И мене ми се случува повремено, само јас мислам дека тоа се цревата. Не сум сигурна ама повеќе така ми изгледа.
Мислам дека сите теудници го знаат звукот на пуцкетање ама никој не знае од што е, малку е језивко на почетокот ама ќе се навикнеш, јас колку што читав минатата бременост нема научно објаснување од каде доаѓа, ништо страшно не е, не се секирај Вие што пиете нешто за крвна слика, може ли да ми објасните дали има разлика во тоа кои препарати ги даваат во зависност од тоа дали е низок хемоглобинот или железото?
Во принцип и за серумско железо и за хемоглобин ги даваат истите препарати. Во организмот за да се создаде хемоглобин се црпи од резервите од слободното железо, како што пишала @Мариаа. Важна е улогата на вит.ц за да се врзе железото.
Ти благодарам. Ние @Septemvri тераме исто до крај. За железо пијам хемовит плус и вит Ц од 1000 и прегнезол комплет и 3 пати магнезиум. Инаку веќе недела дена го правам сокот од морков, јаболко, лимон и цвекло
искрено незнам колку ми е издржано, но ќе ти кажам нешто што јас кај мене го приметив дека кога ја пијам тотхемата ми се качува нагло серумското железо, а кога пиев малтофер хемоглобинот растеше не нагло но делуваше по малку, а на серумското не делуваше баш напротив тонеше само .. кога ја прашав докторката зошто малтоферот ми го смалува серумското, и не делува а сите го фалат ми рече организмот не ти го обработува тебе како што треба... секој човек различно му делуваат разни терапии.. и еве од некоја терапија се качува хемоглобинот, а од друга серумското...инаку да сите се пијат обавезно со витамин ц.
Здраво и од мене. @Makedonka007 со лесно, уште малку имаш до вторник. Ќе се олесниш. Ти посакувам најдобро да поминеш. За магнезиумот @marchi-cool и јас го пијам навечер пред спиење, само ве читам сите пиете поголема доза, не знам дали ова што го земам е доволно. Еднаш дневно пијам по 400мг директ од алкалоид. А убаво ми делува, па не знам дали да си земам повеќе. Инаку овие 2 дена многу сум омалаксана и неодморена. Син ми еве веќе трет ден е со висока температура и воспалено грло и дежурам по цел ден. Исцрпена сум максимално. За една недела одиме на одмор и баш сега најде да се разболи
И јас пијам магнезиум директ 400 мг.еднш дневно, понекогаш по потреба два пати. Мојот доктор смета дека е доволно.
@Makedonka007 со лесно, да помине брзо и лесно и да ни се пофалиш тука во вторник. И јас пијам Мг директ 2х1. Повњќе пати ја препрашав докторката дали да ги сменам, ми рече не, добри се тие.
Девојки што мислите за Др.Весна Ливринова за во гак.Сакам да одам да ме пораѓа она затоа што е искусна,а јас сум сложен случај па со време да закажам и да се појавам кај неа.32+сум.Од кога да одам за цтг?Ви благодарам.На сите нека ни е со лесно
Добра е но доста добри се и др Адела, потоа др Зулбиери и др Калчев... тие се златната тројка која беше организирана за мојот пораѓај... а за цтг се оди кога ќе влезеш во 36 недела.. тогаш на една недела одиш потоа кога ќе си 39 недела одиш на секој втор ден... барем кај менс беше така.. и се породив на 40 недела и 4 ден... бај да веј и јас бев сложен и комплициран случај... со лесно нека ти е ...
Девојки бремена сум 10та недела..Правев пап тест и испитав се пред да останам и резултатите беа супер,но на 5 недела од бременост имав кандида..Ми дадоа вагинални користев 6 дена ми помина но сега приметив дека имам пак инфекција .Како бели точки долу и кога ке се избришам мали бели парчиња а утревечер заминувам на одмор и сега сум многу уплашена..Немам ни кога на доктор матичната не ми работи во недела..???
Не те плашам ама ќе ти кажам да не си играш со инфекции во бременост. Слушни се со докторката,ако не се најдете отиди Систина,Ремедика на преглед да ти дадат некои вагиналети,мисли на бебето, многу време ќе помине додека се вратиш од одмор,јас не би си играла..
Zdravo zencinja, da prasam dali smeam da zemam elektroliti za vreme na bremenosta posto sum dehidrirana?