За грло само пантенол, безбедни се за трудници И мене ме фати настинка во 6/7 недела, ама со чаеви, супи, течности помина Е сега ако имаш температура над 38 само парацетамол смее Поздрав!
Феминки чувствувам некои чудни болки во кичмата не можам ни лево ни на десно да лежам што ли болки ќе се овие?34+4 недела сум...
Леле и ти ли си термин 12.08 Рано е за да се породилни. Да кажат поискусните дали се такви породилните?
Поздрав. ХЕЛП Девојки Дури сега стигнав да пишам. Бев на контрола и матичниот ме шокира. 32 недела по циклус, бебе касни недела и пол скоро 2, ( а цело време е малку поназад) , но мешето касни 2,5 недели и одговара за 29+5. Килажа за десет дена само 80 грама. За утре ме прати во Плодност да испитам д димери и доплер. Ептен се загрижив. А и мојот мешко бил мал за месеците. Ве молам кажете дали димери се испитуваат на гладно или јадени. И некоја со со слично искуство!?? Знам дека мешето знае да биде помало, внука ми така ја водеа до крај и ете ја здрава права. Но оваа стагнација во килажата ме загрижува. Инаку плодова вода супер, постелка супер, поставеност и активност на плодот супер. Ќе шизнам. ..
Да и јас сум 12.08 а и да прашам дали има некоја со конизација ...јас имам правено конизација пред 2 години, а матичнава ми вели можно е царски да се пораѓаш заради конизацијата..не сакам царски да се пораѓам
Нема врска јадењето со димерите, можеш и да си и да не си јадена. Јас како паталец да те прашам, дали матичната ти мерела грло и дали е се ок, бидејќи имаш правено конизација?
Да секој преглед го мери последно беше 36мм а и од првиот ден ставам утрогестан од 200 сабајле и навечер до 36 недела рече да ставам.. не знам зошто мисли дека царски ќе се пораѓам
Тоа не знам ,да ти каже некоја трудница што била со конизација. За грлото ти пишав бидејќи јас сум со скратено грло а немам конизација,до сега 4ца доктори ме гледале и прашуваат дали имам правено бидејќи од тоа се кратело. Како и да е следи го.
Пиши горе во пребарувачот конизација, ке најдеш така искуства. Извинете вака што си улетувам, не ми се спие па чепкам по темиве Мислам @stevemila имаше правено и поради тоа беше царски. Ако е активна да сподели искуство.
Малку оф гледам во тест за бременост па во труднички мариз последно мислење па тргнав да честитам шала настрана нешто лек за несоница деца спијат место да користам само рефреширам почетна од форумов и сабајле
Немам фб во моб, избришав.. и немам кај да врткам, па тука А со меше (можеби), ке бидам за едно 3,4,5год Ми се враќа желбата за 3то пак
Јас чекам да си оди (желбата) мм пак ме бодри кај две и три, ахам да, нека бега желбата инаку бардовци не ми бега ај за едно 3,4,5год може и јас да се убедам
мила за димери не мора гладна да си... за останатиот дел ќе ти кажам и кај мене доцнат со меше 10 ина дена, со килажата исто сега почнаа да помалку качуваат, но докторката воопшто не беше загрижена зошто и протоци и плацента се во ред ... уште мн пред ова ме предупреди дека знае да се случи вака за да не се исплашам... не растат секогаш исто во секоја фаза, има денови кога им се развиваат пр.мозоче и се е фокусирано на тој дел... за килажата исто зависи колку место ќе има толку ќе качува... не се плаши не мора да е нешто страшно, ќе виделе по ехото по протоците ... ќе си напредува повторно, испитај ете тоа што ти рекле и раат ќе си...пуштам среќа што побрзо да си дојде се на свое место
@Софија 88 @Sofi.ja ви благодарам. Свесна сум дека различно растат бебињата, плус од почетокот го водат како ситно бебе, но пак ќе речам оваа стагнација ме плаши да не треба предвремено породување а многу е малечко. Денес ќе видиме.
Не се плаши, можно е да го измери и погрешно. И моето е помало од почеток, а на последната контрола минус 2 дена беше од неделата јас што си ја сметам. Д димери и хемостаза не мора на гладно, можи во било кое време од денот. И во Плодност испитуваат да знаеш. Јас таму ги проверувам секој месец, еднаш испитав на државна болница во Битола и ненормални резултати ми излегоа. Се испаничив, матичниот ми кажа дека и на други пациенти му испаднале многу високи, а на приватно нормални резултати. И од тогаш само во Плодност ги проверувам.
Само што се вратив од Плодност. леле ќе не побудалат докториве. Др Марија ме гледаше 45 мин. бебе вчера на матичен 1450, денес 1800+/-260 гр. супер си е се. Доплерот одличен, протокот низ трите крвни сада до папочна врвка супер, дотокот до мозоче, рбет, меше и срце, супер. Дури и Димери не испитавме. Вели е малку поситно, но женско е плус на мама било. Мојот стомак бил помал за неделите, ама немало врска,плус бременоста ја почнав со ептен слаб вовлечен стомак. Сите мерки си одговараат за неделата само мешето е помало 5-6 дена а не 2 недели како што ми рекоа вчера. Др вели за мене не е битна килажата, кога гледам здраво и жилаво бебе. и активноста била показател за нормално бебе, а мене ме растури од мавање. Цервикс одличен, стегнат ќе тераме до термин... Ова малку поопширно опишав за да имаат трудниците што да читаат кога се загрижени како мене. Инаку фала на подршка, што ќе правам без вас.