@koritsaki зошто да припазиш со течности? Нели вода препорачуваат колку што се може повеќе. Е сега тоа може да се однесува на сокови,нечини ради шеќерите што ги содржи. вистина блазеси им,јас 8месеци издржав сега последен месец ми се чини не врви ама баш ич. Инаку џабе нервози,занимавај се со детенцето на позитивен начин и тоа е. Ќе издржиш. Некогаш поради вакви ситуации си викам сепак имало и предности големата разлика во години меѓу децата.
јас колку што знам 2 брисеви се прават. Кај мене така е,сега на 17ти ќе ми биде вториот пат и толку. во првата бременост ставав млеко бекутан масло бекутан и онаа витаминска крема големо пакување. Мачкав од 4ти месец секој ден до крај по 2 пати во денот. Сега ама ич немам време нити па ми текнува,заборавам.
На секој преглед мерат тежина,со тоа што го мерат стомачето и така одредуваат мерка. Докторката во Систина ми кажа и должина- околу 30см. А матичната ми викаше должина не може да се измери зошто е свиткано бебето
Труднички и веќе породени феминки ќе ве замолам за искуство. Моја блиска личност е во 37 недела. Плодот од почетокот беше надоле со ноџињата за во 35 недела да се намести со главчето долу, сега пак на цтг и кажале дека е со ноџињата долу. Има ли време да се сврти пак плодот со главчето надолу и кога се случило тоа, дали може со некои вежби да помогне, има ли шанси за пророден пораѓај и слично. Знам имаше феминки со таков случај па пишете искуства и знаења па ќе читаме заедно со другарката. Поздравче
@S.J.Parker од ГАК на другарка и кажаа да спие на лева страна за да се сврти бебето. Колку тоа помогна не знам,ама за породување беше свртено
Поздрав мешиња Ја почнавме 25 недела. Бебе клоца на сите страни лудува, важно на контрола се беше во ред. Малку ме испаничи др на резултатите од мокрача пишеше бактерии и нитрити па итно носев за уринокултура. 3 дена се нервирав за џабе, резултатите чисти. Крвта супер, железото исто, конечно се смирив. Ме прати за скриен шеќер ама се мислам дали воопшто да одам. Минатата бременост џабе седев 2 сати, на крај го повратив то и ништо од резултатите. Ќе видам до следна контрола ќе одлучам. Маж вика шо се замараш знајш дека не издржа минатиот пат. Жешково искрено малку го осеќам. На работа ми е пријатно, до дома имам буквално 2 чекори, излегуваме после 7 покрај езеро ќе дувне ветер и така. Засега убо се држиме. Одмор нема годинава. Се потрошивме со патувањето колку за 5 одмори. Плус бременоста, не се нафаќам никаде да одам. А и овде на плажа слабо одиме, така шо не ми е криво. Ај да поработам уште малку. Ве поздравувам
Нитритите немаат врска со уринокултуата, само бактериите. Јас од присуство на нитрити во урина завршив со висока тт, треска, на крај воспаление на горен уринарен тракт и антибиотик. Треба барем уролог/ интернист да ги види види резултатите.
Се беше негативно, само кај нитрити + и бактерии: доста. На уринокултурата немаше ништо. И друг пат ми пишело доста бактерии па не покажало ништо на дополнителното. Сеа ме замисли.
За првата бременост ме советуваа да стојам минимум 5 минути на сите 4 екстремитети на кревет (поточно на колена и шаки), пред и по спиење ако бебушот се сврти наопаку. Иако мојата бебебушка цело време беше со главчето надолу, јас сепак цел 9-ти месец ја практикував оваа поза, бидејќи некако и со кичмата ми помагаше.
Веќе стигнавме до 5 месец, прочитав на фб во една група, мајки споделуваат дека мрдањето на бебето го почувствувале во 4 месец, нели е тоа многу рано? И сакав да прашам дали смеам да јадам аронија?
^ Јас ги чувствувам моите уште од 16 недела. Сега сме 18+, и тоа како ги чувствувам. Незнам дали има врска дека се две па потесно им е... Пред два дена на контрола докторот ми кажа дека се тие. Нежна си, слаба, нема масни наслаги, нормално е од толку рано да си почнала. Макар што сега веќе е очекувано. Се е индивидуално, кај некои порано, кај некои покасно.
За бактерии и кај мене пишува често доста, затоа се прави уринокултура, да покаже дали се патогени. Си направила и во ред е, нека не те мисли тоа. Јас не направив и поштено си одлежав дома со силни болки. Пробај иако нема ништо, пиј многу вода и повтори резултат за некое време. Кај мене се активираше после пораѓај, легнав во постела неколку дена.
Добар ден мешиња и од мене денес 25+3 бев на преглед кај гинекологот , беба е супер , додека ме прегледуваше на ехо докторот преташе , клоцаше сега има тежина 965+- грама Го прашав за болката до папокот , ми рече таму и е задникот на бебка и се тегне и затоа и ме боли Се е во ред инаку , го прашав за цервиксот дали е во ред од тогаш што ми го мереа на вториот скрининг , ми рече супер е , ама нареден пат тој ќе ми го измери наредно сум на преглед за две недели на 26ти. Ми даде да испитам скриен шеќер , ме праша дали сум проверувала во првата бременост. Му реков не , тогаш тоа не го испитуваа.. ќе испитам , што да правам. Потоа го прашавме дали ќе може да разгледаме како е во клиниката , се јави на една сестра и рече може да отидеме (клиниката му се наоѓа спроти ординацијата). Кога влегов таму каде што раѓаат ме фати еден страв собите беа супер , се ок , само се добро да помине здравје..
Види го прикачениот фајл 511511 Da prasam dali nekoj imal iskustvo so kapkive( kupeni se od Srbija no I kaj nas Ima slicni na galafarm cinam deka se) vcera iMav strasna zabobolka i staviv na zabot, pa sega se pleasant da ne sum naprvilannekoja belja, trudna sum 33 nedela... Sekoj komentar iskuatvo mislenje Ve molam spodelete go.
За трудници не се дефинитивно, ни жалфија а ни нане не се препорачува во бременост, особено што овде сигурно се концентрати, ама од еднаш нема штета, поштетно е да трпиш болка, во секој случај најштетно е да си со процес на заб, така да среди си го проблемот
Здраво сакам да прашам 5та Нед сум од бременост грип ме фати затнат нос и болки во грлото дали може да користам Оперил капки и TYLOLHOT?
Заборавив погоре да пишам , што значи Placenta grade 0 ? На една од сликите на ехото пишува така па заборавив да прашам што значи
Jas ne bi ti preporacala,citav deka se stetni i kapkite vo bremenost,posebno kaj tebe posho se raboti za rana bremenost.Probaj so caevi,med limon a za nosot jas si pravev caj od kamilica i morska sol i i disev kako inhalacija.Za grloto zemi nekoi luti bomboni.Fisherman's friendmislam bea.. dobri se
@koritsaki 0 степен на зрелост на плацентата. Така и треба, до крај ќе стигни 3 степен. @Starlič аронијата е многу корисна. Јас секое утро јадам на гладно по дестина зрна.