Како сте труднички? Мене искрено гликозата ми личеше на шербет со кој се попарува баклава. Плус млака, многу многу слатка, осеќав како цревата ми се слепија тоа утро. Како и да е, не е нешто што не се преживува. Денеска малку поактивна и одма некој глуп исцедок и некоја чудна болка во препони. Бебе два дена беше успано, па вчера ме здроби внатре. Денеска само одвреме навреме се протегнува и мислам ќе ми излезе низ пупак. Од некои само за нејзе разбирливи причини си ја почитува посебно десна страна од внатрешноста на мојот стомак, па скоро цела бременост таму си е вгнездена и таа страна ми е испакната цело време. @Autumn_ пробај со чаеви и супи со повеќе бибер. Мене исто за грло и кашлица ми помага млеко со прегорен шеќер и малку путер внатре.
@Yowannty млекото ќе го направам вечер штом стигнам дома, и супа обавезно. Со чаеви да не ризикувам, не знам што смее. Ти за болката магнезиум и креветче ама за исцедокот не знам. Јас сум мерела пх вредност ама ретко кој доктор го препорачува тоа, иако е многу безбедно и дома можеш да видиш дали има знаци на инфекција
Јас многу често се справувам со глупи исцедоци, поконкретно нарушување на природната пх, бидејќи сите брисеви се ок. По совет н доктор, кога има повеќе ставам 4-5 ваг.видермина слх. Ако им малку 3 ваг.вагисан. и така до следниот исцедок. Така терам од 13 недела до сега. Од нив нема штета, видермината прават само дезинфекција, а вагисанот ја подобруваат вагиналната флора. Можете да пробате и на своја рака, тие не се некој лек и неможат да ви наштетат.
Девојки какви ви се тие глупи исцедоци?Јас си имам,така како проѕирен и е нормален и доста пообилен,ама читав дека е нормално и се штити вагината од бактерии.Иначе шербетот го обожавам и сакав да и побарам уште една чашка на докторката.И осетив ситост не јадев пола ден.Поздравче мили мои
Девојки како некој кој мн често се разболува - топло ви препорачувам да си земете мед со млеч. Мене ме спаси да не се разболувам толку често посебно во бременост.
Млекото е супер, да си напраиш. Мене многу ми помага. И супа со бибер е добра ствар. Сега многу жешко време е за топли напитоци, ама кога се мора не е тешко. Магнезиум редовно земам, по 3 на ден. А исцедок имам цело време. И пред бременост имав долги години иако пап и брисеви ми се секогаш во ред. И сега го имам скоро цело време. Последниов месец ми е водест и проѕирен, а денеска беше малку лигав. Веќе за секоја промена на боја, текстура, мирис.. го замарам докторот и цело време ми повторува дека е нормално, освен ако мириса, чеша, и пецка.. А и ставам вагиналети.... па валда покриена сум доволно со терапија.
Нормален е кога е прозирен или белузлав, без мирис и чешање. Кога ке забележам дека станува жолт и пообилен од вообичаено тогаш ке ставам некоја ваг.за да се среди. Кај мене е вака.
Jas vekje dva dena lezam na klinika, imav bolki i na dezurni koga me pregledaa kazaa deka sum otvorena eden prst i cerviksot uste mi se skratil, sega e 2cm...sum 23nedela i samo miruvam. Denes bolkite malku mi se namalija no mn se plasam...ne znam sto ke se sluci
немој да се плашиш јас бетер бев од тебе, јас во 19та недела имав скратено грло од 14 мм , со фанелинг па ете терам уште... чим мируваш и си под нивен надзор и терапија, немаш потреба од грижи.. зборевте ли за серклаж дали може да ти направат ?... ќе биде се добро ќе видиш, позитивни мисли имај не мисли одма на лошо
Sirklas mi spomnaa no kazaa deka spored prorokol na 23ta nedela ne mozat da mi pravat...sega ne znam sto ke odlucat. Isto i jas so faneling, a koja nedela si ti sega Mn se plasam mnogu ne mozam da se smiram ne znam kako da gledam pozitivno na ova
прават но не секаде и не се нафаќа секој доктор, не е лошо да се консултирате со уште некој доктор... на крај краишта и да не се нафатат да прават креветот нека ти стане најдобар пријател и да си лежиш цело време, движење, наведнување, кревање ни во сон да не ти текнува да правиш, не треба ни да седиш да знаеш притисок така правиш доле... ако си правиш стрес само полошо ќе си направиш, биди релаксирана не смее сега телото да ти се грчи од нервоза и страв...мн жени се со вакви случки па на крај истерале родиле здрави, прави деца... со терапија и лежење фанелингот знае да се затвори да знаеш... со лесно!
Девојки кај мене се појави неговото височество надворешен хемороид(нешто да не ме одмине случајно) и сега се мислам дали да го намачкам со факту маст или....Јадам све разноврсно,редовно по голема нужда,нормална столица.Што да очекувам од хемороитчево?Ич не го сакамммммммКакви се вашите искуства???Ви благодарам
Мила многу ми е жал, најсигурно за тебе е што си во болница, сигурна сум дека докторите знаат што прават, и ке го направат најдоброто за тебе. И јас само можам да ти кажам да останеш смирена колку што можеш, со тоа можеш да си помогнеш сама на себе. Се надевам дека ке се стабилизира се и дека набрзо ке си го фалиш мешето дома.
Друштво како е ? Ве читав деновиве,ама слабо време да пишам. Активно досредивме се за бебе,испеглавме, наредивме уште само да реши да искочи Од утре последна недела од 8ми па возбуда расте,а и ме фаќа паника Иначе јас се шлогирав со гликозата. Бев прегладнета,тој ден беше топло и ми се слоши таму,ги испаничив,ама се преживува
Поздрав мешковци. Ве дочитав сега и да пишам. Денес сабајлево малку повеќе одмарав, попладнево работно. Малку по дома, ручек, средување, а до сега во двор, вадење цвеќе трева ... Важно добри сме со палчица моја. Веќе фати ритам на спиење. Ноќе цело време спие, наутро турбуленции, па од 8-12 ја нема нигде. Потоа пак до ручек дрмање, па спие до 18 и еве ја сега се бунтува. Ако е вака кога ќе се роди супер ќе биде хахаха. @Kaetana фала на советот, знам дека има ситни бебиња, и синко мој 2900 е роден, но ме плашеше истата килажа во 10 дена плус раниот пораѓај што ми го спомнаа ме избезуми. Но среќа грешка во мерењето било. Гликозата јас убаво ја поднесов, не дека уживав, една недела благо не каснав, ама поминува. @Yowannty одмарај, а за исцедокот земај ќефир или матична млеч. И јас денес на нога и сега осеќам стегање на мешко. Еден туш и магнезиум и во кревет. @Мариаа. ти се среди за бебуш блазе ти. Ние молерисавме и исчистивме по дома, уште теписи и завеси да ставам и да ја наместите собата за палчица. Алиштата дел исправ, а дел сега наредниве 2 недели додека не сум влезена во 9 месец. @newyear2015 остани смирена мила, се ќе е во ред. Но побарај и второ мислење. И не мрдај од кревет. Сестра ми со конизација после цин 2 забремени и со минимална должина на цервикс и строго мирување ја роди внуката. @Septemvri како си генерацио? Не те гледам во темата термини. Што носиш машко или женско? @marchi-cool конизација е скратување на цервикс после цин 2 или цин 3 што се испитува при ПАП тест. Поздрав до сите девојки. Чувајте се.
Ах што ми е убаво кога те читам расположена ) јас викендов бев да се одморам до Берово. Н аодмор не одиме па еден викенд направивме во замена за одмор. Се наспав како човек, и денес само што се вративме во Скопје ме мавна топол бран, да ме врати во реалноста иначе не сум пријавена во термини ради лична психа ) од првата бременост, но сега навистина е грев да се пожалам. Имав мали кризи, но за среќа не беа опасни. Машко носам, ке бидам единствена принцеза во фамилија меѓу тројца мажи се надевам за бебе ништо уште не сме спремиле ништо освен една фјокара што ја испразни минатата недела. Имаме една крштевка кај што сме кумови до крај на неделата, па после неа ке почнам да спремам по нешто за наша беба . Имајте убава вечер мешковци, се надевам ке спиеме вечерва.
Само здрави и прави да бидат. Уште еден мамин син, глениче ќе имаш. Убаво сте направиле со одморот. Одмарај и добра ноќ.