Za da ne ti se padne TV ili sto i da davaat sega na prvorodenoto vo novata god. Mala shala nije na odmetu. Ne se sekiraj i ne mu ja misli mnogu....ako imash bolki ic ne ni cekaj do ponedelnik, a ako se e ok togash strplivo cekaj si. Tie referenci se jacina na kontrakcii. Ako ti e sumljivi nosi gi kaj maticnata da ti objasni podobro. Sepak nema mesto za panika. Jas odev 3 pati na CTG pred da m zakazat piroduvanje so maliov isto vo razmak od nekolku dena, a bev pri kraj na 38 g.n. Ona shto e bitno e da prashash dali postelkata e zrela i dali ima dovolno plodova voda....a kontrakciite kje gi osetish i samata. So lesno.
^не ме демотивирај, денес пред преглед пуштив 2 пликоа хахаххаах Инаку она ми е матична, пред недела дена на редовно ехо се ми рече дека е ок со постелката и водата. Ама ова за цтгто баш ме збуни. Инаку најверојатно така и ќе биде....ако е се ок и не осеќам болки стрпливо ќе чекам до понеделник....ако не во петок ќе отидам.
A i kaza li na maticnata za plikoata.....moze namerno te sabotira Shtom se e ok so voda i postelka cekaj bolki. A te proveri dali si otvorena, mislam na vaginalen pregled?
Пред 12 дена ми зема брисеви и тогаш ја гледаше постелката и водата. А денес само ЦТГ. Не проверуваше пак за вода,постелка и дали сум отворена.
Snow не се грижи. Мојата едвај ја разбудивме за ЦТГ, како се имаше успано... И тоа и се откуцаите на срценцето и ти се супер вредности. Во петок ќе ти мери пак плодова вода и ќе ти ја гледа постелката, а вагинално не те прегледала зошто немаш болки. Не ги раѓаме пред 1-ви, не се грижи.
Здраво феминки, Еве јас вчера бев на контрола и го видов бебето и све позбунета сум кога одам на контрола минатиот пат според големината на плодот излезе друг датум и недела а вчера излезе дека сум 14+2 недели а со менструација би требало 16 недела а тоа вика докторот ниако зашто имав нередовна менструација. Е сега од вчера една недела понапред излезе дека сум од минатиот пат.Целосно се збунив појма немам веќе и сама не знам што да помислам и терминот нон стоп го менува. Важно бебето беше супер пораснал мрдаше а никако не дозволуваше да го гледаме полот, се инаетеше хехе Да ве прашам дали и за оваа недела важи тоа боледување за трудници зашто еве од оваа недела јас сум на работа и ми викат дека нема известување од владата дека е продолжено. Поздрав до сите,
Сноу,не се нервирај мила, Тие референци кои ги наведуваш се отчукувањата на срцето на бебето и се сосема во ред,бидејќи бебињата имаат повеќе отчукувања во минута од возрасните. Тоа што те вика на повторно цтг е бидејќи ти се ближи терминот за пороѓај и според мене подобро е да одиш,тоа е чисто рутински преглед. Се најубаво
Леле Абе некој да ми кажуваше оти мајка може да го рече ова за свое дете немаше да верувам. И тоа за дете до 2 години ( клето?!; нон стоп уста отворена и да се зјае?!). Жено ти сигурна ли си дека твоето дете нема некои компликации и после 2рата година,судејќи според твоево размислување? Ниедно бебе не може да биде клето,има само мајки кои не знаат да се справат со фактот што тоа е мало бебе, не разбира како возрасен човек, си има посебни потреби и желби; а со тоа што не можат да се справат и мајката и детето се нервозни! Бебињата не се плишани мечиња кои можеш да ги ставиш во витрина и да ти личат цел ден. Со бебето идат илјада проблеми; тоа не го прави бебето клето туку најнормално бебе. 90% од бебињата тешко заспиваат,нервозни се, често плачат, многу ретки се оние мирните кои си спијат. Пред да направите бебе треба да ги согледате одговорностите и тешкотиите кои идат заедно со бебето, ова ваше размислување (па уште ако понатаму и му го кажувате тоа на детето,како што сум слушнала некои несовесни мајки да кажат такви зборови:"ти си лошо дете","види како ова дете е мирно и добро,а ти не си","за ништо не те бива освен за кенкање"..) тоа само ќе го искомплексира детето дека нешто не е во ред со него,а и самото нема да знае што,затоа што ќе се однесува најнормално за неговата возраст.
Здраво мамички. Ние само да ве поздравиме, и да ви кажеме дека сме сега скроз спремни! Се‘ ни е наместено, торби спакувани, чекаме само синко да добие желба да се помести утре сме на контрола кај матичниот, па ќе видиме што ќе ни каже. Сноу, тебе те враќаат за петок-понеделник, јас сум со термин пред тебе уште не ме ни пратиле на ЦТГ, ниту пак ми дадоа упат, ниту да направам контрола на клиника! Значи секој доктор си прави различно!
Мешковци како ми сте?! Ние сме супер ненаспани, легнуваме со болки се разбудуваме со уште поголеми и така секој ден. На бебуш изгледа му е многу тесно само салта прави, се тегни веќе не се трпи како претходно малку и непријатно ми е секое негово поместување. В недела сме на контрола на болница па ќе видиме до каде сме што ќе каже докторот. Се надевам ќе биде за брзо зошто јас навистина неможам повеќе. Последниов месец видов мака колку што немав сите предходни месеци заедно
Здраво и од нас..Ние сме веќе дома си уживаме ..па сакав само да ве поздравам и да се одјавам од темава...Се читаме во темите за Бебе.. иии Честитки за новите мами, а на старите им посакувам што побрзо да се олеснат ..
Сочуствувам...знам дека понатаму што следи е далеку помачно во споредба со ова сега, ама како што викаш сите тегоби од бременост во последниов месец ми се собраа
Добра вечер...денес цел ден го собрав студот за цела зима, проверував крвна група,РХ фактор,Д-димери и уште некои дополнителни тестови,па студот до некаде се исплати, се е во ред со овие испитувања. Впонеделник здравје,одиме на 3д ехо и едвај чекаме да видиме до каде е бебчето Задоволни од овој ден, како и да е. Повелете на топол чај,драги мои..
Добра ви вечер мамички Да ви кажам јас дури сега се смирив Бевме во државна на 4 Д ехо, бебушко расте се е ок, само ми рече дека главата му била големка Па кога ме праша за килажата, а јас и претходно си бев подебела што не ми рече, од внимавај што јадиш, не пиј витамини само калциум, Д капки и омега 3 Какво искуство имате со витамини Гледаше на комп си ќутеше, прашавме дали е во ред само рече да и откако излеговме го читавме извештајот Слика не ни даде уште ни рече дека слика давале само за недај боже и јас и мм врата веднаш фативме Здравје ама за друго дете не би пошла на државна. Навистина има разлика во цена,па и не работат за бадијала но сепак докториве треба да научат со кој тон да зборуваат се заборавив со пишување ама уште ме држи паниката
Добро утро на сите мене душава ми спие...ама горчините и киселините ме убија, огин во грлово мислам дека имам. И неможам око да склопам, станав сега малку...пиев кисела вода, па ваљда ќе се подсмират....па попосле кога ќе ми се приспие ќе си легнам.
Пак поминавме одлично во државна на втор скрининг. Докторката мери, си кажува што му е меше, што му е главче, ноџиња, а јас и маж ми се топиме од радост. Е додуша не даваат слика од 4 д тука ама што е тоа битно кога ќе ти речат дека се е супер ти доаѓа да полеташ. Многу сме среќни што се е во ред, бебчето нормално си напредува, добро си е поставено, ова е трета докторка што ми кажува дека имам убава бременост и дека се си е во граници на нормалата, го молам Господ така и да си остане. Се чувствувам витална, можам да пешачам и 20 километри ама скопскиот воздух ме парализира да седам дома, ептен е загаден, ми се чини дека градите ќе ми се распарчат. Кога имам неодложна потреба да излезам обавезно си носам маска, да се облечам целата во црвено гарант малите деца ќе викаат по мене: еве го спајдермен Ви кажав ли, носам девојче
Што убаво што си читам некои си се породиле Кога ќе слушнам здраво-живо бебе,среќна мајка и лесно породување се радувам како за себе.. можеби делумно затоа што и мене наскоро породување ме чека па ме орасположува и смирува кога читам за позитивни искуства Како и да е,честитки за сите од темава кои си се веќе со бебенце во рацете Мене нешто ме мачи.. не знам како и со што смеам а со што не смеам да се депилирам во бременост Видов има посебна тема и таму ќе пишам,ама тука ми е некако најсигурно за мислења, многу е активна темава и има муабетливи трудници. Со што се депилирате вие? Не можам никако да се решам да одам на депилација со топол восок кај мојата козметичарка, што знам,долго време одев,ама ете и по толку долго депилирање пак тешко ја поднесував болката а тек па сега кога ми е најосетлива кожата.. уфф самата помисла ме застрашува. Во темава за депилација читав повеќето со брич се средувале во бременост,најхигиенски било,ама јас па од бричот со недели имам воспаление и црвенило,и се чешам како ненормална,така да и таа опција не ми е баш омилена.. Крема да ставаш (на препони а и општо)е штетно, еднаш од крема добив јака инфекција од која можело да настане ХПВ,едвај се оттарасав од нејзе.. и сега очајувам драги мои Единствено некако најсигурна ми се чини онаа медицинската крема од Афродита со камилица во аптека ја имало.. ама никогаш ја немам користено,па давајте мислења??? Си купив и ленти за депилација и восок за една употреба ама не знам сама дали ќе можам да потегнам од болка.. помагајте
Истиот проблем и јас го имам. Веќе се збогував со мирниот сон. Не знам зошто но не е веќе возможно да спијам свртена на десна страна. Секогаш кога ќе се свртам на десно јас имам СТРАШНИ киселини во желудникот, ако ме фати сон се будам со кеселина во грлото. Лошо, многу лошо.. Кај мене веќе ниту кисела вода не помага, проблемот почнува само кога лежам на десна страна. Зошто така? На грб нели не смее да се лежи/спие, за не дај Боже да не се замотала папочната врвца околу вратот на бебето. Точно ли е тоа? На лева страна ако спијам подолго време ми се утрнуваат и рака и нога. Кошмар, спиењето ми е кошмар.
^ма никако веќе не можам да се вртам, на грб не смеело - па мм ми нон стоп ноќе кога ќе ме види ме бутка ми вика на грб си. на десна страна бебево се лути и немирно е, на лева страна мене ми е незгодно...па неможам цело ноќ една положба
уф уф гледам дека и некои други имат проблем со киселините и јас сум истата ме горат а единствен спас ми е само една чаша ладно млеко и веднаш се повлекуват па пробајте кој има проблеми можи ке ви помогне и вас