Сега сум 34 недела и досега ја водам бременоста кај матичниот гинеколог во приватна ординација. Дали треба да имам некоја посебна дијагноза за да договорам царски во државна и која е процедурата ако сакам да се породам во некоја од приватните болници
еве јас не сум знаела дека ова може да се случи. Секое искуство е добродојдено ооо.... Јас месециве одкако е жешко сум таква. Седнувам на стол станувам и - срам! Столот долу со флекичка синки сум се помочала
Мешки што боцкате клексани, имаме ли дозвола да правиме отстапки и колку? Јас уште од старт во 17 часот ги ставам, ретко +-10 минути. Вчера се боцнав порано во 16, дали да се придржувам до вчерашниот термин или да си се вратам по старо како до сега?
вистина,може сите да не испрстиш ти остани за на 31ви како ти е состојбата сега? кај мене па обратно. Првото само што дишеше - толку! Дал еднаш ќе нишне ова сега.... Пајдушко игра. Си викам аман спие ли некогаш?? Булвално си ја истегнува ногата секогаш мислам дека ќе ја скрши
да бидам искрена.... Со првото си ме подсреди ама сега како? Со дете дома... Ќе треба набрзина и радиреда
ме штрекна. И јас мислев пешки дека си била,да беше ич уво не требало да ти трепне ама за со кола и малку мислам не би требало паника ама не е само за те
не можам бе луѓе да ве дочитам,2 дена не се уклучив сега само една тема не можам да исчитам! Некој поискусен да ми дешифрира ќе може? Ми излегуваа модрици по тело одвреме навреме ама уште од многу одамна. Општиот лекар ми има кажано дека е од слабокрвност односно намалено железо хемоглобин и да,секогаш тие вредности ми се на долна граница. Му кажав на гинекологот реков ајде да не прави тоа некој проблем вп бременост. Одма ми даде упат за хемостаза и д-димети и крвна слика. Резултатите од трансфузиологија се тие,а крвната слика како што кажав - железо и хемоглобин на долна граница. Докторот рече не е страшно ама ми даде апчиња хемовит рече не е лошо да ја зајакнеме малку крвта пред пораѓај,сепак ќе се породиш ќе губиш крв течности. Да слушнам и ваше искуство. И да прашам друго. Има ли тема за цервик/ скратен цервикс/нормално вредности на цервикс? На таа тема ништо апсолутно не знам. Здравје ко ќе ми почне одморот ќе имам време да прогуглам. Сега одам да направам јадење за домашниве и да се спремам за на работа. Пак не ве дочитав ама ај.
Дали е дозволено да се оди на одмор на море во 8 недела од бременост доколку се е во ред? Секако ќе се консултирам и со гинеколог но ме интересираат ваши искуства?
Бев вчера на контрола и денес сум цела во паники.... пораснале бебуши, 2000г девојката, 2100г дечкото јас 33 недела ама дечково со глава ептен во цервикс и ми прави фунелинг и ми го крати 1,5цм вчера грлото инаку затворено.... да издржам барем се молам уште 2 недели, цела ноќ сањам болници, инкубатори лелелеел во Ремедика инаку ке се пораѓам и се надевам на се најдобро.... во 31 недела имам примено и две дози за зреење... ... паника ме фаќа или возбуда незнам што е
Не дека некој кој знае каков совет ќе ти дадам, ама има жени со единечна бременост, се пораѓаат во 34 или 35 недела и се е во ред. Јас во 38ма се породив, па малата беше 2600 плус имаш примено инекции за зреење на плодот. Не се секирај, лежи колку што можеш повеќе, одмарај и мисли позитивно. Ајде уште малку ти следи најубавиот период
@marchi-cool Епа и јас не знаев се дур не го искусив... и верувај сé треба да се следи во бременоста, секоја мала промена или било што веднаш да се посети гинеколог за да не дојде до ова до кое дојдов јас... и тешко било после за пораѓај, со индукации и провокации зошто индукациите ми помогнаа да се отворам побргу но бебенцето од нив се качи горе...а на почеток беше спуштено до родилниот канал... ама среќа па cé се заврши добро.. се породив природно ...
Јас имав многу страв од депилација во бременост, но козметичарката ме советува на 3недели да одам и ќе немам проблем и така е навистина. Проретчени и нема болкс којзнае каква. Само без стегање, контракции мислам фека неможе да се добијат. Ја раситнуваме 33та недела. Имам мал исцедок од пред две недели, стомакот ми е ист, малку поголем, мене не ми се познаваше до кај 7ми сега се гледа хихи. Паѓа притисок, ми се спие, бебе мислиш одбојка игра, само нека е здраво. Од старт е со глава надоле, нормално е да се спушта, си фаќа позиција навреме, само лежи си повеќе ако ти е страв дека ептен е спуштено. Уште козметика ни остана од опрема и мајка да земе храброст за пораѓај- малку паника ме фаќа.
Мене до 12та недела па и до 20та,зошто сум со близнаци ми забранија патувања и одмори. И јас сум 8 недела и супер се чуствувам,но како ќе кажат така. Ќе издржиме ова лето без одмор
Хелоу мами Ноќеска кошмар...легнувам на кревет во болница,ми доаѓа една докторка-ликот од една серија ми вика шири нозе да те прегледам. Ми зема брис ми вика аха ти имаш жолто знаеш ли што значи тоа,ќе те породам сега. Леле кога земав да де карам,ама како ќе ме породиш мене ми е рано јас сум 25та недела не ми е време за пораѓање, се натажив ептен....и ми заѕвоне тел се разбудив,поарно што не сонив што ќе беше понатака Станувам и одма за меше се фаќам