Здраво за денес Си реков готово повеќе нема да паничам, еве денес повеќе е размрдано. Изгледа е со голем инает, па уште сега покажува кој е главен За депилацијата јас редовно одам уште од почеток, не можам да се откажам одвај редот му го зедов. Исто ме боли како и претходно, не е толку страшно. Сега ми се малку повеќе пораснати, планирав пред одмор да ги издепилирам па ќе видам како ќе поминам овој пат. Ве поздравувам
Здраво мешиња, Јас сега договарав за депилација со топол восок, ама за една употреба. И докторката ми го спомна тоа. На нозе и раце со депилатор. Е сега од како останав трудна се фаќав со брич, па сега морам да се средам-ем полесно ми е ем поубаво што бар 3 недели си раат. Е сега да ве прашам нешто. Во 12та недела микробиолишките брисеви ми беа чисти, во ред. После во 14недела правев уринокултура и уринарен статус и се беше во ред. Во 16та недела бев на преглед и и кажав на докторката дека тогаш(пред една недела беше тоа, дали 1 или 2 пати осетив ко чешање ама надворешно) и ми рече може од Утрогестанот и ги прекина. Рече да правам промивка со камилица, да пијам увин чај или брусница. Сега од синоќа пак ко некое чешање и малку печење имам, ама пак ко повеќе надворешно го осеќам. И ме фаќа паника. Па сакав да ве прашам за ваше искуство(попладне ќе се чујам со др). Во првата бременост немав вакви маки и чудно ми е сега. Сте имале вакво искуство, да паничам или не @Makedonka007 може веќе се олеснила, ама и јас да посакам пак со лесно да е исе да е во најдобар ред. Те чекаме да пишеш
Јас се плашам болката да не ми предизвика контракции А од 12та недела се канам да одам,сакав со топол восок за една употреба,ама ај сега ај после, од Утрогестанов тече па нема смисла,...и ми се скрати грлото и шипки депилација. Еднаш мм ме среди со неговата машинка за шишање после тоа уште еднаш сама,сега кај и да е треба пак. Од што не можев да ги гледам а немав храброст за депилација ги шишав со ножички Денес попладне сум на контрола. Конечно да го видиме бебко после скоро еден месец. Како ми е размрдан едвај чекам да видам што прави и во која позиција ќе го најдеме. Де мава долу кај срамната коска,де по 5 мин над папокот Да видиме до докторката како да стигнам до патолошка за да не ме за*бат од фирма да не земам породилно. Договорот ми завршува месец ипол пред краен термин. А да ве прашам,се прави корекција на крајниот термин? Јас последна менстеуација (биохемиска бременост) имав на 01.01.2019. На др не и се совпаѓаа мерките со ехо па рече ќе те водам од 08.01.2019. На извештајот од вториот скрининг кој го правев точно на 22+1 мерките одговараат на 22+6. Тоа е скоро цела недела разлика. Ќе ми биде од корист ако го помести.
Нема апсолутно никаков ризик при депилација, јас цел живот депилирам интима со топол за една употреба па и сега во бременоста, 33 недела сум..... мада ми се ептен изретчени сепак еднаш месечно, еве вчера и таа работа ја завршив за секој случај пошто сум со близнаци хахаахха инаку стомакот ме е ептеееееен голем уште во 20и некоја недела др ми викаше леле ко за пред пораѓај си а јас слабичка само тоа на мене хахахаха инаку ми се појавија стрии овие 2-3 дена вечер сум на контрола да видиме колу пораснале бебуши
Добро утро жени , како сте ми ? Гледам сте зборувале за депилација , за таму доле брич користам , а не можам да си ја видам еден месец веќе сама се средувам и се имам искасапено ама ако го оставам мм ќе ме докасапи Денов мене ми тргна катастрофално , носејќи ја ќерка ми во летниот камп ме удри друга кола на семафори , местејќи се рикверц. Збеснав ,му викам ме удривте излезе се насмевна и избега. Му ги запишав таблиците , ама мм вика ништо да не правиме , имам една длабока гребаница среќа не ми искрши ништо.. Ја оставив ќерка ми и плачев луѓе одекќи по улица што да ви кажам. Почна глава да ме боли па ми дојде нагон за повраќање. Си реков што е тоа е мора да се смирам ради бебето.. Ама највеќе ме боли што ми е нова колата , ни два месеца нема од како ја земав. Сега на работа сум ,пијам кафе , од денес влегувам во 25 недела
@koritsaki леле страшно, битно ти си добра. Биди здрава и жива, не се нервирај за колата. Сигурно се преплаши, идиоти насекаде има. @flower30 повтори си ги брисевите ако те чеша, можно е од самата бременост да се појави дополнително. Со топол восок и јас се депилирам, за една употреба. Сигурен ми е и козметичкиот салон каде што одам.
Ја нозе и раце со машинка поминувам, интима со години депилирав со топол восок за една употреба во салон, ама откако се преселив овде, не се одлучив да отидам во салон, па пола со машинка, пола со бикче ја поминував, депилирање користев кога си доаѓав за мое село. Мене болка не ме плаши, и влакна скоро и да немам, секаде ми се ретки и меки и брзо се вадат, ама страв ми е баш во бременост да отидам на депилација само ради инфекции. Па сега бикче ми врши работа. @koritsaki жено ме исплаши, те разбрав тебе те удрила колата. Остави лошото по него нека оди, знам не е сеедно и ново си е ново, ама се материјално може да се среди. Смири се, гали мешко и уживај. Иначе мене бебе изглеа ми е високо, оти делот од под цицки до пупак ми е голем и не можам да седам седната, исправена, оти ме притиска, грбот мора да ми е навален. Докторот ми рече таму се нозете, коленца и стапалца и таму највеќе ме шутира. Вчера прв пат беше размрдана толку многу ниско долу кај што и е главче и рачиња. Цело време сум потпрена на неколку перници, докторот ми рече никако хоризонтално, туку грбот секогаш да ми е на повисоко, и навистина така ми е позгодно. Туку ми се вратија киселините бе луѓе. Еве веќе неколку дена, може недела цела се фати како се гушам во киселини...
@koristaki битно да сте живи и здрави. Материјалното се купува, се поправа. Части се сега еден сладолед да смириш живци. @Yowannty јас во претходната бременост пиев апчиња за киселини. Заборавив само дали беа Рупурут или Гастрогард. Прашај си гинеколог. @Magic13 не знаев дека може и сега пак да се повторуват брисеви. Ќе се консултирам пак со др. Фала ти
Мене 18та недела ми правеа пак, кога му кажав дека имам некои симптоми. Дури и сестрата ми нагласи ако има потреба и во 22, 24 недела пак ги повторуваме.
Киселини имаш од тоа што си пишала погоре. Бебе ти е високо, мава и притиска на желудникот... Чаре не знам друго освен Гастал. Јас се давев. Поодвратно нешто нема.
Извинете за лошото изразување да во кола бев , не пешки свекор ми вели имаш среќа што не се отвориле воздушните перничиња да сме живи и здрави тоа е најважно, друго се се решава.. Киселини немам се уште ама и јас бебето го осеќам високо. Тогаш беше со рацете горе и така ме удираше. Сега ќе видиме во која положба е
Средување: раце поретко… нозе машинка а долу е одговорен маж со неговата машинка. Почна со првата бременост да ме средува, и после остана како главен фризер. А машинката ни е само за тоа средување. Тука немам најдено некоја депилаторка, а и целото тоа функционирање со термини многу однапред закажани некако не ми одговара, па си се средувам брзински јас дома. Киселини сте начнале. Не знам колку е здраво моево, ама секој ден сум на рупурут. Гледам да е едно навечер само.. некогаш се и две. Многу нежен желудник имам и обично, а во бременост ме изгоре. Со првата бременост исто имав мака ама на почеток и крај. Сега умирам од киселини. Нема врска што и да каснам. И нема врска во која недела сум. Вчера сабајле пак повраќав. А месец дена немам повратено. Мене матката ми се преместува цело време. Кога лежам имам чувство дека ми оди во грб и ко да немам стомак, а кога ќе се исправам стомакот ми рипнува од нигде негде.. и ко топче ми е. Туку, само јас сум изгледа квичало и не можам да издржам веќе на работа. Нели. Немам концентрација на жешково а особено ми е мачно што не можам да спијам раат навечер па сум целата ненаспана.
Девојки не ве фаќа струја од машинката на сопрузите,нели дека кикиритката е лигава во овој период и дали е безбедна од инфекции иако е на нашите сопрузи.Прашањево ама....
Женички како стоите со вените во бременоста ? Нема каде не ми се појавија стомакот цел ми е, на рацете кај зглобот ми бликнаа огромни дебели набабрени вени .. дали е ова дел од самата бременост што си следи или што е работата како е кај вас ?
Zdravo mamicki , nie sme 7 nedela denes.. seuste ne sum bila na pregled,mi zakazaa duri narednata nedela(stranstvo) Pijam folna kiselina uste pred da ostanav bremena,zabelezav poslednata nedela odkako ke se napijam dobivam belo pranje..no ne mnogu nego kako 2 pogolemi tocki za cel den. Dali e mozno od folnata ili e slucajnost
Јас имам вени баш испакнати на левата нога само . Не ме болат ама језиви ми се мнг.После првата бремеост ми се појавија . И си ги носам Откако ќе се породам после некој период планирам да ги средам со операција. Имаш ти на нозете? Те болат? Сега ти се појавија со бременоста ?
Мене на градите многу ми се појавија во оваа бременост. И на стомак имам малку. Ама градите хаос ми се. Изгледа нормално е
Пак јас.Имам благи болки како за добивање одвррме на време нормално е?Сега сум подалеку и пукната сум од страв да не е несто..Не седам на сонце многу или еве денес излегов во 3 ипол ама бев во вода подолго време..Да се плашам или нежат место за страв ?