. Ама одев од 34 недела секоја недела. После термин на два дена. Многу е индивидуално искуството. Јас поминав супер. Не очекував многу, знаев дека не е хилтон хотел, ама од доктори, тим за пораѓај, од сестри за доење да ми покажат и педијатар се' да ми објасни, нега на бебе, папоче, кожа, како да го држам да ждригне, и сл. Патолошко одд и родилна мн. Се средени. Кај бебињата не баш, 4 во соба, галама, не толку чисто,ама јас бев магепсана од бебе и ми беше гајле, искрено одвај чекав да си идам.