И мене толку ми го измериа во 34 недела .. и секогаш ми беа точни мерките дури и во 40 недела кога влегов ми рекоа дека бебето ми е 3500 плис минус 100 гр.. пред да се породам кога ме ставиа на ехо на клиника ми рекоа бебенцето ќе се роди со 3450 гр и навистина беше така.. синко се роди толку... и баш ме изненади што погодиа бидејќи имам слушано од мн трудници дека мерките никогаш не биле точни.. кај мене ете спротивно е .. точни беа...
Чај од камилица дозволено ли е? Јас денеска не сум баш најдобро лошо ми е скоро цел ден не можам ништо да јадам.
Мешки како сте, се оладивте малку со дождот? Јас денес бев на контрола 32+1. Бебе пораснало 2044г. Цервикс 32мм. Малку закривен па може и некој милиметар повеќе да е. Постелка ок, протоци добри. Ве поздравувам, убаво изнаспијте се вечерва од утре пак горештини)
Те цитирам дека сме со иста мерка и мене истото ми го кажа др дека е закривено не може да се измери така да може и повеќе од 32 мм да е. Денес супер на преглед, прво го виде бебето др , одлично се во ред,постелка добра,вода во нормална количина. Е сега она денес ми вика бебето е 940грама (завчера кај матичната беше 780г) и со тоа било една недела понапредно. Дали ова што е понапредно значи дека порано може да се роди? Мислам без да надмине термин,не предвремено? Поставено било карлично што во мојава ситуација ни одговара за да не притиска со главчето на цервикс, рече ќе се сврти до крај. Задоволна е од цервиксот,го пипна и со прст тврдо,како што треба да е сега,фанелинг нема. Продолжувам со иста терапија,препораки околу движење не ми даде но јас ќе си се припазувам и понатака. За 3 недели на контрола. Следна сабота ќе одам во Синлаб за скриен шеќер, земав упат од матичен на него пишува: Глукоза толеранс тест, дали е тоа тоа? До кога пиевте Фемибион/Пре мама? Веќе почнуваат преку глава да ми доаѓаат, снашката ништо не пиеше освен фолна па супер е малото Во која недела се прават последните брисеви? Ајде веќе доста е со контроли,испитувања
Да тоа е тестот за скриен шеќер, килажата моментална не значи ништо, тоа расте на моменти побрзо па малку стагнира па пак расте, до крај ке си биде таман. За витамините со претходната бременост ги пиев до крај, па и после пораѓај еден период. Убаво ми беше со нив, имав повеќе енергија. И сега планирам исто. Секој организам е различен ке видиш сама по себе како ке имаш потреба од витамини. Последни брисеви ми кажаа во 35-36 недела.
Нема врска мерките,ќе си искочи кога ќе сака ретко бебињата се раѓаат и на предвидениот термин Витамини според мене најубаво до крај,а и после ако доиш ќе помагаат доста. Септември ти кажала веќе брисевите се околу 35-36 недела. А јас да прашам дали и претходните 4 брисеви ги повторивте на крај? Јас др недела ќе ги правам па не знам дали и плус нив или само едниот
Мајки ептен се испаничив, идам во wc и гледам на тоалет како мноогу бледо розево, инаку 9та недела сум, стварно незнам што е работата
Дали си сигурна дека доаѓа од внатрешноста на вагината? Под итно земај огледалце и разгледај да не имаш некаква повреда/гребаница надворешно или да не се хемороиди во прашање?
Majcicki kazete so shto da go mackam stomakot?25ta nedela sum a stomakot mi e zategnat i so strii mi se cini sekoj moment ke pukne.Inaku kozhata mi e suva pa nesto da se ublazi situacijata?
Јас ставам обично кокосово масло од Стокомак. Понекогаш кога е многу сув додавам и бекутан хидратантна крема или млеко за тело
Добро утро мешиња. Јас цела ноќ дежурам. Доста отепана цел ден, ноќеска и дијареа ме фати. 3 пати отидов но со револуции во стомак. И бебе слабо ја осеќам па ќе одам денес наместо понеделник на матичен. Аман веќе до 36 да стигнеме со бебушки и малку да здивнеме. @koritsaki како си со стомакот? И јас пченка варена јадев вчера ама тазе варена?!? @Septemvri бебушка твоја машала пораснала доста. Баш денес да видам до кај е моето црвче од бебе. Слабо јадам а многу се движам со работи по дома и тоа е. И уште пониско ја осеќам. Позз па убав ден на сите
Добро утро и тебе ли те фати дијареа јас добра сум , два пати имав многу течна столица и толку.. од вчера сабајлето па до сега немам ништо. Пченки веќе не јадам , здравје догодина освен тоа, од вчера поручек почна да ме боли од десна страна во близина на папокот. Си се тешам дека стомакот расте па од ширење на мускулите е, значи не болка остра туку некоја непријатност чувствував. И сега гледам исто е ама помалку од вчера. Дали вчера дека не седнав воопшто се на нозе бев од како бев станала.. и јас сум денес на преглед баш ќе пишам што како
Здраво Лејди, Јас ги пиев до средина на 4ти па ги сменив со фемибион без јод (поради тироидната). Цената им е околу 890 ден. Ако не се лажам составени се од 12 витамини и 12 минерали. Се пијат со малку вода, јас обично ги пиев на сабајле веднаш после доручек. Со среќа. Која недела си ти?
Milo mi e sto se e Ok, bas me interesira zosto mene do sega ne mi kazale kolku grama e bebeto...na eho go merat neli? Vo ponedelnik sum na kontrola pa bas da pobaram info za ova
Здраво се придружив во темава пред 3 дена тогаш бев на гинеколог и дознав дека ќе имам бебуш, веќе сум 6та недела сакам да прашам дали е нормално да имам благи болки и како пецкања во долниот дел на стомакот?