Оф мила моја,за нечовечност,нехуманост колку сакаш.Знам заникаде народ сме.Но пренасочи ја мислата и мисли на бебуш и немој да се расправаш,народот нема да се смени,ќе со остане таков каков што е -заникаде(со исклучок на малкумина).Секое добро
Женски која цена се движат алиштата за новороденче во Wenice kids? Пред малку видпв на фб ставалр нова колекција има интересни работи.
Јас прашував за комплетчеза новороденче пред некое време беше 3000и нешто. Е сега,со попуст не знам какви им се цените,ама не се баш ефтини,иако е топ квалитет.
Боже дали се нормални... некогаш ќе постираат нешто со ефтина цена дури да се зачудиш. Имаше боди за 120,150денари, мислев и другите им се со нормални цени..
Зависи комплетите колкави се, ако мислиш на тие во кутија за новороденче, од 1500/1600 до скоро 3000, во поскапиве имаа и ќебенце, бањарка. Инаку имаат многу убави комплети ама брзо им се трошат
Јас пијам наутро и навечер од 250мг на Jamieson. Задоволна сум многу. Гледам отприлика во исто време да го пијам, заедно со другата терапија.
Женички добро утро Чекам преглед кај гинекологот за да закажеме термин за пороѓај. Има други женички пред мене па користам малку време да ве исчитам и да ве поздравам.
мене по едно на ден ми препорача,од 1900мг. Претежно навечер пред спиење го пијам ме опушта и поубаво спијам ајде со лесно чекаме да се пофалиш.
Добар ден дами, после три години повторно во оваа прекрасна тема... Вчера си го видов второто мое точкиче, првото е скоро 2ипол години. Добра мисла нека е на сите и со лесно мешенца... Ве поздравувам, имајте убав ден...
A koj vi dal da proverite holesterol, vo bremnost e normalno da e pokacen o poradi toa ne se ni proveruva vo paketot krvna slika za trusnici. Konsultirajte ginekolog ke vi objasni.. za zelezoto jas najmnogu sum zadovol a od feroglobin kapsuli, i ne e tezok za pienje.
Добро ни дојдовте нови трудници Јас почеток на новиот месец здравје се префрлам во темата Бебе На сите да ви е со лесно
Здраво на сите. Со лесно на новите мешиња. @Makedonka007 чекаме да известиш за доаѓањето на бебето. Со лесно да биди. Да прашам нешто можеби чудно. Но има 2 дена од стомакот кога мрда бебе слушам некој звук како пукање. Како спој од струја не знам да опишам. Дали имате нешто слично слушнато или искусено
Душо, во бременост заради оптеретувањето на црниот дроб дозволено се покачуваат холестеролот и триглицеридите,но и тука има граници колку може да бидат покачени. Јас имам и генетика за покачени масти. Затоа покрај останатото и тоа го следиме. Но веќе сум 31 недела, па после пораѓај ке ги решаваме, и ке видиме реално колку се. Инаку за железото сега почнав 20 дена по две ампули тотхема и вит.ц 1000мг дневно, после тоа уште 10 ден по една ампула дневно, па ке видиме до кај сме.