Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    9.859
    Пол:
    Женски
    Ја нема секаде во секое време, јас ја нарачав за три дена стигна во аптеката.
     
    На E*N му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Во Енци Менци има многу убави.
     
    На Софија 88 и Autumn_ им се допаѓа ова.
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.421
    Допаѓања:
    18.661
    Баш ги видов прееска,имаше тенко летно боди за 150 ден,едно помодерно,подебело за 450, некое комплетче околу 400, чорапчиња неколку пара за 250ден. Може да направиме некој шопинг и таму:D

    Инаку денес тргнав со намера да купам нешто за бебко,во Памук пале влегов за новороденче речиси ништо, си ја свиткав опашката и разочарано надвор.
    Ради цервиксот не смеам да се движам иначе знам јас кај се да отидам:lol:
    Баш ќе видам во Ваикики дали има нешто интересно.

    А дали ви се случило до сега во Зегин една цена на рафт друга на каса?
    Пред 2 недели земам ленти за депилација Вит, на рафт 187ден, на каса 235ден. Откако излегов надвор на сметката забележав,се вратив реагирав ми преврте очи девојчето објаснување немаше само рече може да ги вратиш,ме фати инат па ги вратив.
    Денес во истата аптека влошки секојдневни Либресе 69ден на рафт, наплатени 113ден. Не ми се враќаше пак,ама научив лекција дека треба 100 пати да проверам пред да платам|(
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    13.672
    Пол:
    Женски
    Силиконски брадавици за што требаат?
    Помалку боли преку неа или?
     
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.153
    Допаѓања:
    137.240
    Пол:
    Женски
    Не сум приметила, ваљда дека никогаш не прегледувам фискална. (facepalm)

    А за алиштенцата no comment, понежен материјал не сум допрела. Ќе барам да ми дадат гратис волку реклама што им тупив :D

    за мали брадавици
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    на доктор,и следи совет. Полошо е да си со болест одколку да пиеш антибиотик.
     
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.421
    Допаѓања:
    18.661
    Јас не ги пипнав,запаковани беа ама ме изненадија со цениве. Очекував повисоки да бидат.

    Околу брадавиците,и моите се мали,да си набавам на време ,силиконски или индивидуално е дали ќе боли?
     
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.153
    Допаѓања:
    137.240
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е индивидуално. Само една особа знам што ги користеше знам, ги употребуваше ради ептен мали брадавици и само коа ќе повлечеше детето прв пат млеко ја болеше, после не осеќаше ништо во текот на доењето.
     
    Последна измена: 27 јуни 2019
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.468
    Женички вчера цел ден и еве сега цела ноќ болки во препони и преден дел и долен дел на стомакот, и кај срамната коска како да ме влече и плус ми се стврднува стомакот поголем дел од времето. Што треба да значи ова? Блиску е пороѓај?

    Верувајте не спијам, ни јадам, ни пијам, ни седам... Никако не наоѓам лагодност. И плус со жешкото.. Ајде ќе се издржи. Ако можи да ми пиши некоја за оваа состојба. Иначе утре секако дека ќе посетам гинеколог ама пладне време негде. Иначе 37н сум.
     
    На NNA, Мариаа., Autumn_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Македонка па вие веќе до крај сте дошле. За стврднување на стомакот и мене почесто ми се случува овие дена. Пиј многу вода.
    А за болката во препони не знам. Во синко ја имав цел 3 треместар, се породив во 37+6 без некои јаки симптоми. Ме надболуваше дента стомак, ноќта имав како напад на бубрег и отидов со 10 прсти отворена.
    Сега 31 недела нема никаква болка, тешкотија, жештина. Спијам без проблем ( макар што имам вечери кога цели ноќи дежурам, но не од положба)
    Оди види што ќе ти кажат. Може порано бебето решило да те види.
    Со лесно
    Јас од 5 станата. Беба чукаше како на врата да и отворам. Ама од 1 до 5 кома бев. Мојава беба ноќе си спие. Еден час откако ќе легнам мрда и после ја нема. Преку ден дека сум цело време на нога ја осеќам само кога ќе седнам или застанам. Овие денови имам главоболки ама од железото и хемоглобинот ми е. Вие како сте? Ве чекаме мешиња со рапорти од на Др.
    @Sofi.ja во Зегин аптеките или оние за здрава храна ги има алиштата за бебе? Бидејќи кај нас одделно се.
     
    На NNA, Софија 88, Septemvri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.468
    Даа, денес обавезно ќе одам на контрола да видиме шо сака бебка. :inlove: :D
    А болка цела бременост сум немала вака. Ама веќе е тешка, а јас сум слабичка, не некоја крупна и се си допринесува :D :hug:
     
    На NNA, flower30, Septemvri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.494
    Допаѓања:
    183.895
    Пол:
    Женски
    @koritsaki алергија од убод од пчела/оса не е ни малку наивна. Ако не знаеш дали си или не си алергична подобро да си претпазлива. Мене ме имаат и 2те боцнато како помала и не сум пројавила алергија. Не знам дали може понатака да се пројави истата, ама и мене ме плаши се што лета. А негде имам прочитано дека стршлен да боцне е посебно опасен за плодот во бременост. Не ми текнува од каде ми е прочитано, ама така ми е запамтено, еве некој ако знае нешто повеќе нека сподели.

    Добро утро труднички :)
    Ја на исти маки. Болки во грб, кичма, колкови... плус жешко, едвај се диши... :sweat:
    Леле бе како ќе преживееме... :worried:
     
    На Andonia, Presrekna, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  13. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Здраво :sun:
    Како сте ?
    Јас малку слободно време на работа па да пишам додека не ме затрупале со документи .
    Се чудев зошто немам апетит , а сега се чудам како да затворам уста. Нон стоп ми се јаде :sweat:
    Поготово благо , и знаете што праам? Јадам милка чоколадо и за да не изедам цело , оставам еден ред.Демек се тешам дека не е цело:rofl: Сабајле морам нешто да каснам зошто ми се тресе цела снага. Заклучок до крај на бременоста ке се тркалам (tumbleweed):rofl: А кај е Јануари ехеее (lalala)
    Освен оваа промена немам никаква друга . Од време на време некој притисок во стомак ама тоа е нормално .
    Едвај чекам да одам на море.(poolparty)Се спремам неколку дена со син ми и со моите пa во август со маж ми на подолг одмор. Со син ми кога бев бремена не мрднав цело лето нигде. Ептен бев исплашена и пазев на се. Овој пат сум мнг по опуштена ,и затоа ќе користам . Иако се пазам и сега .
    Закажан скрининг и брисеви на 04. Едвај чекам , може ке се види пол :lol: А брисевите ги мразам :x Ама мора да се направат и тоа е тоа.
    Силиконските брадавици се за бебето полесно да фати да цица. Кај мене тоа беше неуспешно. И така и без силиконски мнг ме болеше иако мнг кратко цицаше син ми . Некои доктори препорачуваат ,некои строго ги забрануваат. Да се мрднеш :emo:

    Убав ден :f::music:
     
    На Autumn_, ocicka2014 и Yowannty им се допаѓа ова.
  14. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    И мене во почетокот многу ми се јадеше, само гладна бев, дури и нервозна ако задоцнев со јадење. Еве сега скоро ич немам апетит и ми стагнира килажата, а 7 ми месец сум. Како со сила да јадам. Така да не мора да значи дека до крај ќе те држи апетитот, не се замарај јади си слободно, па нели бремени сме? :)
     
    На koritsaki, Софија 88 и VedaG10 им се допаѓа ова.
  15. A&Z

    A&Z Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2015
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.181
    Пол:
    Женски
    На Autumn_, Софија 88, Magic13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Со првата бременост мнгггг се поправив и страв ми е дека и со оваа ќе биде исто . Ама ајде здравје после тоа ќе се средуваме. Само со бебињата да е се ок, и да се родат здрави прави .
     
    На Magic13 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kockichka

    kockichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    Јас ги користев силиконските брадавици кога моите беа многу разранети, а не сакав да правам пауза во доење за да заздрават. Од сите брендови што ги пробав, на Медела најмногу ми се најдоа, уствари само тие ми функционираа.

    И уште нешто што неколку пати сакам да го кажам, а секогаш ми текнува кога сум уморна, а во врска со доење е следново:

    Ретко кој кажува или знае дека не секоја доилка може да се измолзува, односно дека количината на измолзено млеко не е секогаш пропорционална со количината на млеко што доилката го произведува или може да го произведе. Јас на почетокот мислев дека немам доволно млеко, зошто измолзував од 30 до најмногу 100 милилитри (ова ми се случи само 3 пати). Толку многу се форсирав што си створив хематоми на брадавиците. Ама многу сум упорна по природа, а и многу читав се' и сешто и кога наидов на информацијата дека може сум меѓу тие што не можат да се измолзуваат и дека моето млеко се стимулира исклучиво со ставање на бебето на града, се заинаетив и успееав. До 4 месеци доев и дохранував со тоа што дохранувањето беше се поретко. Од 4ти месец натака до 6ти успеав да се префрлам само на доење. Потоа си терав до 13 месеци (нормално во комбинација со кашички и како иде редот со тек на време), додека не останав пак бремена па морав да престанам заради конфликт на хормони.

    Можеби ова треба да го пишам кај делот за мајки, ама мислам дека и идните мајки треба да го знаат, зошто мене на ГАК ме форсираа да се измолзувам и ми викаа дека немам доволно млеко и многу се разочарав, особено што ме удри јака постпородилна депресија и секое разочарување ми изгледаше како крај на светот. Ќе ми беше од голема корист да имав вакво нешто прочитано пред да се породам.

    Фала на внимание. :whew::):inlove:
     
    На Autumn_, tetoviranta, Girl-Rabbit и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    прашав кај нив премногу скапи се можеби мегу најскапите се кајшто имам прашано, мислиш од злато ја прават (facepalm)
     
  19. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    и јас стагнирав со килажа веке три недели грам немам качено, не свакам зошто истата количина и храна ми е... не разбирам како тие би качиле сега најмногу килажа ако јас не качувам ни грам, баш ми е на мисла ова овој период, нека пише некоја дали е нешто за загриженост или не :?:
     
    На Yowannty и Magic13 им се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.022
    Допаѓања:
    108.668
    Пол:
    Женски
    @Yowannty уф остај вчера 2 саата дремев пред вц :lol: , ја барав и на крај не ја најдов , избегала :worried: имам уплав од нив , многу ме зезаат ама не сакам да ме касне поготово не сега :(

    @ocicka2014 мене силиконски брадавици не ми требаа , ќерка ми одма фати убаво да цица. Едно време ми се разранија брадавиците и тоа крв излегуваше..па си помислив на брадавициве да си купам но така ми пројде ништо од креми не ставав (facepalm) сега на време ќе си набавам ланолин :)

    За јадење на зборете , може не јадам количински многу ко првите месеци , ама глупости пити , пици , крофни , секој ден ова си кркам.. :$ од овошје само лубеница и праски ништо друго. И многу течности пијам на моменти се осеќам како со денови не сум пиела вода , а сигурно е така поради тоа што е лето.
    Среќа вака изгледам иста не сум поправена , дај Боже се кај бебето да оди :D
    Јас другиот петок сум на преглед , баш ќе видиме колку пораснала бебушка :)
     
    На Autumn_, Lorins, ocicka2014 и 4 други им се допаѓа ова.