Колку плати во Ремедика, дали ти рефундираше фондот нешто и дали таму ја водеше целата бременост па таму ја стави инекцијата или приватно си беше само за тоа, прашувам за во 28ма недела не за после породување?
Сесил не е до 100ден, туку они си наплаќаат си работат со фондот, ова им иде плус. Зошто плаќаме здраствено ако на државно ми земе пари, а 9месеци во животов ми е само бесплатно. Таков е законот. Не е до едно кафе туку они работат незаконски.
Јас да прашам какви се тие хартиени гаќи и каде се купуваат? А за наплаќање кај матичен,мене само абдоменално ехо ми наплаќа-300ден и ми дава фискална. До сега не сум прашала зошто, нели се вадат заради апаратот. За вагинално и земање брис не ми наплатила во бременост.
доколку се сомневате на бременост најведнаш се прави тест преку крв,за ехо тек после 5-6 недели ауу јас го поминав тој период на кукање. сегс кукам како ќе успеам да изваросам и да исчистам убаво послем од каде да нарачам плакарче дали да купам готово дали да правам по порачка па кога е најпаметно да го отворам породилното,имаме колективен одмор па дали да земам уште некој ден плус па да одам на породилно.... И дур напишам се стомаков ми се превртува,бебево како во базен да е и плива ли плива бубрези ми претури. Вероватно и плацентата ја има искинато досега. Долу стиска боли дупи тегне копа... Кај и да е и водењакот ќе го пукне и ќе си излезе само.
Не не, грешно ме разбра. Мене тој брис ми го закажаа кога ќе бидам 35+0, инаку се правел покасно ама дека ќе оди на одмор докторката па ќе ми го земат. Прашањето ми беше дали после 33та недела правеле комплет брисеви некои, дали треба (сите 4), оти мене ми рече докторкава само еден ќе земе за стрептокока.
Јас ќе и барам сите претходни да ми ги земе + стрептокока. Знам дека уште си ја имам кандидата,уште од старт. Тука читав дека е подобро да се повторат другите. Само не знам која е логикава ако секако даваат антибиотик
Најверојатно дека може многу лесно да се фати. На пример ја немаш во 35та недела на последните брисеви, во меѓувреме ја закачуваш (а малку треба за тоа) и на пораѓај ( пр. Во 38ма) да си ја имаш, а не знаеш. Ваљда одат по оваа логика
Во право си. Во мој случај бебето не беше со мене, не доев, па немав потреба од ланолин, ама за тие што планираат да дојат добро е да го имаат. Да, на ГАК се породив Практични се за тие што се шиени, да може кожата да диши. Ма да јас не сум шиена, ама пак си ги носев во болница, некако убаво ми се луфтираше доле Ги има во Енци менци и во ДМ
и јас знам од 33 до 35 се зема брис. Ако мислиш вагинално,еднаш таму околу 12та недела мислам беше и еднаш после 33та. Како и да е тука сме
А јас би додала и силиконски брадавици и пумпа за измолзување за секој случај ако не прашате како да доите.. верувајте не кажуваат сами па мора да прашате инаку ќе ви се стврднат градите и не ќе можете да доите .. ќе Ве болат многу.. некои сестри на гак не се баш гостопримливи, треба за се да се потпрашува највеќе околу доењето..
Мила ти обратно од мене.Мојата па сака сите бриса да ми ги зема,а јас сакам да се бунам да ми земе само за стрептокока,за да не ми брца со одвратниот спекулум во 35 недела.Иначе последните брисеви се земаат 34-35 недела со стапче без употреба на спекулум.Поздравче
Мајки помош, ми треба совет. Најмалата внука имаше сипаници, еве веќе и поминаа, ама сега и на другата внука и се префрлиле, а треба да одиме на матура кај нив. Јас тие сипаници два пати ги имам прележано. Не знам што да правам.. Некако страв ме фаќа... Да одиме или да чекаме да им поминат?
Јас цела бременост од дома не излегов поради сипанициве/епидемијата. Ни на родендени ни на прослави каде што има народ, а посебно во игротеки и со деца. Не би ризикувала, јас немам прележано никакви сипаници ама со оглед на фактот дека морбили фаќале и вакцинирани со прележано на твое место би си седела домче
Какво мешање, седи си дома поарно. Претпоставувам за варичела се работи, не за морбили, ама посигурно е да си се држиш на страна иако го имаш прележано. Јас пред некој ден малце глупаво изреагирав, сеа смешно ми е ама тогаш мислам игли ме боцнаа одоздола и морав да станам. Седна до мене детенце што мајката претходно кажа дека има вошки И јас у секунда смислив изговор да си одам, станав и си заминав
не се, ама што ќе губам време на чистење послето, вака си станав не мора да значи дека кај мене ќе скокнеше некоја ама ете параноја