Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.494
    Допаѓања:
    183.902
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво :)

    Јас утре сум на контрола, да видиме беблето колку пораснало. :sun: Докторот ми рече нема да имам 3 скрининг, оти не било забележано ништо сумливо, тој секако гледа детали на секој преглед. Може ќе ми каже дека ќе треба брис да се земе.. бар се надевам. (fingers)

    Ги земав резултатите од крв и урина вчера, кај урината се негативно стои, кај крвта леукоцити малку покачени, лимфоцити и хемоглобин малку пониски стандард, за железо пак нема ништо. :D Живот во незнаење. :D

    Деновиве бебе претка многу.
    По цел ден е активна, а посебно навечер, и баш секогаш кога ќе најдам малце згодна поза, нејзи не и е по ќеиф :envy:
    Деновиве се прашувам дали ова мое бебе спие понекогаш? Дали ова значи дека и надвор од мене нема да ми спие? :worried:

    П.с. 33 недела од денеска (poolparty)
     
    На NNA, Lorins, duffi и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    9.859
    Пол:
    Женски
    Не платив ништо за услугата. Правев ивф во Ремедика и затоа одлучив да ја примам таму. Пожелно е да се прими во болнички услови, претходно примив на Гак. Документите за рефундација ми се дадени во ФЗОМ, ги прифатија ок се, чекам пари. Не е важно каде ке ја примиш дали државно или приватно, важно е да се достави сметка и сметкопотврда од каде ке ја купиш, потврда од матичен, потврда од таму каде што ке те боцнат со сериски број на ампулата, извештајот од трансфузија дека си рх-, и копија од трансакциска сметка.
     
    На E*N му/ѝ се допаѓа ова.
  3. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.912
    Допаѓања:
    142.590
    Здраво и од мене,
    Се вратив од кај докторката(на приватно).
    Бебе е супер, мрда во стомак, ме поздрави со стегната тупаница:D
    Одговара и по менструација и по мерки на 16+1. Значи апликацијата ми бега за 4дена:)
    Плодова вода доволна, постелката горе се качила, се е добро.
    И најинтересното, цервикс 4,7 см. Ми мереше 3 пати и исто покажа. И викам па кај матичнава беше 3,6см. Вика не знам како било, јас имам супер ехо и печат ти ставам со кој одговарам јас дека толку ти е цервикс. Фала му на бога, се е добро со бебе, со бременост. Вика опушти се, одмарај, шетај. Ми го прекина Утрогестанот.

    Е така, платив 1500д. За тој нејзин смирен тон и за нејзиното објаснување за главче, стомаче и сите податоци за бебе и за тоа што после преглед се осеќам опуштено и без страв, би платила и дупло.

    Убав ден, одам јас да кркам нешто:D:D:D
     
    На NNA, betty oh, Lorins и 13 други им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    зошто силиконски брадавици? Ако се си е во ред нема потреба. Јас имав мали брадавици па после дури ме советуваа за силиконски брадавици и пумпа за измолзување да земам. А другите жени со мене што беа немаа потреба
    прво штом ти се прележани немаш гајле. Ама чудното е што едни сипаници само еднаш се прележуваат а не два пати. Друго ваквите вируси се ризични во период на инкубација,ако веќе и се излезени на внука ти немаш шанса да префатиш.
     
    На koritsaki и Starlič им се допаѓа ова.
  5. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    @flower30 вака добри да сте до крај! Туку, мирот не се плаќа со пари. Јас до сега еднаш само сум била кај матичната (пред две недели), се беше ок, ама друго се чувствувам кога Петановски ќе ми каже дека се е одлично, а друго кога ќе ми каже она. Поголема сигурност имам кај него. Не поголема, најголема. Прегледите кај него не ги менувам за ништо на свет, нема нешто што ми дава поголем спокој. Наредна недела сум кај него на преглед, веќе на готовс сум. Само бројам денови.
    Се мислев дали да одам кај матичната да ги видам, ама ќе стиснам заби за уште 5-6 дена.
    Читајќи по темава заклучувам дека сите сме со ист памет значи. Трпение од преглед до преглед-слабо :D
     
    На NNA, Andonia, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    јас 13 недели по ред се прашував за тоа.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.291
    Допаѓања:
    28.051
    Не оди. Другарка моја имаше прележано сипаници, ама пак бебето во стомак и фати. Многу ретко се случува, ама ги закачи. Среќа што беше во безбедна недела, па нема бебето последици
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.856
    Пол:
    Женски
    Мила од која недела е безбедно.Сакам да се средам на фризер и депилација ама на мисла ми е.Вакцинирана сум и сум 31+.Поздрав
     
  9. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.912
    Допаѓања:
    142.590
    Фала ти, дај боже. Сите да сме добри и ние и бебенцата. Јас не одам во Систина и Ремедика. Докторкава си има своја ординација, сама прегледува. Ама така е смирена, не ме паничи, детално гледа. После преглед ми одговара на 100 прашања:D И си правиме онака муабет.
     
    На bela.m му/ѝ се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.291
    Допаѓања:
    28.051
    Не знам точно која беше, мислам меѓу 25 и 30та, кога мозочето е веќе развиено.

    Мислам дека немаш гајле на фризер, не е директно мешање со дете кое знаеш дека има варичела.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. E*N

    E*N Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    А ја има секогаш на лагер по аптеките или треба да се нарачува, за да знам со време да не се нервирам и за тие глупости?
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.026
    Допаѓања:
    108.671
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мешиња како сте?

    И мојата бебка прета навечер повеќе , кога ќе легнам да спијам. А не дека ја нема и преку ден :D ја осеќам многу горе , една рака над папокот. И моментално е тука , па одвај дишам :D

    Инаку да ве прашам нешто , дали некоја што е трудна или била трудна ја каснало оса/пчела? Што правите тие моменти? Мене ми влезе пред малку во вц една од прозорчето , ама едно големо ко чудовиште дали е стршлен не се разбирам. Дури зуи ау ау Бог да чува. Не знаете кој страв го имам од тие инсекти ;( среќа не влегов да се бањам , а сега ми е страв да влезам. Гледам ја нема сега па прскав на празно пипс против инсекти.Ако е таму ваљда ќе умре.. Знам опасно е да се дише ама што да правам. Извинете на глупостиве ама никад во живот не ме каснала , а и брат ми има алергија и уште повеќе ми е страв...
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.291
    Допаѓања:
    28.051
    Кажете некој лек за јака настинка, волку затната со плус јака кашлица не сум била со години. Пијам витамин Ц дупла доза, лимони, чаеви веќе 5 дена и ништо. среќа немам температура, ама немам ич и апетит. Докторот ми рече може антибиотик ама шубе ми е. :sweat:;(
     
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.154
    Допаѓања:
    137.241
    Пол:
    Женски
    Мене прополис ме управа. За кратко време ме крева. За затнат нос солени капки напрај си. Зовриј чаша вода и ептен малце сол стаи внатре. Или ОперилП за деца шо е земи.

    Видовте ли во Зегин каква бебешка облека има, од био памук, по ептен приступачни цени. :angel:
     
    На NNA, Sofi.ja, Autumn_ и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    Во Зегин држат облека ? Каде тоа ... ?

    Ме интересира жени каде може да се најде бебешка постелнина со оградици, да е со интересни дезени сакам ? :?:
     
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.154
    Допаѓања:
    137.241
    Пол:
    Женски
    Одамна имаше реклама дека ќе има наскоро. Ете донеле.

    Screenshot_10.jpg
     
    На mimi257, koritsaki, Софија 88 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Mothercare во Рамстор ,и во Стружанка има.
     
    На Софија 88 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    Бев и на двете места мила и во Тритекс исто, но нешто не ме бендисаа дезените ... Мадрќер скапи но ништо посебно, или се без огради :?:
     
  19. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Имаше една страна на фб ми се појавуваше по порачка што прават оградици,многу беа убави. Ако ја видам ќе ти ја пратам.
     
    На Софија 88 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.154
    Допаѓања:
    137.241
    Пол:
    Женски
    На Софија 88 му/ѝ се допаѓа ова.