Сега за 12900 има понуда на креветче со душек со постелина со се плус подарок добиваш... креветчето што јас го земав е ептен јако.. цврсто со лулање и механизам за спуштање... .. сега продавници имаат во Ѓорче, во Илинден и во Кисела Вода... Еве го креветчето...
После 34 недела, тогаш и белите дробови се спремни за надвор. Иако после 37 кога и рефлексот за цицање е развиен е најдобро, тогаш бебето е зрело за раѓање.
А нели зависи и од тежината на бебето? Еве скоро една братучетка се породи во 8ми месец не знам точна недела со бебе 2700г. Па не го ставиле во инкубатор
Од сите брисеви само за стрептокока б брисот се зима од местото помеѓу анусот и вагината и за него не треба спекулум.
Utre ke mi pravat brisevi i ako se cisti denes mi potvrdija deka ke mi pravat serklaz. Taman se smiriv gledam deka imam kafeav iscedok vo vloskata...dali e mozno da bilo od vaginalniot pregled koj go pravat manualno. Im kazav no rekoa ako se povtori togas mozebi e nesto po seriozno. Dali nekoja od vas imala takvo iskustvo, mozno li e da bide od pregledot koj bolese nenormalno
Некогаш виталноста на бебето и развиеноста на органите е поважно од телесната тежина. Ова важи и за бебиња родени во 9 месец. Повисок Апгар може да има бебе со помала тежина од некое кое тежи 4 кг. Колку е бебето повитално тоа подобро.
Можно е, и мене после преглед, брисеви и сл.ми се случува понекогаш. Мирувај, на толку скратен цервикс и не е пожелно да чепкаат толку освен она што мора да се види
Убаво пишала @Septemvri Многу е битно колку добро е развиено бебето,килажата нема врска. Колку подобар апгар ,толку подобро. Може бебе родено во 37ма да е со подобар апгар од бебе родено во 40 и со поголема килажа.
Баш сподели за Чарли мислење, ги имам на фб и многу ми се убави моделите и на количките и на креветчињата. И практични. Со опција за спуштање ограда, за лулање, со фиоки, со се, па гратис душечиња, постелнини, а баш пристапни цени имаат.
мене по брисеви исто ми протекуваше крв ми рекоа ништо страшно нормално е но тоа не е некоја количина малку е... прати ситуација ако е обилно и трае цел ден или утре кажи им за да реагираат... инаку да премногу и мене ме болеше земањето на брисеви. инаку супер чим се нафатиле, знам дека прават и во подоцнежни недели... пуштам срека да поминеш со лесно и без мака..
Ако си го правела Хармони треба и пол да имате дознаено. Да си ги побараш резултатите и ич да не ти е незгодно. Инаку имам слушнато дека пол не кажувале до покасно иако ги имаат резултатите, демек за да не се одлучи парот за абортус заради таа причина (така ми кажаа едни познаници, што правеа Хармони - дека прво стигаат резултатите за хромозомските испитувања, а подоцна праќаат податок за полот). Лично немам искуство. Витамини пијам од Македонија земени - Pregnazon complete, тие ги пиев и за првата бременост и кога доев, па и сега ги пијам. Има тука едни слични се - ми ги дадоа на промоција, elevit се викаат. Немој да ја креваш малата. Гледај да избегнуваш. Јас ѝ кажав дека не смеам да ја кревам, па и самата не ми бара. Ама брзински ја кревам ако морам за во када да ја ставам, или сл. Избегнувам колку што можам - и оставам тоа на сопругот. Сепак, има околу 16 и пол кила, и не е баш малечка. --- Да ве поздравам. Бев на преглед кај новата дооктрка - задоволна. Многу културна, фина, сѐ ме сослуша, за сѐ направивме муабет, ме прегледа - бебо е ок, си расте. Постелка супер, грлото скоро 6 цм, затворено. Плодова вода има доволно, брис што зема изгледа ок (тука земаат и одма го гледаат - не е типичен брис што го праќаат на испитување). Бебо е околу 1160 грама, главата си останува малце помала ама ништо страпно - си расте пропорционално. Повторно доплер на утерина и лево и десно е со зголемен отпор, ама демек ништо страшно. Ми даде упат да се јавам за 3-4 недели на болница на преглед за запознавање и плус да ми отворат историја за после да ме примат полесно (веќе да имаат податоци за мене). Па таму треба да се јавам. И кај нив на прво ЦТГ на 26 јули (31 недела малку рано некако за цтг, ама ај). За муабетот за жалење - еве јас ќе ви се пожалам. Стомакот ми изгледа ко да сум 34 недела а не 29. Некако сѐ ми е и мене отежнато. Спиење, станување, одам во вц бр.2 околу 4-5 пати на ден, мислам дека хемороидче некое ми се има појавено оти имам крв кога се бришам. Осеќам болки во стомакот што не знам од каде се - дали од матка што се шири, дали од кичма, дали од црева, ... Ми станува тешко да се движам ако не е на рамно, скали и угорница да не правам муабет. Цело време се осеќам уморна. Ко да не можам да се донаспијам. Ми се јаде благо, ми се плаче. Да можам само благо ќе јадам по цел ден. Сѐ што си имам замислено дека треба да правам - да јадам здраво и да одам на фитнес барем на лента да се движам, се претвора во стрв за чоколадо и неможност и неволност да станам од кревет. Ама ќе биде. Мора да биде. Денес кога ми земаа крв, некако ме пецна кога ме боцкаше сестрата, и ми дојде непријатно. И во тој мал момент како да сфатив што сѐ ме чека - раѓање, шиење, инфузии, можеби царски, болки, рана, рани од доење и што не.. а мене игла ме пецнала. Ах. Од една страна знам дека ќе ме фаќаат паники, од друга страна едвај чекам да дојде моментот.
ајде уште некоја недела. Среќно и со лесно. Јас од денес 35та недела,спремив постелнина и ќебиња,вчера крпи бањарки и такви ствари перев,сега барам некое плакарче. Ништо не сум спремна како уште 3 месеци да ќе сум трудна облеката од синко ја најдов од кога сега само да се потегнам да ја исперам. Вчера една комшивка и колешка од на работа ми раскажуваше како поминала на пораѓај, е ама ме исплашила.... Сериозно страв почна да ме фаќа од породувањето. Кај нас после царски не се нафаќале на природно а и анестезиолог немало така да скрос сум во забуна и паника. Којзнае кај ќе ме препраќаат,во кој град. А јас при болница преку улица да одам во друг град благодарам.
со спекулум се зема брис. И мене ми е некако уплав,шубе ама шта да се ради. На 17ти сум на контрола па докторот рече да си носам две епрувети
Добра вечер трудници! Точно така. Синко се роди 37 недела 2900 Апгар 9/10. И на последната контрола Др ми рече не ми е битна килажата битно ми е виталноста на бебето, протоците на доплерот, баш ми рече твоето бебе е ситно ама жилаво. @marchi-cool не слушај други за пораѓај. Секој е приказна за себе. Дури иста мајка има различни бремености и пораѓаи. Не се стресирај и не мисли на лошо. @Kaetana оф леле кој за голем кој од голем стомак. А може болките да ти се од големината на стомакот. Мене Др ми вика мешето ти е како за 6 месец ама поарно, немаш мака од половина , крстот, нозе. Но можеби од првиот пораѓај сум веќе раширена. @newyear2015 ете мила ќе се реши со серклажот опушти се сега. Денес ги извадив крошната и транспортерот од синко, ги исправ, уште креветчето, коритото за капење и преслекување и количката. С од синко ќе користиме се е црвено со плаво или на жолто. Да досуредам овие 2 недели и со самиот влез во 9 одмарам
Добро утро труднички , како сте Јас оваа недела на работа (ја заменувам жената што работи кај нас) , станувам во 5:30 секој ден , на работа мора да сум во 6:15.. денес ок ама вчера одвај станав и цел ден како утепана бев, 4 кафиња имав пиено Барем порано се враќам дома ако не за друго , ајде ќе пројде и неделава Вчера и така легнав рано ама бебево не ме остави да спијам на било која страна да се свртам , растури од клоцање Испакнува рака /нога кога ќе легнам на грб , многу ми е интересно. Другата недела решив да го правам испитувањето со крвта друго нема што да кажам имајте убав ден
Ke ve molam ima li nekoj iskustvo so pseudonomas aurigenus vo mokraca?Ispiv antibiotik za esherikija,sega na drugava urinokultura ova se pojavi