Оди на гинеколог нека те ѕирне пак и советувај се. Често промена на клима и воздух знае да даде позитивен фидбек. Ја трудна и летав со авион и се возев 700 километри, кај нас по ептен лош пат посебно на влез во Битола, а плус имав и сообраќајка во 5ти месец. Ако поаѓаш од Скопје, патот од Гостивар до Охрид го имаат значително средено и лично не верувам дека е нешто посебно опасен. Ама секако, гинеколог најдобро ќе те советува според твојата состојба.
хелоу цурици... Од денес старт на 34та недела. Ухх... штом помислам чуствувам возбуда. Стравот го оставам за ко ќе појдам на одделение уште малку да издржам на работа,не дека не се издржува ама ме мрзи да одам,ми се седи дома,ми се здосади од работа веќе. Таман го фаќам колелтивниот летен одмор па некој слободен ден од годинешниот одмор па после породилното и така ќе ми дојде скоро месец дена пред термин да си се поднаспијам пододморам...
Здраво друшки Дојдов да прашам како се држи генерацијата и да истераме уште месецов па после нек се редат нашиве... Ама нешто ми се деси... ми истече малку вода... сосем малку, си осетив, и сега следам ситуација. Се трудам да не паничам, па му пишав на маж оти јас сум таа што паничи цела бременост, а тој е смирениот... Тој испаничи поише од мене и сега него го смирувам. Да продолжам да следам ситуација или да трчам на доктор?!
колку вода е тоа мила ? Да не е она стандард што ни тече од утрогестанот или од самата бременост што си лачи секрет, зошто јас така утоп сум месеци веке... ако е многу повеќе од стандард пали патиките не чекај и на лекар, чисто да те видат па ќе видиш што понатаму... со лесно
јас како што сум смирена смирена.... И одеднаш такво нешто ќе ме штрекне и одма трчам на болница. Болницата ми е преку улица и често си викам па ене кај сум ќе претрчам да видам што е за секој случај. И така за се и сешто. Што вика маж ми камо среќа да живеевме подалеки од болница немаше да се шеташ олку како у кафич да одиш. Ако не си мирна посети.
Не е многу, малку беше, само од лева страна беа наквасени гаќите, оти така бев легната. Знам дека пот не е со сигурност, оти осетив кога ми истече и веднаш станав до вц. Прилично малку беше.. Ама претходно не ми се случило... @marchi-cool ја прв пат останав смирена и се тешев автосугестивно сама себе, што дури и се изненадив. Може ова ништо не е... Ама маж се успаничи, на работа е, сега ја и него уште треба да го смирувам...
мислам ако е малку и ако еднаш протекло нема потреба од паника. Ако повторно истече мислам дека не е лошо да прашаш лекар. За паника нема место,паника ако скраја да е има некое крварење,се друго е нормално
Отиде маж на доктор, блиску е кај што работи и не издржа срце јуначко Го чекам да ми се јави сега. А си мислам џабе узбуна напраив...
Здраво, Јас дека паничар најголем, одма трчам на лекар. А и тоа не е убаво. И јас сакав малку да прошетам до друг град, ама ми фуфка. Ова патиштава наши се страшни. Инаку, сакав да ве прашам нешто оти знам пред некое време се консултиравте за козметика за нас. Имам маска за лице од глина, пред да останам трудна со мерак си ја купив и ја заборавив. И сега уште еден месец има рок и сакам да си ставам. Дали знаете да не е нешто штетна(јас мислам нема да има проблем).
Иди веднаш нека те зирнат на ехо и ќе ти кажат дал има доволно вода... јас неосетно сум изгубила вода, така 4-5 дена сум си била ... кога отидов на контрола докторот одма ме прати во гак, таму пак ме зирнаа на ехо, ми рекоа дека немам доволно плодова вода и дека морам да лежам на патолошко, потоа до вечерта мораа да ме стават на индукации за да се отворам "присилно" за да можат да ме породат бидејќи бебче не можело да издржи без доволното количество на вода... 3 - 4 саати ме држеа со индукации после со провокации 1- 2 саати за на крај да се отворам 9 прсти и да се породам... Да сум осетила дека сум изгубила малку вода не би чекала... ќе сум отишла одма на лекар.. затоа не чекај ти .. дај Боже да не си како мене... опушти се и оди види ... со лесно нека е
@Yowannty мила арно си направила што си го пратила мт да праша , мислам секој би испаничил. Јас деновиве се потам таму доле утоп ми се гаќи дури и пантолоните 2-3 пати дневно се пресоблекувам.. баш кажи ми што ќе каже докторот ако не те држи место оди нека те ѕирне @flower30 има некој парабен , метилпарабен ама еве ја тагнувам @Biodevojka нека ѕирне штом веќе си ставила цел состав
@beba@meba единствено што ме плаши во ситуацијава е што сум 33+5, на последна контрола минатиот четврток чинам беше.. бебе беше развиено цела недела повеќе ама пак, рано е... и не тежи многу некои 2 кила и нешто помалку од 200 грама... кои мерки не се баш најмеродавни.... @koritsaki не паничев, гледав да останам смирена... ама сега само нешто мерам премерувам знаци... и почињам да паничам.. Во се нешто симптом наоѓам. И маж не ми се јавува уште се нервирам...
Ајде @Yowannty размислувај позитивно, некогаш самите од ништо си бараме симптоми и паники Замисли мене како ми беше во 22 недела кога др ми рече матката немало да издржи од тогаш навака само позитивно и ни затегнувања ни болки не сум осетила. Пробај ти заврти кај докторот штом го нема уште маж ти,објасни им,ако треба појди и на преглед. Те гушкам
@Yowannty Последниве недели се лачи повеќе течност ,се спрема телото за пораѓај. По книга пишува тоа е течност која подоцна ќе му помогне на бебето полесно да се спушти низ родилен канал и да го олесни пораѓајот. Нормално е,и мене ми се случува исто последниве дена. Следи каква е бојата и колкаво количество тече,ама не е ништо страшно.
Trudnicki kako na zeskovo? Nie od denes 24nedela I bev na kontrola sinko mrda li mrda a masala I porasnal 650gr. . So lesno na site so zeskovo
@Yowannty знам дека секој ќе испаничи но сепак биди храбра, сепак уште малку и ќе влезеш во 9 така да смирено и размислувај позитивно, оди нека те зирне матичниот може ќе ти даде нешто за да го задржиш остатокот на вода... лежејќи на патолошка сé видов и слушнав.. исто нешто најбитно слушнав дека со мирување се задржувала останатата вода а и со користење на некои лекарства.. не се обесхрабрувај.. разговарај со матичниот тој се ќе ти објасни... уште 3 недели да можеш да издржиш после е лесно.. можат да те породат...
Девојки мене ова ми е прва бременост и само нешто си прашувам Сега сум 10та недела а денес почуствував како мрдање благо во мешето сегде кај што читав демек покасно се осекало.... Дали некоја од вас почуствувала волку рано или можеби јас си правам филм :?
сега по мојот статус ќе си речеш оваа ми го скрши филмот али по мене не е можно, премногу рано е... но ќе биде за некоја недела, да не му ја мислиш и од тој ден ќе добиваш боксови секој ден, кај ќе стигне и кај ќе му е ќеиф