Ме снема и сега ме има пак ама ќе се читаме во темите Бебе. Мамички, пресреќна сум си. Си се гушкаме со бебуш и не можам да ви опишам чувството какво е [/quote] cestitki neka e zdravo i zivooo bebesot golemo da porasneee
Добра вечер, слатки мешковци...Како сте? Јас вчера бев на контрола кај матичниот гинеколог, потврди 2 месеци бременост и ништо посебно не ми кажа, само рече дека бебчето е сместено во матката, но скриено во некое ќоше, едвај го виде... Нареднава недела треба да проверам крвна група, RH фактор и Д -димери... Ми напомена да внимавам со физичка активност и кревање на потешки предмети, сексуални односи... Ме збуни што друго ништо не ми објасни, дали е во ред,дали овие опомени се штетни дали е во ред? Ако може некоја да ми објасни нешто во овие периоди на бременост? Поздрав...
Ме снема и сега ме има пак ама ќе се читаме во темите Бебе. Мамички, пресреќна сум си. Си се гушкаме со бебуш и не можам да ви опишам чувството какво е [/quote] Честитки, да ви е здраво и живо големо да расти
Rh-фактор треба да провериш. Постои ризик од создавње на антитела доколку жената е Rh-негатив, а мажот Rh-позитив. За да не дојде до тоа, се прави кумбсов тест два пати во бременоста. Се прима инекција во 27 недела од бременоста и до 72 часа по пораѓајот, во случај бебето да е Rh-позитив. Значи состојбата се следи, шансите да тргне нешто наопаку се скоро никакви. За тоа имаш цела тема на форумов, ако те интересира нешто повеќе, но можеш да се консултираш и со твојот гинеколог. Д-димери мислам се проверуваат заради циркулацијата на крвта (ако грешам нека ме поправи некој) Јас немам проверувано до сега, а кумбсов тест имам правено бидејќи сум Rh-негатив, а мојот сопруг Rh-позитив. Во врска со сексуалните односи доколку е се во ред со бременоста, не би требало да бидат забранети. Ќе мораш убаво да го распрашаш гинекологот за се што ти напоменал, бидејќи мене не ми беа забранети сексуалните односи, ниту пак ми беше препорачано да проверам Д-димери. За кревање на тешки предмети и сл. се подразбира. Во бременоста секоја жена на тоа треба да внимава. Не дај боже, се бива. Во врска со физичката активност, прошетки на пократки релации се пожелни, но на вакво време кога апелираат болните, старите и изнемоштени лица, како и бремените жени заради загаденоста на воздухот да седат дома, би било добро додека не се подобри состојбата, доколку не мораш, да не излегуваш надвор. Секогаш кога имаш прашалници во главата и кога нешто не ти е јасно прашувај го гинекологот. На интернет ќе најдеш еден куп различни искуства, точни, делумно точни и многу погрешни информации. Ако почнеш да истражуваш и да читаш ќе се збуниш уште повеќе.
Честитки за Captivating Инаку ние се чувствуваме супер, во вторник сме на втор скрининг за аномалии во државна, сакам да прашам дали таму гледаат на 4д и ќе замолам која го поминала ова нека каже збор два. И ова ехо би требало да биде абдоменално, така?
здраво на сите бремена сум 22 недела , пред некој ден бев на контрола и ми кажаа дека сее ок со бебчето,но дека 0папочната врвца му е околу вратчето.ми рекоа дека нее тоа нешто мн страшно дека на поголем бр.деца така им се замотала врвцата,па се здрави и зиви,проверија има проток во главата сеа за сеа нема проблем , ми рекоа да не се плашам само да си го знам како информација,сепак меен ми е страв малце,дали некоја имала вакво искуство
костадинка мила крв во тек на бременост и јас имав на почеток од бременоста гинеколог ми кажа дека нее добро,иди на гинеколог најдобро... слимиј не е добро да се нервираш има ефект и на бебето,немој никако да се нервираш,обидувајсе во тие моменти да мислиш на убаво,верувај поубаво нема од самото тоа што имаш живот во тебе инаку поз од мене на ехо се покажа дека проблемите кај малата се решија, баш од тие нервози неправилно хранејне и невнимавање малата имаше проблеми. затоа на сите трудници ве советувам да јадете доволно,нервоза и стрес никако!.. ништо нее поважно од вашето бебе!. проблемите не завршуват ама во тек на бременост тие треба да непостојат за нас-вака ми KажA гинекологот се зачуди кога по испетувањата се дозна дека сум била во преголем стрес,нервози па се уништив и јас а потоа сето тоа се префли на малата кога успеав малце по малце да се смирувам и ненервирам крвта и др проблеми се појавија кај мене,затоа SLIMY и сите др никако нервоза во бременост. поздрав до сите и уживајте во 9Mесеци,најубавото E во вас
многу ти благодарам за советот мила, ќе се потрудам навистина да де смирам ама што да направам тоа е посилно и од Мене изгледа ненајдено се нервирам и А ситница и се фаќам за секој збор ама што можам тое хормони. добро што мм има многу разбирање и не ме критикива ама со другите не знам како да се справувам и најважно со самат себе. се трудам да избегнувам вакви ситуаци што повеќе но тоа се моите хормони изгледа. многу ми е мило што твоето бебе е добро тоа е најважно од све. еве и јас сум на контрола во понеделник па ќе видиме како ќе поминеме. поздрав
со помислата дека имаш живот во себе,што еден ден ке си го гушкаш тоа треба да те направи радосна во тие моменти,сепак и сама знаеш не е потребно толку да се занимаваш со другите околу оставиги имаш поубава работа во себе уживаJ во бременоста,тоа е најубаво нешто ти благодарам мила,ти посакувам се најубаво и тебе и бебуш
Од денеска сите родени бебуши ќе бидат јарци во хороскоп тоа значи, дека синко мој ќе е Јарец како мене.... а не стрелец како тато вака барем нешто да е исто како мене - зошто незнам ама се си мислам дека на крај на него ќе личи Инаку утре сме на првото ЦТГ.
јас имав таква бременост па фала Богу син ми се роди здрав и прав, може е малку понервозно бебе ама кое бебе не е. Колку можеш контролирај се, и имам кажано и пред тоа, јас секој ден плачев и тоа ради други, на кои не им беше гајле за мојата бременост,велеа бремена си чудо големо, ама тогаш си зборев со стомачето се бодревме заедно со синко ,чајче од липа смирува, не знам само дали е погоден за бременост,јас не пиев чаеви бидејќи бев бремена лето,сега на крај пиев малку од камилица,ама верувај секој ден плачење нервози,викање,омаловажување. Бебињата се јаки. Така ми кажа мене една сестра во болница.Затоа уживај.
Jас во втората бременост имав многу нервози од страна на маж ми и старите негови срека и што остана бебето во мене со сите тиа крварења и контракции ама коа се роди до 2 години беше многу лошо,клето,нервозно бебе нон стоп уста отворена и да се зјае само хорор Затоа колку што можете избегнувајте нервози и кавги знам преосетливи сте сега али за ваше добро после ке сватите дека се било без веза непотребно и само вие си штетите на вас на никој друг не му е гајле
Здраво мамички од нас ние денес сме разработени и си мрдаме во стомакот денес мора се да средам утре не очекува свадба па ке се наиграме со керќичката инаку ме интересира нешто предходно прашав ама никој не ми одговоре мојата буцка е 1940 грама а треба помалце да биди тоа е од шеќерот што го имам, па ме интересира дали само во тежината напредува или во целиот процес на развивање сега сум 31 а одговарам на 33 недела може некој да ми одговори има многу време до контролата па сакам да знам што побргу поздрав
Не можеме ние на форум да ти го кажеме тоа. Докторот што ти ја следи бременоста треба да ти ги каже мерките на главчето, мешето и колкот. Според тие мерки се гледа за која недела одговара бебето. Може на пример килажата да и е за 34-та недела поради шеќерот ама другите димензии да се за 32-ра недела. И не се грижи ако само килажата е "проблем", нека е живо и здраво во се останато.
За свое дете клето Јас за внука ми кога ми кажа сестра ми дека рекла воспитачката лошо дете па ќе ја убев пред мене да беше а за свое да не зборам. Немам зборови Инаку дефинитивно децата осеќат, најмногу од мајката а потоа од околината, ако мајката е нервозна и тоа сирото ќе биде нервозно, нормално е тоа
Здраво убави мешиња како сте ми денес? Јас сум добро фала му на Бога и бебушко е ок. Од пред неколку дена веќе влегов во 4 месец. Почнувам да осеќам нешто како да ме чешка од внатре, како да ми летка нешто интересно чувство. Дали е сугестивно од што сакам да го осетам бебуш или веќе тоа си претка внатре. Имајте убав ден мешиња ви посакувам се најубаво.
dobrovecer i od nas. nie sme super si se vrativme od soping.. si kupuvavme garderoba za bebusot spikozni kompletcinja... abe milina dusata mi se ispolni od radost.... za krevetce i kolicka uste se mislam nemozam da se odlucam mnogu izbor i ne znam koe da go izberam... vi posakuvam prijatna vecer
Вев на цтг, прво го немаше никаде, па ме тераше да јадам чоколадо и да се размрдам. Ееее после почна да се јавува....баш ќе ви го скенирам сабајле да видите. На два пати дали достигна 157-160, цело време од 130 до 140.....ама мене тоа ништо не ми значи. Вие се разбирате ли нешто во тие референци, тоа 130, 140,160? Е сега од друга страна ме буни, ми вика за 3/5 дена дојди пак. Ете петок, понеделник да не ти е далеку...а од др страна ти вели ќе издржиш до 1ви. (јас ја прашав за 1ви) ??????????????????????????? е ваква ми е главата Зошто ме вика ако до 1ви сигурно ќе издржам, зошто тогаш на 30ти понеделник да не одам.