Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @Presrekna истото сакав да ти го кажам. Ќерката исто имаше помал раст цело време (јас имав и покасна овулација) а едно време исто мешето ѝ доцнеше. На крај нема врска. Колку е поголемо бебето (подоцнежна бременост) многу е потешко да се измери точно.

    Имаше еден пост во женски домаќински муабети каде што една мајка требаше да се прооди во 37 недела па беше уплашена дали бебето ќе ѝ е доволно големо и праша за искуства - многу жени имаа пишано и према тоа сфатив колку генетиката игра улога во растот на бебињата. Имаше здрави прави бебиња во иста недела родени од 2500 грама до 4500 грама.

    Не велам дека не треба да се грижиме ако постои некаков сомнеж - супер си направила што си направила и доплер, затоа што постои и голема можност протокот да е нарушен заради одредена тромбофилна состојба па затоа да не напредува бебето. Но муабетот ми е да не се паничиме одма, да гледаме да сме смирени. Никој не ни ги враќа нервите што сме ги потрошиле (најчесто за џабе).

    @koritsaki постелка степен 0 значи дека немаш никакви калцификати. Супер е тоа. Има табела на нет во која недела колку треба да е отприлика степенот на зрелост. Како што ќе стигаш до крајот степенот ќе расте, постелката ќе зрее (ќе ѝ "откажува" функционалноста) и телото ќе се подготвува за породување.

    Инаку како е мешиња? Јас во понеделник сум на преглед кај новата докторка. Се радувам и се надевам дека тоа што ја сменив старата ќе биде стварно добра одлука. Иако сум од денес веќе 29 недела и тоа го правам на "сам крај". Ама сакам последниве месеци да ми се "релаксирани" и да избегнам крути и никакви нечовечни муабети баш кога и прегледите ќе се зачестени.

    Бебо не го осеќам деновиве премногу... Ама сепак мрда. Не го осеќам дека мава многу силно како претходно, ама баш во апликацијата ми се појави текст дека тоа е тоа што би требала да го очекувам - сѐ повеќе нема место и не може веќе да прави акробации како претходно. Ама дека сега ќе почне да се тегне, па повеќе ќе биде испакнување на стомакот отколку баш удари. На тоа се сеќавам од првиот пат. :)))
    Времето пак жешко, ама не како претходно. Малце залади и одма се живее. Проблемот ми е што сум многу напната на работа, баш ми остана уште малце, ама во ова малце некако ко сѐ да се случува, сѐ е итно, сѐ е хаос... И многу сум некако така под стрес. А и дома кога сум - леле сѐ ми стана потешко - од лежење, спиење, место не ме фаќа, никоја позиција не ми е комотна. Спијам како мумија и најчесто станувам укочена. Имам некои глупави болки во стомакот веќе 3 дена ама сфаќам дека се тоа цревата затоа што некако сѐ ми е нарушено. И ко да ми се оди во вц ама не можам да одам. Хормони и апчиња за железо. Тоа е.

    Се мислам да одам до центар со Мачорка сега, ама уште не сум сигурна какво е надвор и дали е погодно за шетање. Ве поздравувам најмногу! Галете мешиња - колку и да сме нестрпливи на крај ќе ни фалат ..
     
    На duffi, Andonia, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали имате искуство со Ливринова на ГАК?
    Бев кај неа на преглед, фина ми стои ама ме премискува фактот што не ги ни погледна претходните резултати туку само праша што ти кажаа други доктори и само се согласи со нив.
    Од друга страна ми рече дојди да се договориме за пораѓај - а јас напоменав дека сакам природно да си тече процесот. Некоја нова пракса е сите со провокации да ги пораѓаат?
     
  3. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.856
    Пол:
    Женски
    Мила јас нешто се мислам за кај неа за на царски затоа што имам миом на цервикс и морам царски.Мислењата за неа е позитивно,но еве некој кои имал искуство кај неа нека ни сподели.Секое добро
     
    На NEA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Здраво женски :)

    Сакав да прашам од кој месец започнавте со мачкање на мешето против стрии?

    Иначе сме 12+3 направивме скрининг и приска се беше во ред.. :) како оди кај вас?
    Следно што се прави пап и микробиолошки?

    Со лесно на сите мешиња :hug::inlove:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.435
    И мене истово ме интересира.
    Исто така дали може да се користи овај гел против стрии за трудници @Biodevojka многу го испофали.

    IMG_1808.JPG
     
    На koritsaki и Miss.N им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    108.653
    Пол:
    Женски
    Добро вечер труднички и од мене :inlove:
    Фала ви за одговорите , за 25+4 е одлично :) сега уште цервикс да ми ѕирне нареден пат :lol: го мразам тој преглед од доле ама тоа е , мора..за две недели решив да одам да ми земат крв , па и таа течноста ќе ја пијам , ќе заглавам 2 саата таму во лабораторијата :whew:
    како сте вие денес ,ние бевме на свадба , па се вративме пред 2 саата. Денеска цел ден ме боли левата нога , кај зглобот доле поточно , одвај стоев. Вчера носев неудобни папучи (од тие рамните високи) :x повеќе не ги носам , поарно со апостолки ќе одам на работа.
    Да се пофалам денес купивме креветче за беба , и комода со 6 големи фиоки за нејзините алиштенца , ама во кутија се го чекам свекор ми да ги состави. Обавезно ќе ги сликнам кога ќе ги наместиме. Сега останаа уште транспортер за автомобил 0+ (и тоа ќе видам дали ќе купам зошто имам едно за од 0 до 36 месеци па ако се спушта и како за новороденче , супер ). Креми , шампони , пелени нешто од ова ќе купам од ДМ :lol:
    Сега го чекам мм да дојде да порачам некој хамбургер , тоа ми се пријаде :rofl: имајте убава вечер :inlove:
     
    На warrior, Andonia, Lorins и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Супер, мило ми е што се е во ред. Без потреба докторите дигаат паника. Сигурно се преплаши.
    Те :hug:
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.153
    Допаѓања:
    137.239
    Пол:
    Женски
    Стриите се генетски и зависат од типот на кожа. Со шо сакате мачкајте може само ептен мааалку да го успорите нивното ширење, дека ќе спречите појава на стрии - тешко.
     
    На crazylady, Sexybaby86 и Miss.N им се допаѓа ова.
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.418
    Допаѓања:
    18.659
    Женска јас меше почнав некаде од кај 10та недела да мачкам,а поинтензивно од 16та. Го приметував ми се сушеше,како лушпи се правеа,претпоставувам тогаш расте и веднаш мачкав масло.
    Брисеви сега во 12та требало да ти земе, пап ако имаш од скоро нема потреба, јас имав од ноември па ми рече не мора,тазе е.
    Јас следна сабота ќе одам за скриен шеќер и искрено се плашам од течноста:whew:
    Многу кажуваат дека ја повратиле, не би сакала пак да ми се врати повраќањето:worried: ама кога се мора ќе го направиме.
    Ти убаво си се опреми за бебушка, јас почнав прво облека да барам и најдов само капчиња и ќебенце:D
    Се мислам да не е рано за количка и креветче,или подобро на време да се спремиме?

    Јас пак се предозирав со овошје денес(facepalm)
    Прво сабајле 2 праски,после некое време бурек и јогурт.
    Дојдов кај мајка, ајде тазе петровки и кајсии, не ни броев колку изедов . За ручек пинџур со тазе леб мислам ќе ми пукнеше стомакот. Дремнав малце,станав снашка сечела диња-ај да не ја вратам.
    Доаѓа татко ми носи 3 гајби праски, од сите три пробав(facepalm)
    Зошто не знам за доста кога е овошје во прашање:D
     
    На Andonia, Sexybaby86, Autumn_ и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Си велам и јас кај да е да почнам веќе си расти :)

    Иначе со овошјево еве сум и јас :)) еден период само цреши сеа лубеница праски сливи се шо ке ми дојде :))
     
    На crazylady и koritsaki им се допаѓа ова.
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.085
    Пол:
    Женски
    Драга за трудници најдобро е масло без никаков мирис или етерични масла. Купи си најобично бадемово масло и мачкај го на стомакот и градите двапати дневно наутро и навечер. Не сум фан на производи со етерични масла кога станув збор за трудници (етеричните масла имаат таква структура да иако се ставаат надворешно навлегуваат внатре во организмот и одат во циркулацијата). Инаку во обични ситуации трите кремчиња се бомба јас сеуште ги користам и ептен сум задоволна. Поздравче
     
    На Tiki123456, Kaetana, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.153
    Допаѓања:
    137.239
    Пол:
    Женски
    Проверката на скриен шеќер рутинска е или индикации треба да имаш? Имам проверувано претходно и има некој сличен вкус ко сируп за прочистување шо го даваат пред операција. Тежок е за голтање дека е многу благ.
     
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.418
    Допаѓања:
    18.659
    Рутинско е,дури мислам и задолжително
     
    На Софија 88 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    6.507
    Пол:
    Женски
    Мал совет до оние кои треба да прават испитување за скриен шеќер: Носете со вас некаква мала лажичка со која убаво ќе ја измешате и растворите гликозата пред пиење бидејќи останува на дното и треба да ја гризеш ако ти остане нерастворена или ти ја дополнуваат чашата со вода (дупло пиеш) и е уште погадно!
     
    Последна измена: 7 јули 2019
    На Andonia, Septemvri, Sesil и 3 други им се допаѓа ова.
  15. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам и јас дека сум без контрола кога станува збор за овошје. Како термит, се што ми е во видик експресно го снемува. Волку овошје цел живот немам изедено...
    Туку киселиниве... Гори-пече!
    Јас сакам да стиснам заби да не пијам ништо, вие како се справувате?
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    108.653
    Пол:
    Женски

    Да ти кажам сега нема избор многу на облека - се уште се летните колекции :) додуша имам доста облека од големата ќерка кога станува збор за бенкици , шпихозни :lol: тоа не купувам сега за сега :) количка јас купив втора уште во мај месец кога го дознав до сигурност полот , имам една голема ама во кола не ја собира и затоа морав уште една да земам , а креветчето многу евтино го најдов - обично бело со се душек 170 евра , не се испушташе таа шанса :) (кај нас креветчињата се над 300 евра)
    Кога сакаш можеш да почнеш да си купуваш според мене сега е таман , потоа 8-9 месец да не брзаш :lol:
    А за испитувањето да ти кажам имам правено и пред 10 години поради друга причина - и не ми изгледаше нешто многу гадно , сега една познаничка ми кажа дека ја прават со вкус портокал и јагода :D дали е вистина ќе видиме :D

    @Sesil во првата бременост не го правев ова испитување, а сега ми рече гинекологот дека е задолжително. А немам проблем со шеќерот во крвта , до сега се ми е уредно :)
     
    Последна измена: 7 јули 2019
    На Sexybaby86, Kaetana, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа да испитам иако немам никаква индикација... супер поминав без мака, мене воопшто не ми беше тешка течноста .
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @Sesil јас првиот пат пиев гликоза баш личеше како вода со шеќер растворена. Многу беше грозно, едвај го испив. А вториот пат правев тука, од аптека земав сируп за пиење и вкусот беше преубав - како детско сирупче, како сокче ама преблаго. Подобро за пиење во секој случај. Мислам дека не е задолжително испитувањето, но сѐ почесто го препишуваат за правење, веројатно превентивно.

    @bela.m јас сум на рупурути. Не можам да издржам. Преку ден некако терам, ама за навечер обавезно пијам. Инаку не се спие.
     
    На Yowannty, Presrekna, bela.m и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    13.672
    Пол:
    Женски
    Течноста за испитување на скриен шеќер не е грозна, туку е тешка.
    Блага е многу, како да пиеш шербет.
    Па и на гладно дека, ситуацијата е уште полоша.
    Ама не е нешто грозно, гадно и незнам шо :)
     
    На Мариаа., mimi257 и Yowannty им се допаѓа ова.
  20. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Што смејам да се напијам за да си ја олеснам кашлицата, од сабајле кашлам малку и градите ме дерат од внатре, малку секрет искашлувам. Во аптека не ми дадоа ништо а утре ако отидам кај општата без јак антибиотик нема да излезам, не ја занима ни бременост, ни крвна слика, одма препишува антибиотик и тоа некогаш во две дози. Не можам ни да и верувам на тоа што ќе слушне на слушалки, зашто за да го препише антибиотикот ќе си тресне нешто. Не се осеќам веќе ни омалаксана, синусите ми беа проблемот и сега ми се добри ама веројатно се слеал секретот, сега само болката откако ќе се искашлам ме плаши